1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.176
    Пол:
    Женски
    Едно маалско маче кое што го хранам од време на време денеска го видов со голема рана во главата.
    Дозволува да му се приближиш но доколку го допрам ме гриза, бега и е диво многу.
    Некој да ми даде совет како би можела да му помогнам?
    Сепак треба таа рана да му се дезинфицира, а немам начин ни како да го однесам на ветеринар.
     
  2. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Шприцни му на раната директно од шише 3 процентен хидроген, одличен е за дезинфекција. Ќе се извади од памет и ќе избега, ама барем ќе завршиш работа. Убаво би било и прашок антибиотик да му се стави
     
    На VoodooGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Стави му 3% хидроген и после банеоцин антибиотик. За брзо ќе му заздраве раната.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Имам четиримесечно маче. Многу кака и мочка. До толку што дури два пати денот морам да му менувам песок. Па и како смрди -не можам да ви опишам - повеќе од на човек.
    За чудо не сака да се гали, ниту сака да го земеш во скут. Ако се обидам да го галам го сфаќа како игра и почнува да ми ја лови раката. Тоа самото некогаш ќе дојде и ќе легне до мене (поретко в скут) и тогаш дозволува да го галам.
    Околу 7-8 часот попладне секогаш го фаќа некое лудило и трча низ дома како будало, без никаква поента. Го имам 2 месеци во кои мачево имаше 3 обиди за самоубиство. Првиот пат мајка ми готвеше на плинското чорба. Него му замириса па 100 пати се обиде да се качи таму. На крај успеа да укради секунда наше невнимание, да се качи и да си го запали ноџето од плинското. Мајка ми со раце го изгасна. Добро е што беше изгорено само крзното, па немаше ништо на кожата. Нареден пат ќе се задавеше. Нели мачките ги поврзуваат секогаш со вуницата и нивните игри со клопче од вуница. Му купив клопче, го стегнав цврсто и убаво за да не може да го одврзе. Оставив малку вуница да виси од клопчето за да му мафкам и тоа да ја брка. Па не знаете како ја тегнеше, влечеше, касаше и гребеше таа вуницата и не се одврза. Се сулавуваше играјќи со неа. Еднаш го слушам мајучи. Го барам каде е и го гледам под трпезариската маса, успеало да ја разврзе вуницата и ја влечело натаму-наваму низ ногарките од масата и столиците се' додека не се затегнала вуницата околу неговото вратче. Буквално се давеше. Веднаш зедов ножици и ја пресеков вуницата.
    Третиот самоубиствен обид е внетилацискиот отвор во купатилото. Тој е затворен со решетка, меѓутоа таа решетката многу лесно се вади. И бидејќи мачето мора да ме придружува кога одам во веце, не можам јас толку брзо да влезам во вецето колку тоа што знае да ми се мушне, па макар и да се наоѓа на најоддалечената точка од станот. Бидејќи вентилацијата ни се наоѓа позади веце шолјата -добро е што го видов навреме. Диво е и е вистинска камиказа. Обожава пикавци. Ги кради од пепељара. Дома ни е како правосмукалка. Трошки немаме никогаш- ги јаде. Брка муви и комарци, ама не успева никогаш да ги фати оти му заминуваат многу високо. Следен голем план што го спрема е да влезе во фрижидерот. Понекогаш лови измислени непријатечиња, има бујна фантазија.
     
    Последна измена: 14 јули 2019
  5. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Каков е тој песок што се мења 2 пати дневно ? Не постои таков на пазарот од специјализираните за мачки. Ако користиш обичен од некое градилиште, тој секако ќе смрди.
    Пробај со силиконски, највеќе трае и воопшто не смрди.
    На таа возраст треба да кака и мочка ама не претерано. Поише од 2 пати какање на ден би препишала на несоодветна исхрана.
    Постојат 2 вида на мачки : Оние кои дозволуваат да ги галиш секое време и да ги фаќаш по стомак, и оние кои дозволуваат да се галат само кога тие сакаат и воопшто не дозволуваат галење по стомак.

    Генерално мачињата на таа возраст почнуваат да се најпалави, ама се интензивира највеќе 5-6-7-8 месец.
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    @moon1 мене ми личи на најнормално однесување на мало маче. Треба секогаш да се има во предвид безбедноста на околината и играчките на миленикот зашто на крај краева тоа е младо животно и не разбира дека ќе западне во неволја ако игра со клопче или е блиску плинско. Така да исто како со дете треба да овозможите безбедна околина за играње и живот на мачето.

    За смрдеата на урината и изметот, освен песокта, може да влијае и исхраната. Храни го со правилно избалансирана храна што содржи доволно влага (како конзерва, потопен дехидрат, сирово месо и внатрешни органи). Од брендови на песок за мачки најдобро искуство имам со Sanicat лаванда и портокал. Се отстранува делот каде мачето извршило нужда само и се додава нов песок. Во краен случај ќе треба да се менува целиот песок.

    Мојот мачор е 1 година стар и уште се глупира, игра, скока и беснее на секаде преку ден додека е во двор и спие и се гали кога ќе дојде дома изморен од игрите и авантурите надвор. Има дрва по кои се качува, пеперутки, бубачки, паднати јаболчиња што ги тркала по трева, птици кои се обидува да ги улови, и воглавно природна ментална и физичка стимулација. За мачки што живеат само во домашни услови, за ментално и физички да се стимулираат, треба да се овозможат вештачки дрва и гребалки по кои ќе се качуваат и ќе ја трошат енергијата, како и посебни играчки за мачки кои ќе ги лови.

    Мачки со ваков карактер се како да чуваш минијатурно тигарче зашто имаат премногу енергија, а светот е премногу возбудлив за да се галат со сопственикот. Баш заради тоа ми се омилени и мерак ми е кога ги гледам како сами се забавуваат.
     
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Песокот го менуваме бидејќи е валкан и мириса, а не дека така требало. Не знам точно што песок е, брат ми му ја купува, светло сива е по боја и е 200 ден 3 кг.. Почнавме да не му ставаме по многу песок, затоа што после неколку вршења на нужда бара самото да му се смени песокот на тој начин штои стои во песокта и мјаучи. Кака од 2 до 3 пати дневно, ама многу мочка. Такво е од кога го зедовме. Му даваме претежно мачешка храна, понекогаш ќе му дадеме и некое саламче, паштетче или мевце затоа што не ја сака многу нејзината храна. Исто така кога имаме ние компири за ручек и даваме и неа, ги обожава и тоа е се' што јаде од зеленчук.
     
    На 1992g му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Ќе ја побарам таа песок. А за безбедна околина во која мачето нема да има начин да се повреди - не можам да изведам. Нашето шпоре има плински токи наместо електрични. Влезот во кујната е со армоника која и да е затворена тоа знае да ја турне со рачето доволно за да влезе. Ние го пазиме меѓутоа не можеш да го допратиш. Брзо е како куршум, знае каде не смее и те прати дали го гледаш за да си го направи она што го наумило. Сигурно нема да градиме ѕидови, да монтираме врати, да купуваме ново шпоре или да ја заѕидаме вентилациската дупка. За таа вуницата јас сум крива. Секогаш има некој со него дома. Го играме секој ден. Има детско количе што го турка со рачето, го вози и брка. Има топче. Обожава да игра со најлончиња... сакам да кажам троши доста енергија, дури некогаш си мислам дека не треба толку многу да го играме оти го збудалуваме, не знае кај тера. Плус толку е несмасно што паѓа од кауч на земја и тоа ма глава. Додека трча успат се удира во се и сешто. Некни седеше под масичка и му текна да скокни па си ја удри силно главата од масата. Како да го спречам во тоа? Сите сме околу него, цело време е центар на внимание, ама верувај толку е брливо што не се допазува.
     
  9. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Пробај и calming spray , исто така и кетнип спреј.
    Јас моето ако нешто не сакав да прави, го прскав со шишенце пумпица со вода.
    Исто така му напраив полици на ѕид како и долга полица под плафон тоа си е негово место, поготово сега што ќе земам доберман.
    Исто така нарачав и голема гребалка и катче за него, така да пробај со такви работи, тие сакаат височина.
     
    На moon1 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  10. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Zdravo, bi sakala da ve prasam nesto. Cuvam edno mace vekje mesec dena, go sobrav od ulica, nkade 3 ili 4 meseci e, zensko. Od pred dva saati pocna da se trese, kako da vibrira, ne jade, premnogu e topla, I ednostavno nema sila da mrdne. I dadov paracetamo rastvoren vo mleko ama nesaka da pie. So lazicka na sila I staviv nekolku pati, posle 15 minuti povrati. Dali e mozno da ima temperatura? Ve molam kazete mi kako da reagiram. Pozdrav
     
  11. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Раствори го во вода, не во млеко или било што друго. Наполни шприц или пипета, грени му го главчето на горе, отвори му ја устата и шприцај му. Така ќе мора да голтне. Давај му по малку на 20тина минути, не наеднаш за да не ти поврати пак. Млекото е тешко за надразнет желудник. Ако често повраќа, дај му некое апче за надразнет желудник (ранитал, спазмекс...тоа што имаш) и утре сабајле на ветеринар.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Парацетамол е отровен за мачки. Дај му малку аспирин или кетонал, 5-10 мг. Утре на ветеринар носи го
     
    На 1992g му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Кучево мое (малтезер, 1 година) има дијареа :( Што да правам? И давам варен ориз со пилешко од вчера.
     
  14. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Ќе го најдеш предизвикателот на дијарејата и ќе го контролираш.
     
  15. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот, буквално ништо немам сменето ниту во исхраната ниту околината
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да го поставам прашањево, мислам темава е соодветна. Имам мали мачиња, сега видов дека едното има некаква инфекција на очињата, не може да ги отвори, а сите други прогледаа веќе. Ќе прашам и ветеринар, ама тоа утре, некој од вас ако има такво искуство да ми каже побрзо лек? :(
     
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Можеш само со влажно памукче натопено во чај од камилица да му ги бришеш очињата, било каков друг лек на своја рака е опасен затоа што е премало мачето.
     
  18. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Ветеринарот ќе ти каже хлорамфеникол крем да мачкаш, најубаво е да го однесеш на ветеринар таму првично да го истретираат.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RAK91

    RAK91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    Дали има некој женка самојед за парење? :)
     
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    @1992g какви се тие спрејови и каде може да ги најдам ?