Zdravo Bi sakal da ve zamolam da mi pomognete okolu informacija za dobar frizer sto potsisuva Chow chow
Чисто за друг пат да знаеш дека и кучињата како и нас луѓето се подложни на дијареи и повраќања само да не е подолго од 2 дена купи си од ветеринар пробиотици и немаш гајле. Секогаш имај си дома. Плус може да е од клима од лежење на плочи итн..... Ист проблем имав и јас касно ја прочитав пораката бев на одмор. Поздрав
Две кокошки по улицава го шетаат кучето пуштено и вчера по втор пат му дојде на моето кое беше у двор и се закачија преку ограда. Да им викнам полиција ќе превземат нешто?
Јас имам ист проблем имено госпоѓата чува пинч агресивен а јас имам малтезер 2 пати ми го нападна среќа без последици. Јас моево нон стоп го шетам на поводник а они пуштено. Каде може да се пријави?
Нема да превземат ништо. Ама ти можеш да превземеш Со пепер спреј испрскај го у очи или со дезедоранс и него и газдарицата
Здраво, сакам да ја убедам мајка ми да земеме мачка ама не е голем љубител на животни. Исто сакам да прашам колку пари годишно се трошат на една мачка од прилика, со се вакцинирање,пасош.. доколку треба да патуваме дали треба некаде да се остави? Дали е лесно да се извади пасош?
@pureblueblood ,вака, според искуство, јас имам мачор со долго влакно, веќе неколку години( персијанец од мајка персијка татко персиец со ангорка мешан). И јас живеев во стан, а сега живеам во гарсоњера од 33 квадратни метри, со мачоров, папагал, риби и сега доберман куче. Мачоров од секогаш бил внатре, од бебе, и единствен допир со надворешна средина му е ѓелендерот на терасата. Затоа сметам дека уште од мало ако се чува само дома, нема да има потреба од изнесување надвор, не се тие кучиња и многу ретки се мачките што на поводник ќе земе и ќе оди со тебе. Но, затоа дома треба да му направиш средина интересна да си биде дома и на балкон. Мачињата во Македонија мислам дека кај сите ветеринари примаат само тровалентна вакцина, ревакцина на истата и за беснило. Една вакцина чини 700 денари, пасошот е 150 денари, чипот сега до Ноември е 200 денари, значи 700 + 700 + 150 + 200 +50 апче за прочистување = 1800 ден стартни вет трошоци. Доколку одлучите вакцината за беснило да му ја ставите (а сега веќе е морална), чинам дека таа чини 600 денари и се става на 6 месечна возраст. После секоја година на истиот датум ќе си го ревакцинираш мачето докај 7-8 години старост и после веќе нема потреба. Значи стартни вет трошоци рачунај околу 2000 денари. Плус, за почеток ќе си земеш нежна четка за да го четкаш мачето 200 денари, шампон за мачки 200 денари, каишка за околу врат 100 денари, играчки најразлични и мултивитамини една доза 500-600 мислам дека се и долго траат (кафортан најдобро). Доколку патувате, се вади од вет дозвола, треба да има примено вакцина против беснило и слични работи кои ветеринарот ќе ви ги објасни доколку патувате. Исто така, најдобро е да се стерилизира или кастрира откако ќе наполни 5 месеци, па ќе си имате вистински домашен миленик. А месечни трошоци, тоа варира. Ако храниш со манџи дома, остатоци или сува храна чкарт некоја(што е според мене animal cruelty ) и песок земаш од градежни фирми 20 кила за 200 денари вреќа, тогаш трошоците ќе ти се минимални дури и неосетни. Ако храниш сува или течна храна со среден квалитет пример 200-300 денари килограм и користиш песок за мачки пример оној што се згрутчува во дм е преубав мислам дека беше 170 денари вреќичка, ќе ти испадне храна 2-3 кг месечно и 2-3 вреќички специјален песок месечно = 1000 денари грубо земено. Ако ставаш ампула, таа ти е 300-350 денари за маче исто така, ама ако го чуваш дома не би требало да имаш проблем со болви или/и крлежи. Ако храниш екстра квалитетна храна, од типот на фармина греин фри или оријен што се по 700 денари килограм и користиш силиконски песок што е најбезбеден за луѓето и миленикот (но не за околината!) , тогаш околу 2 килограми сува храна рачунај плус пакетче ипол на месец дена песок ( 2 пакетчиња на месец и половина, се мења на 3 недели) = 2000 денари грубо земено месечно за 1 мачор. Или, ако храниш жива храна, мевце живо порции да му правиш со размер на органи, имаш ефтини јагнешки срца, имаш крилца, стекови, мисиркино, органи за супер ефтини цени сега, плус песок ќе те чини месечно 1000 денари грубо земено, а најубава услуга ќе му напраиш на мачето зошто ќе ти биде витално, здраво, на природен начин ќе ги чисти забите, аналните жлезди ќе му бидат чисти. Јас го хранам мојот комбинирано, јаде тој Оријен по 1 кг храна месечно, по 1 кесичка ројал канин јаде и мевце живо често исто така. Сакам да му правам порции живо сирово мевце, ама не сака да јаде. Само пилешко јаде, ништо друго не сака ни органи ни коски ни друг вид на месо. Се на се, 1 мачор/ мачка ќе те чини месечно пола и помалце од 1 кутија цигари дневно, па сега израчунај му ја.
Моиве на кучето по грешка му дале друга храна и сега има проливче ( течна слузава столица). Што да му даваат? Дали е во ред да му растворат таблетка активен јаглен во водата?
Нема потреба, само нека му даваат од претходната храничка. Ако проливот трае 2 дена, тогаш линекс за деца по 1 капсула дневно може дури не запре проливот.
Ај едно прашање за поискусните и тие што го поминале периодот пубертет. Малтезеров ќе ми полни 7 месеци на 19ти овој месец, што да очекувам? Во прилог слика од мојот лепотан
Девојки како ннајефикасно го отстранувате мирисот на куче од соба? Го исправ тепихот, усисавам ама сепак го има тој мирис...
Јаболков оцет со сода, или специјални средства против мирис има во пет шоповите. Што раса е та мириса ? Предизвикувачот на мирис треба да се најде и третира