Вчерa кучетo избегaлo нaдвoр и фaтилa бoлви a трaгедијa е штo немaше применo aмпулa oвoј месец. Денескa oдмa јa oднесoв нa вет и прими aмпулa Frontline 460 или 480 денaри, ми рекoa имaлo и јaјцa кaј врaтчетo. Прaшaњетo ми е зa кoлку време ќе се усмртaт бoлвите сo све јaјцa и сo кoе средствo дa нaпрскaм вo хoдникoт??,, декa внaтре јa чувaм вo хoдник дa нaпрaвaм дезинфекцијa вo случaј aкo имa бoлви дa скoкaт низ хoдникoт дa ги усмртaм.
Јас нон стоп ставав ампули и моево пак фаќаше болви за на крај да му купам таблета која чинеше 1.700 ден. И трае 3 месеци со апчето може да го бањаш дејството не се намалува. Направи темелно чистење по дома, а јајцата сами треба да угинат од ампулата иако јас веќе не користам ампули зошто се убив од чистење болви. Поздрав
Хелп. Кучево ми има 7 месеци машко е. 4 пати надвор го носам на мочање и какање ама на едно место во текот на денот мора да се помоча и покака чистев со се и сешто и еве го сабајле пак таму се измочал...што да правам? Паркетот на тоа место веќе ми е лом ќе почне да скапува иако имам ставено пелена не помага.
Кај мене 12 години кучката си имаше место на паркетот кај шо мочаше и/или сереше дома, ама поише мочаше, и тоа ако повеќе од 6-7 часа не е изнесена надвор, значи преку ноќта. Ќе земеш од специјалните пластични подлоги на кои што ставаш пеленката и нема да има допир со паркетот. Ако кучето одлучи да сере моча исклучиво надвор, тоа и ќе го прави, ама на 7 месеци не може баш и баш да држи измет или мочка цела ноќ и си се олеснува наутро.
Ги имам видено кај Арина пет шоп кај грчка амбасада, и кај Луна прт шоп. За на други места не сум сигурна.
Девојки здраво, потребен ми е совет. Имам мало маче старо 3 месеци и бидејќи бев на одмор ми го чуваа пријатели но за жал го пуштиле и надвор да игра. Мачето ми е сега полно болви и како превенција веднаш му ставив ампула против болви Fypryst. Прашањето ми е дали оваа ампула ќе делува за да ги исчисти и моменталните не само за заштита во иднина да не фати? Ве молам и за други совети доколку имате бидејќи живеам во еднособен стан и се плашам да не се наполни со болви. Ви благодарам многуу
Колку време треба да помине помеѓу бањање и примање ампула против крлежи? Се работи за 6 месечно куче, секој совет е добредојден.
Пишува на упатството од ампулата, ама обично 3 дена пред аплицирање на ампулата и 3 дена по аплицирањето не треба да има контакт со вода ( освен нели за пиење )
Што да се даде како прва помош на кученце што повраќа... Во рок од два саати десет пати поврати, на крај и пена повраќа. Ништо сомнително не забележавме да проголта. Нема дежурна ветеринарна станица. На гости сум кај пријатели, не е мое кучето.
Не би била загрижена доколку виталните знаци му се добри, а пената на крајот може да биде и желудична киселина. Активен медицински јаглен здроби или напикај му 3 апченца у уста да ги голтне, ќе собере и киселина и нешто друго ако има, освен да не е некој предмет или пак влакна голтнато.
Мојата кога повраќаше јас од паника се и дадов! Прво и набутав со сила јајце во уста а после трчав во аптека да купам јаглен кој го растворав со вода и со шприц со сила и го давав па ништо лошо не и се деси.
Благодарам за брзите одговори синоќа @Ena05 и @1992g, кученцето денес е подобро, утре право на ветеринар.
Не знам дали е вистинската тема за прашањево, но ми треба совет. Се изначитав по интернет ама пак не знам што на направам. Имено, кучето ми е доста послушно. Не ми прави проблем ни за команди, ни за бањање, слободно можам да му извадам од уста ако лапне нешто што не треба и слично. Не покажува агресија, освен во еден случај. Забрането му е да спие на кревет, ама приметив дека во последно време знам да го фатам касно навечер на троседот. Нормално го искарав и сакајќи да го земам и да го однесам во неговото креветче ( со пример да му покажам каде треба да спие) сосема неочекувано ми изреагира агресивно, почна да ржи и проба да ме касне. Инстиктивно ( а веројатно и погрешно) го удрив по муцето, го земав и го ставив во креветчето. Ова се случи уште 2 пати, а и го направило и на мајка ми за истата работа. Последниов пат го фатив за вратчето и телото и благо го притиснав кон земја, со намера да му покажам доминација и дека не смее да се однесува така со мене. По неколку секунди се смири тотално, а јас излегов од собата и го оставив. Прашањето ми е, како да постапам ако повторно се случи истото? Зошто вака реагира само за спиењето на кревет? Премногу читав по интернет што веќе не знам како да изреагирам... Доста сум строга и доследна во воспитувањето, не сакам сега после толку време да го удрам или истепам, кога никогаш не е воспитувано на тој начин...
Не смееш да го истепаш. Колку и да ти дојде преку глава, број до 10 и диши, смири се. Многу гледам дека го користат тој метод на доминација со легнување на земја и притискање, ама според најдобрата тренерка во Англија, Victoria Stilwell, тоа е bullying. Ако не го сакаш на каучот, има методи како да го научиш. Треба да му го најдеш само тригерот на кучето, а тоа е дали е мотивирано од храна, омилена играчка или од фалење. Вака би ти предложила, секогаш кога ќе го видиш на каучот, иди до каучот и седни на земја. Повикни го да дојде. Ако дојде до тебе, награди го со закуска, а ако не доаѓа, покажи му ја закуската, и важно е да бидеш смирена! Кога ќе дојде, почнуваш со седи, лежи, стој и слично. Му кажуваш да лежи ако ја знае таа команда, а ти седнуваш на кауч полека. Ако седи на место, му даваш закуска и го фалиш многу. Но, секако кога ќе се обиде да се качи на кауч, писни со висок тон колку што можеш и стани од каучот, ќе го збуниш со тоа секако, пак седнуваш на земја и пак се наново истото дури да укапира. Инаку, какво ти е кутрето, расно или ?