Тоа е тоа природа, и законот на посилниот. Но, ние имаме разум и начини како тоа да го испревртиме. Ќе купиш од ројал канин продавниците што се во подземје на Рамстор, Сити Мол или Капитол, има млеко за цицалчиња се раствора и со посебни шишенца се дава, ќе го храниш колку што можеш почесто минимум барем 5 пати во рок од 24 часа, и ќе го масираш со влажна крпа по стомачето и по гениталиите за да може да исфорсира измет и мочка. Ќе му ставаш шишиња топла вода под него на ќебенце ако мајка му го отфрла.
Океј.Знам дека претерувам,ама многу си го сакам и ептен ми е страв. Значи,мој Блеки е жив и здрав.Преска си седиме со дечко ми во темното и наеднаш чувме едно бам и гледам мачката падна.Високо едно 5 метра.Изгледа сакала да дојде до нас и се лизна.Е сега,лошо ли паднала не знам со едното ноџе криви.Има околу 3 месеци. Што да му направам? Хелп
Пак јас Привремено ќе престојува кај мене едно кученце, од 5-6 месеци со мал раст и доста мирно по карактер. Проблемот е што јас имам скоро двегодишно куче, исто така со мал раст, дружељубиво е, но и доста хиперактивно ( сака да си игра, трча, рипа, но не прави бељи и е доста послушно). Е сега, ми треба совет околу адаптацијата. Како да ги здружиме без моево да осети љубомора или загрозување на територија. Дали прво јас да го однесам моето кај другото куче, па да ги дружиме некое време на неутрална територија или?
Обавезно на неутрална територија, па послем ќе го однесеш ти твоето кај него, па него да го донесат кај тебе. И јас ќе чувам недела дена на другарка куче, ама досега сме ги сретнале и супер функционираат.
Девојки чисто само да споделам искуство. Малтезерот 8 месеци стар последниве 2 месеци често повраќаше и имаше потелна столица не расположено и знаев дека нешто има не останував на тоа. Одевме как еден ветеринар и цело време ми вика ништо не му е мал е затоа повраќа бла бла голта не џвака и од тоа му е....смени храна може е алергичен на таа храна итн...нити да го прегледа нити ништо....одма да си ја искине дипломата!!! Кога едно сабајле сирото тоа лежи целиот никаков за да после извесен период да почне пак да повраќа и од што ќе добиев инфаркт имаше крвава дијареа...реков готово ми е кучево одма го однесов во Ветеринарен Центар (голема благодарност до тимот) одма дадоа дијагноза паразитарен вирус гиардијаза или како и да се вика, бевме под антибиотик, апчиња за прочистување и флажил...кучево сега ми е како ново. Значи ако повраќа константно и има помека столица не е ништо!!!! Него е нешто!!! Извинете на долг пост.
Дали некој има искуство со грумимг на куче во пет шопот Фауна центар? Често купувам од таму, ама не сум го носела кучето на шишање кај нив.
Да, на груминг Лара (шкотски овчар) што имав таму ја носев. Во Мај и правев шишање, а преку година груминг. Презадоволна сум.
Здраво Пред неколку дена вдомив мало машко маче и првиот ден беше мирно, но сега веќе почна да скока, да гребе, да апе, се плаши од се и сешто. Навистина не знам што му е, а внатре го чувам.
Тоа што му е сама си навела - мало маче. А ти веројатно имаш малку потешкотии да го "прочиташ" како и секој нов сопственик на маче, ама се ќе се среди. Она што можам да ти кажам за мачките е дека тие апсолутно една од друга се драстично различни, секое маче е своја индивидуа , за разлика од кучињата кои едно од друго имаат заеднички карактеристики. Нека помине уште време, мачето уште се адаптира на просторот, и как по "диво" ќе станува пошо докај година дена не се смируваат, беснеат многу јако, ама сепак збориме за животинче од 3-4 кг кое ретко може нешто да наштети.
Здраво дечки, Имам 6 месечно маче кое пред една недела утрото го најдов со повредена нога. Направивме снимка се констатираше фрактура на колк и ветеринарите ми ги предложија за операција Пламен и Ксенија на факултет и Денис во Аеродром. Е сега после 3 дена ѕвонење на факултет каде што оставив снимки и требаше да ми се јават за инфо 3тиот ден го начекав Пламен да ми крени и ми кажа дека операцијата би коштала 12.000 (грубо) и дека термин има после една недела. Бидејќи не очекував толкава сума се јавив кај денис кој беше далеку “подостапен” веднаш ги види снимките на вибер ми објасни многу нејаснотии и кажа дека операцијата би коштала 4500-5000... Е сега мене ме интересира дали никој имал маче со скршен колк, дали правел операција како поминало мачето, колку го коштала, каде ја правел. Чудна ми е толкавата разлика во сумата. Фала ви однапред. Поз
Накратко : На клиника оперираат професори доктори ортопеди цел тим, со анестезиолог, се тоа мора да се плати. Кај Денис имаш обична анестезија и операција од него направена од обичен вет. Хирург и тоа е тоа.
Дечки Бебенцево е останато само умрени се мајката и другите мачиња женско е ,ќе ве замолам кој сака да го вдоми во Скопје нека пише женско е!
И јас имав ваков проблем да речам, иако не е баш проблем оти како што ти рекла @1992g - нормално е. Јас се отепав од читање како да го смирам моето маче оти беше...... многу диво и многу темпераментно и многу плашливо, а беше со мене од мало, од 2-3 недели. Прво, мораш да го опуштиш и да се навикне на тебе. Значи, ќе престојуваш во иста соба со него ама нема да форсираш контакт. Пример, си седиш и си читаш книга, а оно е околу тебе. Препорачливо е да му овозможиш да има место да се „крие“ кога ќе се исплаши од тебе (пример, кутија за чевли) но пази да е место каде што лесно ќе можеш да го извадиш ако се заглави. (ако се пикне под кревет е проблем) После малку по малку ќе го потфаќаш ама никако не го кревај наеднаш или без да те види, малите мачиња многу се плашат од висини. Значи, само полека, без форсирање. Па ќе го погалиш малце по главата, можеш да го „наградиш“ со некое јадење кога ќе го погалиш (има такви снекс ама барај за мали мачиња), па ќе си поиграт со некоја играчка и така. Гребе и апе оти му е досадно и/или има вишок енергија што мора да ја потроши. Плус така си играат. Имаш во Џамбо еден куп играчиња, моето маче обожава пуфкасти работи, глувчиња и слично. Кога ќе те изгребе или нападне или апне, мораш да го смениш тонот на гласот и отсечно да викнеш - НЕ, ДОСТА, НЕ ТАКА и сл. Верувај дека разбираат и се тргаат. Моево е пресмешно, одма се гледа кога е карано. А да, и не му тропкај со прсти, со нози и сл - така го учиш дека прстите се за играње, а мора да знае дека не се. Не знам дали твоето така прави, ама моето рипаше на сите од заседа и баш беше... анксиозно, да не речам. Откако му најдовме „мајка“ (една плишана играчка) и го пуштивме да циркулира и во дворот, е многу подобро. Не знам, некои мачки мислам дека не сакаат да бидат затворени дома во четири ѕида. Моево е бар такво, сака повеќе слобода и помалку ограничувања, мизеруваше затворено по цел ден. Сега е како друго маче, се препороди и си седи со кучето надвор. Туку, јас дојдов да ја прашам @sweetR дали забележа крв во изметот на кученцето? Јас имам маче ама мислам дека ги има сличните симптоми. Или тоа или има некоја интолеранција на храна. Двапати одиме на ветеринар претходнава недела, доби и терапија, сега е пак веселко, си трчка, спие, јаде и сето тоа, ама сабајле видов крв во изметот и се исплашив.... Од понеделник пак ќе го носам секако, мора и друга терапија да прими. Којзнае дали се глисти, дали му се разранети цревцата оти цела недела беше болно... не знам. Патем, дали им давате цело време иста храна на мачките или им мешате? Јас мешам за да биде разновидно ама си викам тоа да не му смета на мешето. Инаку, уште од мало одбива да јаде од храната за мали мачиња, се отепав од правење финти за да ја јаде и не и не и не.... ја топев, ја криев, пробав влажна, пробав сува, пробав влажна и сува, пробав сува мешана со влажна за големи и ги позна тие за мали мачиња и не ги изеде... па сега јаде храна од тие за големи мачки. Си викам да не му е од тоа таков изметот или тоа што беше болно, да не му го оптеретувам мешето. Инаку, има тенденција да се прејадува, па изгледа и тоа има улога, сега му ги мерам порциите.
Итно е ве молам ако знаете некој што работи вечерва ветеринар да ми дадете контакт број. Вртев кај Диме и во ветеринарната Автокоманда никој не дига. Ве молам ако има некој инфо да ми пише
Се навикнуваме полека, но сеуште не можам да го научам на ред. Не реагира ни кога го викам да дојде, ниту кога го карам.
Чеј, постои мачка што ќе дојде кога ја викаш ? Освен секако, кога треба да јаде тогаш не ги ни викаш идат по тебе и те гњават
@Megann18 Само не го тепај и не го повишувај гласот многу. Ќе му треба време да си го научи името. На моиве кои ми дојдоа сами во двор полека им приоѓав.Им оставав храна во еден ќош,па од далеку ги гледав.Со нежен глас им се обраќав.По неколку недели сами ми се приближуваа. Едниот од нив три години го чувам.Од дивјак се претвори во најголем мазнуш. Сите мои мачори и мачки доаѓаат и кога не ги викам за јадење,туку за да ги галам.
Доказ дека мачките се нестандардни животинки ! Јас имам персијанец, се умилкува околу мене наутро кај 8-9 за доручек и навечер кај 7-8 за вечера. Си знае дека тој период добива храна и ако е викнат веднаш иде. АМА, АКО ГО ВИКНАМ ВОН ТОЈ ПЕРИОД, па тоа бега, мјауче, хистеризира ИЛИ ќути стуткан негде и си помислувам дека ми киднал, и тоа само за да не му ги исчистам очите и да не го четкам и решам. Многу пати го зафркнувам со четкањето за време на вечера, па сеа е претпазлив гледа дали држам у раце нешто или ќе земам од груминг опрема. Ама сите мачки што су ги имала при повик биле као WTF ШО МЕ ВИКАШ ШО САКАШ ОД МЕНЕ, као сама ќе си дојдам ако ми треба нешто, лол.