Здраво, здраво, чувам мачор сијамец веќе 5 години, и има своја гребалка но не ја користи воопшто па си го гребе мебелот и по дома се ни е партал. Гледам има некои спрееви за одвикнување па да сподели некој искуство ако има.
Девојки, вистина ли е дека ако мачето си го трие дупето од тепих, поточно како да се лизга седнато со дупето, значело дека има глисти ?
Не, значи дека жлездите анални се полни, или дека едноставно го чешка газето. Со памукче исчисти ако продужи да се трие тогаш кај ветеринар да му ги исчистат жлездите.
Е фала ти, ми олесна. Го прочитав ова у групата Миленичиња баш додека мачето го правеше тоа со газето и се насекирав. Памукчето со вода ли да го натопам или може на пример чај од камилица?
Здраво на сите,зедов куче и е старо 70 дена,сакам да прашам дали некој знае кога може да го вакцинирам и каква исхрана да му се дава..бидејки до сега не сум имала никакво милениче.
Здраво. Веднаш мораш да го вакцинираш, периодот е надминат за вакцина. Нема да му ја стават двовалентната, ами петовалентната. После половина година кога ќе направи, можеш и против беснило да вакцинираш! Исхрана, секој различно. Некој сува храна, некој готви дома, некој сосема трето. Она што имам да ти го препорачам е ако храниш сува храна, да биде формула папи, да не ја купуваш од маркет оти таму се најлоши, да не е педигре, фрискис и сличните комерцијални, ами ќе си побараш храна што барем првата состојка е МЕСО (не месен оброк, не месни преработки, не месно брашно) и протеини барем над 25%. Ако те интересира за брендови и цени, информирана сум за секоја храна што постои во Македонија. Ако храниш домашно готвено, принер мевце со ориз, палента или тестенина, тогаш треба да додаваш суплементи мултивитамини за раст на мало кутре и калциум. Ако кутрето е од голем раст тогаш треба апсолутно плус калциум било каква храна и да јаде.
Сакам да прашам, имам вучјак женка 3 години, никогаш не е парена, но два пати до сега е буцкана за да не се спарува. После ова кучката кога добива не сака со никој да се пари, ја витка опашката и не дава на ниедно куче, било какво, иако го познава или си игра со него. Помош?? Дали да пробам вештачко оплодување, дали е препорачливо? Дали има можност за компликации? Би сакала препорака од ДОБАР ветеринар било каде во Мк. Тенкју вери мач
Здраво, би сакала да прашам доколку некој имал слично искуство, имам мачка веќе година и пол, ја чуваме надвор, арно ама можно е да било трудничко не можев точно да определам пошто во последните неколку месеци ми е истата килажа. До сега постојано си беше, т.е си шеткаше и во маало но секогаш си идеше дома, еднаш се омачи пред неколку месеци, но од вчера никаде ја нема.. прашањето ми е можно ли е да е омачена на друго место и да не јаде некое време? Дента кога ја снема, всушност утрото во 5 и пол кога испаднав од дома многу мјаучеше на врата и дадов да јаде и заминав да се качам во такси а таа дојде по мене и пак мјаучеше..
Сакам да прашам со што да му ги чистам гурелките на кучето? тоа како кафенко што му се собира од што му солзат очите?
Moжеш со ациди борици (борна киселина), натопи на памук и нежно помини под очите. Сепак, ако зборуваш за бело кученце, обично тие имаат таков проблем, да знаеш дека нема да излези целосно. Ако сакаш конкретно само гурелки да му вадиш без да го чистиш влакното, можеш со чепкалка за уши.
И ако знае некој кога ке можам да ја изнесувам надвор? За некој ден ке наполни 2 месеци, а утре треба да ја носиме на вакцина. Дали после вакцината ке може? Ако е некој послободен да ми пише, прв пат чувам кученце па не сум упатена баш
Во временскиот интервал кратко после вакцинацијата, младите кучиња се многу осетливи и особено ранливи, бидејќи тогаш нивниот организам „гради“ свои одбранбени механизми. Од таа причина не се советува кучињата да се изнесуваат на прошетка или, пак, да се пуштаат надвор; исто така не би требало ни да се дружат т.е. социјализираат со други кучиња, бидејќи можат многу лесно да се разболат или дури и да починат.
Не, после вакцина не се шета и носи надвор. После имаш ревакцина и уште 10тина дена после ревакцина не го изнесвај надвор. Е после то слободно шеткај го.
Сакам да прашам, на малово кутре му давам Royal canin храна за малечки, меѓутоа кога побарав во еден пет шоп ми рекоа дека таа храна правела кучињата да се чешаат. Не поверував бидејки ми беше препорачана како најдобра на нашиов пазар и ја најдов во друг пет шоп. Арно ама еве веќе недела дена како ја јаде и приметувам дека се чеша повеќе, а во крзното има како перут не знам малецки кало бели точки, вошки мислам дека не се а и нема од кај да ги фати.. Сеа дали е можно да е од храната? И ако да, каква би ми препорачале? Или пак од што би можело да е? Не е бањата никогаш затоа што уште е мала 2 месеци..
Дали ѝ ставате ампула или огрлица против болви? Колку редовно ја чешлате? Не викам дека не можат да се појават реакции од храна, но во главно проблемите со кожа се предизвикани од надворешни дразби. Можете и да ја бањате доколку е валкана, сум бањала многу помлади кутриња.
Не не сум и ставила никаква ампула затоа што не ја шетам уште. Редовно ја чешлам секој ден..а за валкана не е само дома седи и ноџињата и ги бришам со бебешки влажни марамчиња
Ројал не е најдобра, ами храна со среден квалитет според состав. Пробај промени ја храната со некоја друга квалитетна исто. Ја ти препорачувам да пробаш со про план мини папи, или ако имаат НД Фармина линија на папи тоа е најубаво. Мала раса е така?
Да да јорки со малтезер мешавина. Епа ако не да ја пробам таа не знам.. оваа ја сака ама премногу е ненаситна кога ке ја види, во состојба е цело тањирче да изеде. Не знам дали дека е мало па му се јаде или од храната ама ептен е ненаситна