Ројал Канин е само реклама и искрено моево се убиваше од повраќање земи некоја друга. За белите флеки однеси го на ветеринар во транспортер и внимавај да не биде во контакт со други кучиња или мачки. Можно е кожичката да му се менува зошто уште е бебушко ама не ризикувај.
Од храната беше, имам малтезер и он е баш осетлив сега веќе го немаме тој проблем одкако сменив храна.
Да, од храната. На твоето куче не му одговара. Што не значи дека не ја бива храната. Од секоја храна односно фирма има по некое куче што повраќа од неа.
Каде се продава? Би сакала да пробаме бидејќи мојава малтезерка често има проблем со аналните жлезди.
Оријен или Ориџен се продава само во Луна Пет Шоп и е најквалитетната храна што индустријата за сува храна некогаш извадила. За жал ние сме земји од третиот свет па Оријенот како и сите други храни ни се пласираат второ и третокласни.
Бидете внимателни со Оријен и акана најмногу поплаки добиваа годинава ради појава на DCM кај кучињата ради недостаток на таурин во нивните формули.
Ми се изгуби пораката и више долго време не можам да те контактирам а знаеш дека ме интересира шо напраи со леглото и се друго, плус и јас имам апдејтс
Ќе ти пишам, баш правам едно истражување со исхраната на 3 од кутрињата што би те интересирало, макар што резултати ќе видам за 5 месеци. Чекам твои претпоставки какви би биле резултатите.
Генерално гледано нема најдобра храна, има храна која е во мојот буџет и им одговара на моите кучиња, па според мене е најдобра. Моментално 2 од моите кучиња ги хранам со жива храна (прилагодена за нивниот метаболизам), и едно со про план лосос. Искрено не бев задоволна колку многу измет излегуваше со пропланот, иначе сите ќе останеа на тој бренд зашто многу помалку време зафаќа истурање едно канче дехидрат во чинијата.
Дечки прееска ја ставивме првата вакцина на кутрето, сега цела се тресе. Најверојатно има температура, дали да и дадам парацетамол или нешто слично?