Не. Може да биде токсичен. Утре ако е иста ситуација носи да и стават инфузија и витамински, да ја живнат. Сега во телото антитела и е ставено и телцето и се бори за да створи имунитет против истата.
Сега е подобра, и давав од рака да јаде па малце јадеше. Само е омаласана и лежи цело време, се надевам утре ке и биде подобро. Фала многу!
Има најдобра според состав храна, а дали истата ќе и се погоди на твојата маца не знам. Би издвоила : 1. ОРИЈЕН 6 ФИШ 2. Фармина Н&Д риба 3. Фармина Н&Д анцестрал риба 4. Фармина Матис 5. Пурина про план 6. Санабел
Кога е најдобро да прими куче вакцина за беснило? Моето има скоро 3 месеци, ни рекоа по еден месец треба да прими. Дали е многу брзо и треба да се почека или таман е возраста?
@Papillon.Papi одговори плис на прашањево како е според тебе, мада знам дека ти ќе кажеш порано вакцина не е проблем. Нигде нема извештаи ниту студии и се смета за мит, но, за мене не е мит вакцината за беснило не дозволува да се доразвијат кутрињата како што треба - барем не оваа тука што се користи. Затоа на минимум 6 месеци треба да се стави, а ако патува кутрето тогаш порано. Едноставно знам многу кутриња од исти легла вакцинирани од беснило различен период и различно напреднале без разлика на нутриција. Последен случај германски овчар, мажјак го вакцинираа на 4 месеци, сега е година и 2 месеци и е преситен мажјак 35 кг, а женка од исто легло дури сега ја вакцинираа откако се разви и е 43 кг и повисока и покрупна. Мажјакот не бележи напредок после 8 ми месец возраст.
Ај кога сме кај вакцините може ли појаснување за вакцината за беснило пред патување, колку време пред пат се вакцинира и колку трае вакцината . Пример ако сакам да одам во април за Србија .после во јуни во грција истата вакцина важи или во јуни повторно треба вакцина и крвна слика ?
Ако не планирате да патувате далеку во скоро време нема потреба. Јас би вакцинирала против беснило на 4 месеци во случај кучето треба да патува за Германија, Англија, Америка и подалеку, но домашен миленик нема потреба, навистина. Законот е ужас и нема солидни истражувања за вакцината против беснило, а сум видела куче старо 2 години кое личи на 3 месеци и објаснувањето на сопствениците им беше дека прерано ја примило вакцината против беснило. Не знам колку е ова вистина, но како и да е нема потреба. Вакцината важи од после 30 дена од вакцинацијата до 1 година од вакцинацијата, штетно е да се вакцинира почесто од еднаш годишно (иако антителата си постојат кај кучето минимум 4 години откако е имунизирано). Макар што на царина кога дадов документи само зјапаа во затворена евидентна книшка и не прегледаа ништо, повеќе ги интересираше цената на кутрето и дали го продавам (ноуп).
@Papillon.Papi имаш ли инфо како штанцарите увезуваат кутриња мали од други земји, значи 2 месечни три месечни без вакцина за беснило? Да не постои друга одредба?
Секое куче над 4 месеци мора да има вакцина против беснило. Се додека кучето е 2-3 месеци може да се увезе без вакцина против беснило. Сепак тоа зависи и до законите на државата.
Дечки ај помош додека го однесам мачоров на ветеринар. Дали е можно мачките да имаат толку јаки грчеви за да врескаат болно? Денес си спиеше скроз лабаво и одеднаш се разбуди и почна да се свива со телото и преташе со едното ногче, притоа врискајќи болно. Траеше некои 7 8 секунди и престана и се намести некако пак заспа. Го гледав околу нозете не е ништо повредено а и плус најнормално си оди и скока. Што може да е?
Нема ништо, еве баш и сеа го пипкав околу ногата не реагира. Не уплаши ептен пошто за 4 години како го чуваме немало до сега вакво нешто
Знае ли некој да ми каже зашто кученцево цело време се чеша? Бев на ветеринар нема болви ниту некое црвенило на кожата. Ми рече од храта можеби е, од ројал канин да ја сменам на про план. Еве веќе неколку дена ја јаде и пак е исто...не е бањата иначе никогаш 2 ипол месеци има. Дали да ја избањам?
Да, се гризе дури за ноџето.. жал ми е да не си направи некои рани. Го однесе ли на ветеринар? Што ти рекоа?