Ќе се навикне . Јас земав големо куче 8 месеци улично. Тажно беше , несакаше да шета се влече, кога ќе дојдеме дома, само легнува и лежеше така , па можеби 2 недели сега се навикна . Така и твоето ќе се привикне само не му ја вади .
@m.bt23 ремче шо порано се става, исто и дур не смеј да се шета дур се вакцинира низ дома шетај го со поводник и одма штом смеј да се шета ако сакаш да му земаш маска - земај му тогаш. Кога се помали побрзо прифаќаат вакви работи, како поќе растат поќе се бунтоваат, лутат и тажат зошто мора да се врзани. Мојот ремче носи од ден 1, едно старо од маче му ставив и само некој сат беља правеше. За шетање многу мака имав со поводникот, неќеше да ми оди, ми скокаше в место ама со награди и со брат му некако се заигра и сега е подобро. И сега каснам малку сакам маска да му земам, се надевам не е прекасно. Во секој случај ќе се навикни, давај му награди кога оди без проблем. А ремчето види да не му е многу стегнато. Два прсти да ти бери меѓу вратот и ремчето.
Мојата пудлица е стара 9 год, освен често воспалување на крајници и повремена кашлица нема во животот некои поголеми проблеми, вчера го тестирав на срцев црв и негативно беше среќа, ама ме загрижува една работа. Кога се заигрува многу онака со ржење на крај се задавува и почнува да напиња како да ќе искашла нешто, некогаш е сува кашлица, а некогаш некој шлајм има. И приметив кога спие од време на време диша забрзано, не онака со отворена уста туку плитко и забрзано, кажав на вет и рече дека може да се повеќе работи, ослабнато срце, проблем со бели дробови, дишни патишта или хронично воспалување на крајници, не е од сега ова, некои 2-3 год. Онака си е супер, витален е, си јаде, весел ама ме загрижува посебно ако е срце. Нема кај нас во град за снимање па вака лаички некој да не има ист проблем, да знае што е?
Барам совет, многу ми е тешко... Мачорот има сарком на устата, пробано е терапија, меѓутоа се шири и надворешно и внатрешно.. Слабее, не пие вода. Јаде ама и тоа не се знае уште колку. Прогнозата не е воопшто добра односно само полошо ќе биде... Се мачи, го мачиме и по вет, со тњрапии, чистење рана, а мора да го седираат за да го направат тоа. Башка е со крагна ради раната... Стар е 15,5 години. Совет е да го успиеме... така би било похумано.. Ама мене срце не ми дава.. И ова што живеел во ваква состојба му е плус... Мака ми е, грижа на совест имам и не знам што е паметно. Ама нема да се спаси. Што викате вие???
Мачорот од дм има 6-7 години и сега во последно почнал да мокри низ дома (претходно никогаш не го правел тоа), најверојатно да обележи територија. Јас му кажав дека трајно решение е кастрација, но дали можи во меѓувреме нешто да помогне? Инаку мачорот влегува и излегува од куќата како ќе посака.
Моето е мешавина од хаска и питбул... Ама сега не се знае што ќе биде. Се разболе од парво вироза. Докторот рече критично е ама има шанси. Добро е што температурата не му паѓа. Душа дадина да го видете како е тажно Се надевам се ќе биде добро многу си ја сакам ангелче ми е
Незнам од каде си, ако си од Скопје однеси го на ветеринарен институт не оставај на случајност или само мислење од 1 ветеринар. Исто така може му е топло така забрзано да дише и каишка околу врат кога е дома не му оставам. Сепак консултирај се и со друг вет. Поздрав и среќно
Маска ти е права ствар моево има 1 година и што се не правев да го одвикнам од јадење глупости надвор. Не помагаше и сега со маска ми е топ пробува да ја извади ама кога ќе свати дека мора ќе се откаже.
Малце е сурово, ама и тоа се мачи и вие се мачите верувај некогаш за жал мораме да донесеме неубава одлука.
Да, да! Татко ми упорно ме убедва против маска, демек убо е да е слободен, ама јас сум многу за маска. Ем никој нема да се осеќа загрозен дур го шетам, ем нема да јади се шо ќе најди по пат па да мора да го припазвам како дете некое, па отров да не касни или не знам шо друго. И во пет шоп, и со вет зборав, ми викат помало да му земам маска подобро. Па месецов сум со план да го земам да го однесам да видам која ќе биди за него.
Да си земеш, подобро да се помачиш додека се навикне него на секое како моево да повраќа зошто јаде се од улица.
Абе уште е мал, не мислам дека ќе имам проблем голем да се навикни, ако го остам подолго без маска ќе има проблем. Едино со поводникот имав проблем пошто в двор му е многу широко, трга, скока, се шета сам, па во ливада зад куќа шо ми е шета и сега кога го врзав за да шетаме заедно се противеше. Ама еднаш штом излеговме подалеку од дома му се заубај и сега кога го гледа поводникот ептен е среќен. А, најсреќен е кога ќе дојди другарка ми со нејзиното куче па заедно да шетаат. Додуша малку поќе сакат в двор да останат. Па се бркаат, играат, гушкаат, лижат. То мислам посреќен го прај од самото шетање.
Супер, јас сум во стан а имаме викендичка и кога го носам таму трча како лудо прави кругови околу куќа зошто тоа што ќе го прошетам излеа не му е доволно. Имаш среќа што си во куќа.