Значи а куче а дете исто! До пред 2-3 дена јадеше супер од гранулите сега ми пребира избегавам готвена храна и готвено му давам само кога има проблем со мешето. Размазен е премногу и се мислам да го оставам малце гладен. Иначе има 1 година и 1 месец расположен си е и си игра. Совет?
Пробај натопи ја сувата храна да одстои во вода и после давај му,ние така правиме понекогаш. Што храна му даваш? Мислам дека пигментацијата од солзите многу зависи од храната,јас имам бишонче,скоро и да немаше флеки,малку кафеави,сменивме храна и се зголемија и станаа дури како црвенкасти.
Иначе и јас приметив дека од претходната храна почна да де бои кај очињата, ја сменив и еве сега е бело пак.
А дали имате со дишење како хрчење незнам како да го опишам. Кога ќе се возбуди прави звуци како гуска како да неможе воздух да земе?
Од кај ја земаш и колку пари е,барав на нет не можам да најдам која е со пилешко и житарици на Фармина.
Докторот рече немало баш шанси ама ќе се видело утре... А таа па сега почна повеќе да издржува пред да се испораќа ама денес нема ич сила.
Здраво таа сосема клапна. Не мрда не движи не си ги врти очите не се примека дали дише ама си го мрдна едното уше два пати?????
Здраво , имам кутре пудлица старо е 3 месеци , се научи да си кака и мочка на пелената и се си беше во ред ... пред една недела почна да биде многу агресивен , не сака да се гали , почна да не апе по нозите и веќе не оди на пелената да моча и да кака туку низ цела куќа каде ке стаса таму . Цело време не апе не лае и се ни кине по дома . Дали некој имал исто искуство и од шо може вака да се поремети ама дефинитивно му се случува нешто .
Здраво феминки, ве молам за одговор. Сакам да си земам малтезерче ама ме интересира од тие што веќе чуваат куче во стан, дали го оставате вашето милениче само додека сте 8,9 саати на работа и како се справувате со тоа. Читав и слушнав дека малите кученца се многу нежни и дека плачат ако ги оставаш сами цел ден од 08-16 часот.. Искуства?
Заборавив да напоменам дека сеуште не го шетаме надвор , сега треба да ја прими последната вакцина и ќе почне да се шетка . 3 месеци е веќе само дома
Јас го оставав моето бишонче само дома 8 саати,имаше 3 месеци кога го зедовме,цивкаше да,како да плачеше ама од ден на ден се навикнуваше.
Не сакаат кучињата затворени да се. Сакаат да шетаат надвор бар два пати дневно. Нека ја прими побрзо вакцината и почнете да го шетате, ќе се смени. Ако и тогаш не се смени однесете го на ветеринар.
Ми изгледа како да има здравствен проблем. Особено е загрижувачки е тоа што бил научен на кака и моча да едно место, а сега веќе кака низ цела куќа. На ветеринар, не чекајте. Може да има уринарна инфекција.