Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Жал ми е. Внимавај парво ако си имал дома една година потоа може да стои вирусот покрај сите средства кои се користат за чистење на просторот. Ако земаш ново само постаро, не земај на душа мало во ист простор.

    Со напрсток за бебиња му ги мијам забите еднаш неделно. Без паста само со вода. Толку ми дозволува дентал стикови никад не пројаде.
    Ќе го носам на чистење на заби годинава иако е мал 3 години за тоа сепак има многу забен камен.
     
    На piksooki и sierra им се допаѓа ова.
  2. aloha100

    aloha100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Zdravo imam edno prashanje imam kuche golema rasa I veke podolgo vreme nemoze da nagazi so desnata predna noga. Na Veterinar ni kazaa deka e nekoj muskul istegnat I mu stavaat samo inekcii za bolka. Mu pominuva nekoe vreme no potoa povtorno isto. Ve molam nekoj sovet kako da mu pomognam...
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.592
    Допаѓања:
    13.059
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам нешто.
    Вдомив едно кутре и ба почетокот не сакаше да јаде кучешка храна.
    После се навикна или јас барем мислев дека се навикна.
    Сабајле приметив крв во изметот како бледа крв не згрутчена и слабо црвена.
    Од што може да му е и дали е озбилно?
    Дали некој има искуство.
    На вет ќе го носам утре секако.
    Има три месеци.
     
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.592
    Допаѓања:
    13.059
    Пол:
    Женски
    Да не му е од промена на храна тоа си мислев или не е тоа.
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    Кучешката храна треба да биде соодветна на возраста на кучето (пишува на пакувањата). Ако не е прочистено од глисти, може да има проблем со стомакот.
     
  6. sweetR

    sweetR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Однеси го нека му направат рентген на предната нога нека не го шибаат само со инекции да не има некоја пукнатина итн.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    43.751
    Пол:
    Женски
    До вчера кучето било ок, синоќа додека се врткало околу мајка ми наеднаш квикнало силно и избегало, потоа кога мајка ми пробала да го крене пак квикнало и денес де однесувало чудно, поточно не било весело туку исплашено. Да напоменам дека обично е таков кога знае дека ќе го носиме на ветеринар и покажува страв, дали мислите дека се има убиено нешто иако од надвор нема никакви промени или нешто друго е во праша
     
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Проверете анални жлезди тие се полнат и водат кон таква болка. Ако е машко и простата нека се провери.

    На шест месеци се парализираше моево додека беше во мкд (средување документација и вакцини). Од нигде никаде квикнуваше. На ренген немаше ништо, кога ќе го фатиш кај нозе и половина не реагираше. Сите ветеринари во мкд го прегледаа никој не погоди дијагноза. Митко од Куманово стар ветеринар ми го дигна на нозе со витамини комбинација. Овде во Германија веднаш го однесов на клиника за животни, му правеа магнетна ништо немаше. Болки остана да има и да се укочува. Се додека не прочитав некое искуство на англиски форум за случај како моето. И замисли простатата била. А многу млад и се исклучува веднаш на старт од дијагностика. Му ставивме чип за стерилизација (има слабо срце не може под седитиви да биде повторно) и болките магично заминаа. Ниту повторно се укочи. Простатата создава притисок на нервот ишијес и го парализира или му дава силни болки налик нашите во половина.
    Моево искуство може ќе ти се најде и тебе или на некој друг.
     
    На 1209 и Annora им се допаѓа ова.
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    14.475
    Пол:
    Женски
    Дали е добро кучето да е исклучиво на сува храна?
    Моето има 2 години и го хранам само со НД Фармина, никако не му даваме од наша храна, ниту му готвам.
     
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Според “книги” да така треба. Според реалноста што се има во таа храна е доста дискутабилна тема.
    Јас на моето му готвам, првенствено пти слабо каде било што, а второ дека кучешката храна никад не ја прифати.
     
    На DAngel, Avery и Doozy им се допаѓа ова.
  11. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Фармина колку што знам е квалитетна храна, така што кучето си внесува се' што е потребно. Можеш од време на време нешто да му зготвиш, како цел оброк или да додадеш во сувата храна.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    14.475
    Пол:
    Женски
    Фала ви на одговорите. Вака е здраво кутре, до сега (пу пу пу :D ) не сме имале никаков проблем.
    Ме плаши само да не почне да ми одбива сува храна ако и воведам по некој готвен оброк...
     
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Тоа секако :) Готвената е повкусна.
     
    На DAngel и Avery им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Истото го мислам со @FreeMind - според книги да, според искуство не секогаш.

    Читам луѓе на Реддит и на Квора, најчесто проблем со уринарни инфекции имаат животни што се само на сува храна. Мислењето е, сувата храна е создадена за на човекот да му биде полесно, инаку кое животно ќе јаде исушени граноли во природа? Наводно, ради сувата храна се појавуваат камчиња во бубрези.

    Јас - за мачката зборувам сега :D - и давам и сува и храна во конзерва за мачки и готвена храна (специјално за неа готвам, не тоа шо останало од мене). И варам копанчиња или крилца или некое мевце, јогурт, ориз (иако во последно не ја радува оризот), јаде и пржено јајце... џигер варев еднаш, никој не ми го бендиса, ни домашната, ни тие комшиските. :D

    Мојава не бендисува сува храна шо е мешана со нешто - пр, пилешко и житарки или зајачко со зеленчуци - сака само со месо или само со риба. Сега една со лосос ја тамани, за стерилизирани мачки. Кога видов колку малку има риба... ај, 31% протеини е севкупно. Ќе стисне зуби уште малце.

    Отприлика, еднаш дневно јаде само сува храна за стерилизирани мачки и еднаш јаде некој wet оброк.

    Од пријател ветеринар, освен на Фармина, храната за миленици во Мк е катастрофа, така да, не осеќам грижа на совест шо јаде варени копанчиња.

    Инаку @Yowannty и мојата цело време ја истура водата. Особено ако и' се јаде, ја истура и седи пред чиничињата и чека намрштено. :rofl: Баш ќе пробам со росфај чиниче, пластично има сега... а забележав посуви каки, не пие баш во последно.

    Сакав да прашам, искуства со летање миленици? @FreeMind?

    Процедурата ја знам (стерилизација, чип, вакцина, пасош, спремна е), ме занима делот со каргото. Вистина доле кај багажот се? Преплашливо е мачето, ќе се истрауматизира за сите пари. Душа нема кога одиме на ветеринар и минеме низ гужва или со непознати луѓе, жал ми е да ја стават доле кај карго сама 3-4 час. Се плаши од бучава, галама, викање... Се мислам со кола да најдам некој да ја носи или да ја успие чичко ветеринар... не знам :(
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    На ветеринар би требало да имаат таблети за спиење, можеш да земеш и да и дадеш пред тргнување, да ја држи за време на летот. Другарка вака ја праќаше од Македонија за Холандија пред некоја година. И пази кои се правилата на авиокомпанијата, мислам не на секој лет е дозволено миленик. Само со дозата пазете, секоја мачка е различна има различна толеранција. Мојата стара за стерилизација со три анестезии едвај ја успија, апчињава ко тиктак бомбони и беа.
     
    На Doozy и Avery им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Баш сега по пп раскажував за копаните. Јас ве советувам да давате мисирка кај куче и телешко. Пилешкото е полно со салмонела, два пати фати едно по друго отровање до бесознание. Ветеринарот овде сто пати ме предупреди да не му давам копани. Од тогаш пилешко никакво, иначе срца исто јадеше многу. Од мисирка не ги сака ниту месото му е нешто вкусно. Телешко мелено во комбинација со се. Со зеленчук, ориз и тестенини, јајца, овошје. Додавам лажица витамини и минерали купечки.
    Наутро му давам кучешка конзерва, другите два пброка ги готвам и замрзнувам потоа само топлам во вода и давам. Фактички јас кога готвам за нас готвам и за него без зачини и кромид. Прво проверувам на нет дали смее и потоа давам. Бебешки тегли јаде и пилешко од тегла за бебиња на хип му давам го јаде. Тоа е најсигурно.

    @Doozy толку е плашлив мојот што сигурно ќе умре од страв во авион. Со кола го носев до ваму. Со кола одиме на одмор ради него поради срцева слабост. Подобро земи ја горе мачката со тебе (до 5кг смееш со тебе горе во торба) барем ќе те гледа два саати, отколку да ја пуштиш доле кај торби ќе умре од страв. Или пак кој стрес со превоз на животни би било тоа, не сакам ни да замислам.
     
    На Doozy, Avery, Мариаа. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.071
    Допаѓања:
    179.030
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да ти одбие сува храна. Моето лично искуство и со сите што ги знам од околу, ако се навикнати на сува храна друга потешко прифаќаат или евентуално се лакоми и ги јадат и двете.
    Јас имам мачор моментално, а плус мачките се карнивори, од што е научен на сува храна не ми јаде готвено месо, ни кашкавал, ама ништо друго, ќе мирисне само и се згадува. (facepalm)

    @Doozy пластиката впива мириси па и водата замирисува и не се препорачува. Иначе I made peace with it, :D нема шанси да престане да претка со шепи внатре и да ја истура. Валда ако нему некогаш така му текне. :D Ја препорачувам да е разбудена за време на патување, имам читано дека пилули за спиење не се добри, природно срцето забавува додека спие и поради атмосферскиот притисок на голема висина може да дојде до отежната работа на срцето и отежнато дишење. Ќе ја мазиш поише после тоа и ќе се престраши. :)
     
    На tigerlady, Doozy и Avery им се допаѓа ова.
  18. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    14.475
    Пол:
    Женски
    Изнагледав рецепти по интернет :) секако посебно би готвела за кучето, без сол, зачини, кромид... Ќе пробам полека да и воведувам готвено, само што често патувам. За неколку дена не е проблем, но летово месец ипол нема да сум тука, па не знам моите колку би сакале таква обврска, иако ќе пробам да им оставам во замрзнувач.
    За мачки не знам, инаку кучиња од мал раст во транспортер сум начекала неколку пати и тоа на прекуокеански летови. Седеа горе кај патниците, а и слободно се движеа со поводник по аеродром.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Еј фала ви дечки, топ. Не знаев дека може горе, мислев воопшто не дозволуваат ради алергии и слично. Има транспортер она, сега ќе ја мерам баш колку кила е. Не верувам да е повеќе од 5 пошто е женска и е ситна... ама искрено, пре би да ја ставам на режим да ослабне пред одење неголи да ја пуштам доле. :tmi:

    У торба нема шанса да седи, ќе најде начин да испадне, и ќе оди да апе по авионот од лутина. :D

    Кола останува како најпоследно решение ама ако така треба, така ќе правиме. 36 саата пат, хир иу кам. (facepalm)

    @Avery и јас за неколку дена готвам за неа, обично во недела. Секако правам и за мене, па ајде и за неа. Складирај во стаклени кутии, посвежа е храната секако. :)
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Од кога го земав кучето веќе 2 ипол месеци непрестано се чеша. 100 пати го носев на ветеринари и не можат да откријат од што е чешањето.. Прво ми рекоа дека е шетачки перут, некој паразит слично на шуга. За тоа примаше терапија ивермектин на секоја недела по една инекција, 3 пати ја прими(ова кај Диме ја носев). Ама ништо не помогна, тоест никој не се ни замара да открие што може да биде само пари да ти земат.
    Следно пред 2 дена си бев кај ветеринарот кај што ја носев уште за вакцините( Иван во лептокарија) и и стави адвокат ампула, сега не знам за колку време треба да делува ама уште се чеша и не помага. Веќе не знам што да и правам што се вика од кога е родена се чеша, жално е да ја гледам.
    Ми рекоа и алергија можно било па хипоалергена храна да сум земела на Ројал Канин ветеринарна храна. Уште тоа немам пробано...
    Некој слично искуство да не имал?