Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Смени ја храната. Многу се чешаат од храната.
     
    На Slatkish255 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Не можам да сфатам зошто му ставиле адвокат ампула. Еве два пати те прочитав и како лаик сеуште не ми е јасно како може на лепе очи да му залепи адвокат ампула која има и негативни индикации.
    Јас мислам дека е алергија на храна некоја. Пробај хипоалергена храна.
     
    На Slatkish255 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Носи ја на ветеринарен факултет, редовна смена им е од 8 до 16 часот. Нема поента да се терапира куче без да се најде главниот причинител, нека ги направат потребните испитувања и да знаеш со што си имате маки. Ми се случило ветеринари да ми препишуваат терапија која не го решава проблемот или го решава краткорочно, па проблемот пак си се јавува, затоа за било какви здравствени проблеми го носам кучето на ветеринарен факултет.
     
    На Slatkish255, adventurous и 1209 им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    43.751
    Пол:
    Женски
    Кај нас на едното куче му се дешаваше истото, зимава беше врв, ужас, жално за гледање, немавме решение бидејќи немаме лабораторија и само терапии го маваа што не ни беа сигурни за што се. На крај му земавме брис и го однесовме во човечка лабораторија, и најдоа стрептокока на кожата и на сите други исто, сите примаа соодветна терапија и сега се супер. Провери тоа да не е.
     
    На Slatkish255, Lemon и adventurous им се допаѓа ова.
  5. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Хипоалергена од кај ветеринарите таа така?
    Исто има многу перут. Премногу и е сува кожата. И почна да и мириса крзното многу.
     
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    У пет шопови сигурно има пребарај која е квалитетна.
     
  7. Anastasia.94

    Anastasia.94 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Пред некое време почнав да чувам хаски. Кученцето ми го дадоа не доволно возрасно за да може да ги прими вакцините ( старо е 40 дена), така што засега му имам дадено само апче за глисти па за една недела идеме на вакцина. Дали треба нешто друго освен тоа да му дадам ? Болви нема.

    Веднаш почнав да го хранам со сува храна за мали кучиња ( ми посоветуваа дека најдобро е од мало да го научам на сува храна ), си ја јаде без проблем. Не мислам воопшто да му давам храна која што ние ја јадеме дома. Купив храна од марката NAXOS ( ми рекоа дека била квалитетна колку и другите поскапи храни). Има ли некој искуство со оваа храна ?

    Доста истражував па сфатив дека е одлично кучето да се храни со сирово месо. Ме интересира дали може со тоа да се почне од мало или од поголема возраст и дали би можело да се комбинира, во смисол да се храни со сува храна а понекогаш сирово месо (1-2 пати во неделата), а притоа да не му предизвика несакани дејства како дијареа. Ако да, тогаш може ли некој да ми каже како да го изведам тоа и на кое поточно месо треба да обрнам внимание за почеток ( кое е најбитно) ?

    Доколку има некој од вас што чува хаски би сакала да ми даде некој совет, препорака, мислење, искуство во врска со оваа раса. Добродојдени се и советите од сопственици и на други раси секако. Би сакала да знам што да направам во врска крзното ? Сакам да има убаво, сјајно и меко крзно. Треба ли некоја посебна намирница во врска со тоа ? Знам дека кучето си мириса на куче и тоа е во ред, но доколку има некоја намирница или било што кое што би го намалила мирисот ве молам споделете.

    Мојата Хана е многу паметна, за две недели јас веќе ја научив да врши нужда на пелена. Знае што значи кога ке кажам НЕ! и веднаш престанува. Прв пат чувам куче но мислам дека добро се снаоѓам за сега :)

    Ја чувам во стан. Не ми е намерата да ја носам по изложби. Немам намера да ја парам и да раѓа кученца. Сакам да ја чувам само како домашен миленик но сакам да ја чувам како што треба и како што е најдобро за неа.

    Секој совет е добродојден.

    Поздрав :)
     
    На FreeMind и Annora им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам не сакам да го парам и да правам пари од него и да допринесувам во бројот на бездомни животни ми иде да поминам преку компјутер и да те гушнам силно!


    Сакам да прашам кога јадат вашите кучиња ги мафтаат опашите за среќни лево десно или има некое што јаде со паднат опаш како моево? Се мислам дека јадењето му е измачување на моето куче.
     
    На theowndemon, Anastasia.94 и Annora им се допаѓа ова.
  9. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Се испостави дека најверојатно чешањето кај кучето е од аналните жлезди. Од кога му ги исчисти скоро и да не се чеша како претходно. Само што нели тие се полнат пак, а сега со коронава не можам да ја носам цело време да и ги чистат и гледав на јутјуб како сама да и ги исчистам. Има некој искуство со тоа или сепак на ветеринар да ја носам? И каква храна да и давам за да не се појавува проблемов толку често?
     
  10. Anastasia.94

    Anastasia.94 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Кученцево ми има 3 дена пролив. Првиот ден му ја сменив храната па најеројатно затоа. Вчера прими прва вакцина и еве денес уште има пролив. Незнам сега дали му е од вакцината или од храната..

    Иначе го хранев со сува храна Naxos а пред два дена сменив на Farmina N&D grain free.

    Да не случајно му е таа храна јака за него? Тоа е старо 2 месеци.
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    Храната треба да биде согласно возраста. На пакувањата пишува.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anastasia.94

    Anastasia.94 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    На мерење ја купивме немам паковање но на дечкото од пет шопот му потенциравме дека ни треба џуниор за мали кучиња
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    Ако имаш од претходната храна, смени ја.
     
  14. Anastasia.94

    Anastasia.94 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Во ред. А нема шанси да е од вакцината што ја примаше вчера?

    Исто така и ставивме и чип.
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    За нус појави од вакцината, консултирај го ветеринарот.
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.875
    Допаѓања:
    171.198
    Пол:
    Женски
    Дур ја носам и турам храната и скока и мафта со опаш, дур јади постепено го спушта. Океј е, не можи да остани долго превозбуден ахаххаха.

    Јави се кај вет, зошто прва недела после вакцина се најподложни на настинка кучињата, па можи ќе треба да му стави инјекција, а можи само ќе го стави на диета ( ориз, пилешки стек варен, оризова вода). Пошто е ова од Неделата пишано, како е, се среди?
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anastasia.94

    Anastasia.94 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да, супер е сега. Сепак било до храната. Нагло сум и ја сменила и најверојатно била јака за неа иако оваа храна ми ја препорачаа како многу квалитетна посебно поради тоа што има висок процент на месо во неа. И ја смешав со старата (50-50) и така и ја давам сега. Уште одма со првиот оброк се подобри ситуацијата :)
     
    На Slatkish255 и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. MarijaPet1

    MarijaPet1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Исто искуство имав и јас со моето кутре на 2 месеци , му ставаа некои јаки инекции на една недела , му давав антибиотик ,му ставија ампула иако не го носев надвор бидејки немаше примено сите вакцини ... му сменив храна , го мачкав со Белогент (ми ја препорача ветеринарот)... ништо не ми помогна .. Отидов сама во аптека и купив Декотал крема (за алергиски дерматит) ... му ставив на мешето и секаде каде што се чешаше ... веќе другиот ден престана да се чеша ... продолжив да ја ставам уште една недела .. фала богу се нема повторено тоа.
     
    На Slatkish255 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MarijaPet1

    MarijaPet1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво , моето кутре многу мочка :( , мочка додека спие , и да не претерам ама сигурно 20 пати во денот обилно мокрење (инаку има 5 месеци ) . Бевме на ветеринар , со тест за урина покажа драстично покачени леукоцити , пх и белковини во урината . Ни дадоа прашоци Ветаманоза да ги пие насабајле и навечер 5 дена ... По 5 дена немаше никакви промени и понатаму си мочкаше ,направив тест за урина и имаше минимално подобрување .. го буцнаа два пати Линкоспектин и ми рекоа да следам како ќе биде , па ќе видиме дали ке продолжи со терапија и нормално не продолживме со терапија .. Исто е цело време ,а ветеринарот ми вика дека не е опасно ... а веќе ми е жал да го гледам вака , нема осет кога и каде ќе се измочка и бега се крие , страв му е да не го караме :(. Дали некоја од вас имала исто\слично искуство ?
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    14.475
    Пол:
    Женски
    Некој ми оставил мало маче пред врата. Не можам да го земам дома поради другите животни кои ги имам. Му направив “куќичка” од картон и стар пешкир, се смири и си легна. Млекце не сака да се напие. Никогаш во животот не сум чувала маче, не знам да не е мало па да мора со шприц да го ранам... Било каков совет што да му правам е добредојден...