1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Домашни миленичиња

    Душо, пробај вака. Земи го во раце и нурни му го носето во пескота. Да ја осети убаво. Така ќе се поттикне инстинктот за да врши нужда во песок. Пробај и пиши ми дали има напредок. Значи убаво нурни го ако треба и на рака земи песокче и протриј му нежно на носенцето. :*
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    За куче, кога ќе анправи беља ќе му ја доближиш муцката до тоа да мирисне и ќе го удриш со весник по гзето :) и секој пат така, само така ќе научи! Напоменувам дека кога го удираш со весник не го боли туку се плаши од звукот, и треба гласно и грубо да го караш во споротивно тоа ќе ти биде тебе газда! И изнесувај го надвор на секој саат и обавезно коа ќе стане од спиење, за една недела ќе научи ќе видиш ;)
     
    На Negreva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Фала за советот, имам пробано вака :( му кладов од изметот во песокта и да му мириса ми рекоја и ке оди таму, и му ја клавам песокта на местото кај шо се има научено и наместо во песокта то до песокта иии ко ке видам :@ ама ке пробвам пак, се надевам ке го научам со тек на времето, а дури да го научам ке чистам. :) :*
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Вака... имам папагалче машко е, сакам да му земам друштво женско папагалче, па ме интересира дали ќе се тепаат и воопшто дали ќе се поднесуваат. Првпат чувам папагалче па не сум баш информирана. Некој имаше пишано тука дека се тепале папагалчињата и крвови се правеле :D па незнам дали да му земам девојка на моево...
     
  5. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Домашни миленичиња

    И јас имам папагалче и многу ми е паметно 8) а за женска имам слушнато дека требало да го имаш чувано најмалку три години за ако има другарче да не го откачи сопственикот како пријател а мене ми е страв да му земам женска(и моево е машко)бидејки ако умре едното и другото да не умре па после од жал... ;(
     
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Домашни миленичиња

    Според мене, најдобар домашен миленик е кучето. Абе просто обожавам кучиња, поверни суштества од нив немам видено. За нив, нивниот сопственик е бог, го обожаваат, трчаат околу него, кога сопственикот е тажен тие се тажни... Јас досега сум чувала многу кутренца, и две од нив ми починаа :( Едното го чував околу 5 месеци, а другото околу 1 година... И кога се случи ова, прво едното, потоа другото, се разочарав и решив дека повеќе нема да чувам кучиња бидејќи многу ми беше тешко кога ми умреа... :( Ама пусти слатки суштества, не можам да им одолеам, па ова лето си земав едно ново кученце, шарпланинче. И, да чукнам во дрво, живо и здраво ми е :)
    И морам да ги демантирам оние што велат дека кучињата се лоши и касаат, бидејќи тоа не е точно. Јас мислам дека, исто како што можат да го намирисаат нашиот страв, тие можат да ја намирисаат и човечката љубов спрема нив. Каде и да одам, или пак да седам во парк или негде на отворено, сите кучиња и тоа скитници се вртат околу мене, ми се галат од нозете и седнуваат до мене :D Чувствуваат дека сакам кучиња... А имам другарки кои се плашат од кучиња и не ги сакаат, е на нив, ќе се отепаат од лаење :D
    Мачките ми се слатки, ама само заради изгледот, а мачка да чувам никогаш не сум сакала. Некако многу ми се лицемерни, кога се гладни ти се мотаат околу нозе, а одкога ќе ги нахраниш може и да те изгребат :D И па не дај боже комшијата или пак некој друг сосем непознат да им даде храна... Одма тргнуваат по него...
     
    На flowerly, Legadema, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Исто како мене ;) Пред три години само си дојде едно улично куче кај мене во двор и од жал почнавме да го храниме и така си се задоми кај нас. Тоа ми беше прво кученце кое го имав и многу се приврзав за него. Го избањавме, му го сктативме крзното, затоа што целото му беше измрсено, му нарачавме куќичка... После две недели го удри кола, му беа повредени задните нозе, но го излекувавме. Толку многу љубов ни пружаше, што стварно не можам да опишам. Кој чувал куче знае. Незнам како,но ја познаваше колата на дечко ми и секогаш кога се враќав од излегување не чекаше на почетокот од улицата, го качувавме во кола и заедно се враќавме дома. Значи секоја вечер. Некогаш кога ќе отидев во комшии, ми ги земаше влечките од кај комшиите и ги носеше дома. Го чувавме само 6 месеци и после ни го убија, се сомневам на едни комшии. Така повредено, едвај одеше, пак си дојде дома за да си умре кај нас. Го носевме и на ветеринар, но знаете како е во ветеринарните станици во малите места, нит имаат апарати ниту пак свесен ветеринарен доктор. Рекоа не му е ништо, му ставија инекција против болки и инифекција и си го донесовме дома. После неколку часа умре на моите раце. Немате поима колку сум плачела и колку го жалев. Уште ми се насолзуваат очите кога пишувам за ова. После него не сакав друго куче, но тие ме сакаа мене :) Кога одев накај работа, на секое улично куче му купував по нешто да јаде. И така тие почнуваа да ме следат, до работа, до дома и на крај се вселуваа во куќичката на Пако(така ми се викаше првото кученце). После Пако имав чував едно куче кое го викав Боби, тој немаше едно око, но беше многу мил. Него го отруа, исто комшии. Знам кој се, бев да ги прашам, затоа што беше отруен во нивниот двор, заедно со уште пет кученца, и тие без срам си признаа и уште ми велеа оди на суд и докажи. Сега чувам женка, исто најдена на улица, по име Берта. Имам и мачор кој го чувам внатре и со кој сум исто така многу приврзана. сума сумарум, неможам да си го замислам животот без моите миленици, а да имам услови и дозвола од моите верувајте дека би чувала уште пет кучиња и мачиња.
     
    На Ana Chio, kikkki и LightOFF им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Лек за трујачите на кучиња знаете што е?
    Пит бул или некој друг ѕвер, дресура, да јаде само со ваша дозвола и да слуша команди, и го оставам на улица, па нека помине некој од тие трујачи да го распарчи, и да им ги брка и лае дечиштата!
    Е толку сум изреволтирана од таквите говеда, ќе го направам тоа, ќе видат!
     
    На Agata Diamond, The.Princess, Alanna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Домашни миленичиња

    Имав домашно милениче пред 5 години. Мојот најубав мрзлив, дебел, бушав и негуван мачор Мирче! Мирче беше посебно створење, жолт со бело, коси убави очи, бушав и флегматичен. Редовно беше намачкан со силиконски капки од авон на крзното за да му биде меко и го чешлавме, а на шепите (на она што личат на гумички на шепите) му стававме Tender Care од Орифлеим! Навечер кога спиевме, Мирче спиеше со нас и не гушкаше со најубавите шепи на светот... Кога дојде периодот за парење една вечер замина со едни грди уличарски мачори некаде... Го немаше цела ноќ, а тоа не се случило никогаш. И наредниот ден го немаше. Се до вечерта кога добивме вест дека Мирче ни го згазиле на главната улица ;( Немаше шанси некој да не го препознае, беше најубав и носеше ланче со приврзок!

    Од тогаш реков дека никогаш повеќе нема да имам милениче. Ептен се приврзав за него и знам дека истото би се случило и со друго маче (кучишта нејќам и нема теорија да чувам). Ми е жал затоа што немам ниедна слика од него... Како и да е, Мирче ни беше радоста во домот :doh:
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Домашни миленичиња

    доберман- многу влакна ќе прави :worried: не знам, немам простор! ние едвај со ова малово се справуваме :D

    оффи баш ми е жал :( тоа дека домашно маче, па не можело да се снајде надвор! и мојов дома го раниме пустиме чуваме, ама еве веќе 2 години шета надвор, го нема со саати и саати! и одпрва ни беше страв, зашто уличните мачори многу го тепаа, и цело време крвишта дома се враќаше :( ама затоа сега ни е :muscle: во маало, сите му се плашат, абе што да ти кажам :lol: све живо и диво тепа низ маалово- мачки, кучиња хахха опасен е! ама некако не е веќе толку мил да дојде и да си поигра со тебе, нема шанса, дифтар стана :doh: а порано, толку милооо беше, ќе дојдеше, па ќе се гали, ќе преде....
    а јас па не знам, кучињата ги сакам повеќе од мачињата :)
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Домашни миленичиња

    Не го почувавме којзнае колку време... Неколку месеци, ама ептен се приврзавме сите со него. Кучишта нејќам, имам пишувано за нив, страв ми е и нема никогаш да ги засакам.
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Домашни миленичиња

    знам, знам доволно е 1 месец да чуваш некое животинче па да се приврзеш! да имам читано дека имаш уплав од кучиња и не ги сакаш! ист беше и мојот бивши... памтам дека кога и да видеше куче на улица скренуваше :rofl: и него го има каснато како мал, и заради тоа :worried:
     
  13. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    јас сакам да чувам дома чау чау куче,но бидејки живееме во стан мајка ми не дозволува животни дома,влакна ке имало насекаде,миризба на животни......е сега ме интересира дали дома во стан чува некој чау чау и какво ви е искуството,дали се митарат многу,мирисаат ли,агресивни ли се????
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Домашни миленичиња

    Имам папагал,тигрица. Го чувам веќе 8ипол месеца и си се сакаме најмногу на свет :inlove: Зборува премногу и навистина знае да биде досаден. Но толку е питом и паметен што колку и да ме изнервира, кога ќе почне да се гали веднаш ми поминува , ме фаќа на финти :lol:
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Кучињата секако се митарат. Чау Чау имаат доста долго и густо влакно, митарењето е неизбежно, но се се решава. Кога ѓивеат во затворен простор се навикнуваат на тоа па така митарењето не се изразува до толку како кога живеат во надворешен простор. Постојат специјални чешли и четки и со редовно четкање се отстрануваат оние влакна кои што треба да се измитарат и не би требало да имаш поголеми проблеми околу тоа.
    Во однос на миризбата најмногу зависи од тоа како ќе се грижите за кучето. Луѓе чуваат и шарпланинци во станови па нема непријатни миризби. Нема да дозволиш да се умирисува крзното, редовно бањање и миење на шепите после секое носење надвор, освежувач на просториите во домот, четкањето на крзното и ред други работи кои најубаво би ти ги објаснил ветеринар би ја спречиле непријатната миризба во домот. храната на пример има лоша миризба па најубаво би ти било надвор да ја чуваш... секако на почетокот ќе се соочуваш со правење белји низ станот, вршење на нужда и слично додека не го научиш да трпи за надвор... голема обврска е, не е само земи го и дај му да јаде ;) :)
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    ^^^ jaс лично во стан би чувала мало куче пудла, пекинезер, чивава,кокерче нешто такво. Тешко е големо куче во стан.
    Мнооооооогу треба и грижа и внимание и трпение.
    Ич не е лесно. Како да чуваш дете, верувајте.
    Чау чау е прекрасно куче. Се митари многу, посебно на лето. Пролет-лето почнуваат да се митарат, топло станува и кожата ги исфрла непотребните влакна. Јас со самојадот не може да замислите колку влакна имавме летото, со секојдневно чешлање и пак има. А и во бокс во двор го чуваме. Знам што чуваат внатре самојади, велат дека многу имаат влакна. Така да долго влакнестите кучиња не се баш поволни за во стан, верувајте ќе збудалат родителите ваши.
    Плус големиве кучиња имаат многу енергија, мало и да скока и рипа нема да направи многу беља, големово да скокне може се да испокрши :lol:
    Јас до 4 месеци дома го чував и напорно беше. Плус треба неколку месеци период за да научи да мочка надвор само или на тараса на посебно место. Рачунајте да ви мочка по дома, а и да ви кака. Па и да ви јаде се по дома. И да лае. А недај боже да не сте стално дома, лом ќе е кога ќе се вратите.
    Затоа за во стан мало куче, за поголемо размислете неколку пати.

    Само да ви покажам слики од влакната на Рики летово. Сестра ми ги чуваше од неколку чешлања.

    Пред митарење
    [​IMG]

    По митарење :rofl:
    [​IMG]

    А мора да измитари, мора да се чешла, бања... ако не ги исфрли влакната може да се исфрли, црвенила на кожата итн. Сум слушнала и поради нечешлање на одредени кучиња толку им се влошила кожата што ги бричеле скрос.

    Сеа кога залади нови влакна му пораснаа на Рики, сеа има повеќе и од првата слика ;)
     
    На Gordana10, meU, girl1985 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Леле rossonerka како овчичка да чуваш :) Ама многу е убаво, а гледам и дворче имаш. Барем во лето може да си ужива во дворчето .

    Јас за моето куче имав чешел и скоро на секое шетање го чешлав, дома не ми оставаше влакна, а знаев и да го потшишам во лето. Во секој случај не можам да кажам дека се митареше многу, па јас повеќе се митарев од него :emo:

    Е сега овие раси како чау чау , германски овчари и други нормално е многу да се митарат, сепак е животно и таква му е расата.
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    Па ние и внатре кога го чувавме одвај чекаше надвор да отиде да шета. Сака надвор да е. Внатре само на плочки и паркет спиеше, топло му е. Е летово у жештините го пуштавме внатре под клима си уживаше.

    Иначе едни комшии донесоа на 1 ден мала овчичка, јагненце требаше да го заколат за јадење и неколку сааати во двор им беше. Го однесовме Рики да го види. Не знаеш колку беше среќен. Мислам дека мислеше роднина дека му е :rofl: :rofl: :rofl:

    А што раса имаш ти?
     
  19. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Домашни миленичиња

    Имам едно битно прашање, внимание ќе ве молам :lol:
    Имам пит бул, стар 4 месеци (бепчето мое), ама имам еден проблем :( Не сака деца :( Како е ова можно, и дали има некој на кого му е позната оваа ситуација. Пр: доаѓа детето од комшиите и воа му ржи, а предходно го немавме чуено така, потоа доаѓа внук ми... и него го посматра го следи во чекор, и трет пример исто братучед кој е 7 години и му викам ајде даде да си играме со кучето и кога го пуштив кучето и него почна да му ржи... Умрев од нервоза, што ли му е????? А спрема другите луѓе е мирна овчичка.
    Имав слушнато една теорија дека не сака деца, зашто им е љубоморен :worried:
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Она што јас го знам за пит булите е дека имаат доза агресивност во себе, која мора да биде неутрализитана на време(значи сега додека е мало) зашто после множе да ти направи проблем. Обиди се на некој начин да ми покажеш дека нема потреба од агресивно однесување кон деца. Нека биде во друштво со деца(секако под твоја контрола), ако треба и заштитна маска можеш да му ставиш и на секое негово ржење опомени го или удри го(не силно секако, за да не има контра ефект), а кога ќе престане да рже награди го со храна или со нешто што знаеш дека сака. На National geographic даваат прекрасна емисија за дресирање на кучиња и тој типот што ги дресира Цезар има цела глутница кучиња во која има неколку пит були и во една прилика тој кажа дека пит булите кои се добро издресирани и урамнотежени кучиња можат да бидат едни од најсталожените и најсмирените кучиња. Друго што ми падна во очи од гледањето на таа емисија е дека за однесувањето на кучето најмногу е виновен сопственикот. Значи ти треба да ми бидеш ЛИДЕР на кучето, а не тоа на тебе. Затоа не е пожелно големо размазување на кучињата, посебно оние кои по својата природа се лидери над другите кучиња. Погрижи се кучето да го шеташ минимум еднаш во денот, за да има каде да ја истроши својата енергија. Друго незнам што да ти кажам, погледај ја емисијата, секој ден(освен сабота и недела) во 18:00h. А исто така можеш и да го најдеш на you tube или на неговата веб страна, напиши на google - dog whisperer Cesar Millan. Се надевам дека ќе ти биде од помош :)
     
    На Agata Diamond му/ѝ се допаѓа ова.