Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Најдобро е да ја однесеш на ветеринар и он да ти каже за што точно стнува збор :)
     
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Најдобро за секое куче е да се храни комбинирано, значи квалитетен дехидрат + домашна храна приготвена специјално за кучето без зачини.
    Јас на Луна и давам 2 дена дехидрат, па 1 ден домашна храна, па пак 2 дена дехидрат.....
    Но немој да даваш истовремено дехидрат и домашна храна измешана, или цел ден ќе биде на дехидрат или цел ден на домашна храна :)
    Од домашна храна мислам дека знаеш што треба да се дава (ориз + пилешко месо, туна/сардина, палента, јогурт...) :)
    Телешките коски се НАЈдобри, ем ја зајакнуваат вилицата, ем ги чистат забите, ем нема никакви негативни здравствени последици, (заразлика од пилешките и коските од риба).

    Во врска со кастрирањето...
    Ако во план ти е Леа никогаш да не ја спариш, тогаш дефинитивно е подобро да се кастрира.
    И изгушкај ја и баци ја Леа од мене ;)
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Уна обожава палента, еве погоре прочитав дека спаѓа во категоријата на дозволена храна, но не бев сигурна. Моите често и даваат, затоа што се дави во неа, ориз исто така сака, за благо е луда, но забранетото е најубаво нели :)
    Сега јас да ве прашам вас феминки, што чувате женки кучиња :) Мојава доби, и ете исто како мене, повеќе јаде, и се оди по надвор и слично. Не можам да ја шетам претерано зашто иам искуство со напалени џукели во маало, за маалце ќе беше силувана :) Кучето си доби клоца од мене, иако нејќев немав друг излез, ми проработе и мене мајчинскиот инстикт :) Ова и е втор циклус, и минатиот го третиравме нормално, само со повеќе храна за стрвлето и пелени да не ми праи лом по дома. Ме интересира дали треба дополнителна нега за куче додека има добиено, некои витаминчиња и сл?
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Доберман колку е здраво да се бањаат кучињата во езерце во парк?
    Јас го носам секоја недела има едно 10тина кучиња се лабрадори ретривери и сис е бањаат :D
    Водата е прилично гадна ама што да им праиш.... :)
     
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Не е здраво ти да влезеш да се избањаш, одма ќе се испонафрлаш :) Куче си е куче, и мојава се диви и во Вардар има влезено неколку пати.. па кога е пуштена од каиш салта праи, па зошто и да не си попливка. Само обавезно и превентивно веднаш ќе го истушираш со кучешки шампон, или само со млака вода, доколку неодамна е бањато.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Апсолутно,никако капење!
    Обавезно да се вакцинира,редовно да се прочистува против глисти,да се чешла по потреба,да се храни со комбинирана храна (и готвена и специјална)...Воглавно,тоа е.
     
  7. MiDnIgHtLaDy

    MiDnIgHtLaDy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    Мачката(која инаку ја чувам во двор) се омачи пред 2 месеца.Роди 3 женски маченца.Е сега, од вчера мачињата не јадат ништо,едното има пролив ,само денеска пиеа малку млеко и само спијат.Незнам што да им дадам...некое апче? :?: :worried:
     
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Да не ви фрлил случајно некој отров во двор? :worried: Инаку животните се многу попаметни од нас ( а и повеќе имаат можност) па кога е вакво времето тешко мн спијат. Инаку можеш да им дадеш апчиња за прочистување, побарај во аптека има повеќе видови кои и да ти ги дадат се ок, само напомени дека се за мачиња. Не се скапи, а треба да им даваш и нив и на мачката на секои три месеци. Нив давај им по 4тинка, а на мачката малку поголемко делче ама никако цело, најмногу половинка :!: . Ако имаат глисти ќе имаат пролив додека се прочистат, а ако не нема да има посебни реакции. Инаку мачките во глобала тешко поднесуваат кравјо млеко, подобро давај им јогурт, кисело млеко или павлака. Се надевам ќе бидат подобро :)
     
    На MiDnIgHtLaDy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски

    Ама па и ти, одма филмови да се правело :) Не е убаво отрови да спомињаш, еве јас како ептен љубител на животни, некој да ми даде само таква идеја, веднаш ќе испаничам.
    Па малечки се, нормално е да спијат цело време. Башка и периодов не им одговара затоа што е топло и не се расположени најчесто. И апчиња за прочистување глисти се даваат кога ќе имаат два месеци, а тоа е сега најверојатно, и можеш слободно да им дадеш. 35 ден е таблетка, и ќе им ја поделиш затоа што се мали и најверојатно убер лесни. Ипак консултирај се со продавачот од пет шопот во твојата близина, тие се најинформирани. И би било океј да ги однесеш на ветеринар, сега се во период кога можат да фатат заразни болести, бидејќи напомена дека ги чуваш во двор. Добро е да те советува едуцирана личност, ќе ти каже како најправилно да ги храниш и така :)
     
    На MiDnIgHtLaDy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Зашто да не се бањаат мачките?!? Јас имам мачор кој спие дома а излегува низ маало да брка мачки и го бањам секој месец затоа што ме можам да замислам да спие со мене а да не е бањат. ;) Има 2 години па е жив и здрав, и планирам да продолжам да го бањам, првенствено поради здравјето на домашните а и поради наездата на крлежи која е во ек.
     
  11. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Девојки, сакам да ве прашам што да правам со кучето ако тоа се напило од раствор со прашок за перење?
    Ќе му се случи ли нешто или да не се грижам? :(
     
  12. invincible.06

    invincible.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    21
    Си купив желче мало водно пред некој ден многу е слатко ...душааа сакав да прашам да ми објасни некоја поискусна феминка колку ракчиња да му давам на ден зошто првпат чувам желче и да ми објасни на кратко каква вода да му ставам и за колку време да му давам од тие смоки што се купуваат за нив ...стварно сакам да му биде убаво :$ ..нека ми пише некој ЛП ...плиззз :inlove:
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Некој да ми препорача некаков шампон за болви кај куче ,фатила болви иако пред само две недели и ставав Фронтлајн. Е сега проблемот е во тоа што имам мало дете ,а и плус јас сум бремена (на ветеринар ми дадоа некое средство ама многу силно мириса на бензин и мене многу ми се лоши од него :( :puke: .
    Или пак да ве прашам има ли некое место во Скопје мислам на оние каде бањаат кучиња каде би ја истретирале кучката? Доколку некој знае би молела за телефон и информации во Л.П.
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    За едно желче во тек на ден ти се доволни 3-4 од големите и 10 тина од малите ракчиња кои можеш да му ги даваш на два пати во еден ден.Од смоките исто по 3-4 .Водата во моментот кога ја менуваш треба да биде млака ,а за некое време ќе се изнивелира со собната температура.Пожелно е и да го сунчаш по малку односно посудата вокоја се наоѓа да ја ставаш на сонце по едно половина час(не на најакото сонце и внимавај водата да не се прегрее)
     
  15. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Имам две кучиња кои баба ми ги држи на диета.Една корка леб од сабајле и толку :?:
    Кога ќе јадам јас знам да им фрлам по нешто ама не е тоа толку често,додека мачето живее како бег.Кога ќе ме види како јадам или додека ги собирам садовите тропам и мачето мисли јадам трча па коа ќе почне да мјаучи како душа да испушта (морам да му дадам нешто да го залажам за да го избркам преку врата) е тогаш ми иде да го згмечам :@ И не дај боже да го отворам фрижидерот ич не се мсли ќе влезе |( ..Ама од сега надвор го чуваме. ]:)
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    ^ Една корка леб е многуууууу малку за кучињата на ден! Не смеете на толку да ги држите. Ако живееш во иста куќа со баба ти т.е. кај што се кучињата купувај им кучешка храна, макар од најефтината и давај им по една рака на ден ако не повеќе. Или ако не си во финансиска можност да им купуваш таква храна тогаш барем од ручекот што останува разделувај им го ним. Греота се на парче леб да бидат цел ден иако во летниот период може да не јадат многу поради топлото. Сепак не оставај ги на толку!
     
  17. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Да заедно живеам со баба ми ама она се грижи за нив бидејќки ако останат на мене ќе заборавам да ги наранам.. :lol:
    Јас сум за да купиме храна за кучиња ама ако му кажам на тато ќе ме поглдене вака :^) |( (имаме разговарано на темава)
    Ама да имаш право и јас тоа го знаев ама не обрнував многу внимание сеедно ми беше.Што е најтрагично свесно го правев тоа. ;( Немора да купувам храна ама можам да му дадам нешто од дома.Ветувам ќе се поправам. :!:
    :$ :$ :$
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Има во Тинекс кај драмски некоја храна за кучиња која 500грама е 49 денари,ако ништо друго барем таква земи им,или пак кај ветеринарите или во продавниците за миленичиња има рефусна храна на Чапи која е 100 денари 1 килограм.
     
    На Sm.real му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074


    За ваквите као ти и твоето семејство треба да постои зоо полиција. Што чувате кучиња тогаш ако немате услови? Немате малку жал за нив!
    Срамота и греота!
    :x
     
    На Sense и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ќе заборавиш на нив, татко ти не знам како ќе те погледне ако побараш да купиш храна за двете кучиња кои можам да замислам како изгледаат, а тебе ти било сеедно за тоа како се хранат тие?? Па зошто ги чуваш????????????????????????????
    Ги измачувате, ги малтретирате со давањето на толкаво количество храна!!!!! Замисли се себеси, баба ти или татко ти да седите со една корка леб цел ден, надвор!!!! Ма ајде, не ми леј ;( сега и побрзај со подобрување на односот кон животните кои ги „чуваш“ дома!!!!