ЗдрАво , да ве прашам какви дезодеранти користите за неутрализирање на миризбата од урина на кутрето ? Сега веќе почнува да се учи надвор да кака и да моча , ама се случува да се помоча и дома . Читав дека тоа е оти осеќаат миризба . Пред тоа кога и да се измочкаше чистев со обично средство , ама читав дека има посебни средства за неутрализирање на миризбата .
Најдобро е со оцет или сода и оцет. Јаки сретства не се препорачуваат поради тоа што нивниот мирис може да ги привлече да мочкаат пак таму. Мислам дека немаш потреба од други специјални средства.
Ej zdravo , kutreto kaka kako proliv ... ama ne kaka cesto ... tri pati u denot , ama tecno e kako proliv .. od so moze da mu e taka ?? ☹️☹️☹️☹️
Неправилна исхрана, со што го храниш? Доколку е со домашна храна големи се шансите да реагира на тој начин, пробај со поквалитетна сува храна. би требало да има подобрување. Исто и виршли и салами, млеко, коски, никако не се даваат....на моето се од набројаното му предизвикува проблем со стомакот.
Тоа му е до исхраната мислам. Моето кога го земав какаше првите два дена како пролив цело време и јас по тоа сфатив дека не е убаво хрането. Кога почнав да му давам храна за кучиња веќе не му се случи да има таков измет.
Дечко ми чува маче во двор, нареден месец ќе наполни 1 година. Во моментов е бремена, но не знаеме точно до каде е со бременоста. Пределот окол градите/стомакот и' е огромен, во долниот дела нема влакна, а има некаков вид на иритација/рана. До вчера се' беше супер, денес нема воопшто апетит, речиси ништо не јаде и забележавме крв околу вагината. Дали можеби тоа значи дека започнува да се пораѓа? Спојлер: Слики
Здраво, Ве молам за некој совет во врска со следново. Кученцево мое е скоро 3 месеци старо, хаски. Го чувам 2 месеци, многу е мила и послушна но кога ке и дадам за јадење почнува да ржи и малце тоа ме загрижува. Мислам дека не би требало да ме ржи нели? Ме слуша за се друго. Ако прави нешто што не треба и и повишам тон веднаш престанува, има страв и од мене и од дечко ми (заедно ја чуваме). И ставам храна во тањирчето и викам СЕДИ и веднаш седнува, ја ставам храната пред неа и додека не и кажам АЈДЕ , не почнува да јаде но одкако ке и кажам АЈДЕ и почне да јаде, ако и се доближам до тањирот или ако ја допрам неа почнува да ржи. Се што е можно пробавме, но она не се откажува од ова. Пробавме и да ја удриме неколку пати додека ржи за да престане ама не престанува. Во тој случај само престанува да јаде , стои врз тањирот преуплашена со свиткани ушиња и ржи, не јаде. Мислам дека не разбира дека ја караме затоа што ржи. Во тие моменти имам чуство дека мисли дека ја караме затоа што јаде. Пробав и со убаво, и давам храна од рака малце пред да и го дадам тањирот, нема никаков проблем но пак, во моментот кога ке и дадам знак дека може да јаде од тањирот, она почнува да ржи додека јаде ако сме во нејзина близина ( значи немора ни да ја допраме), само да и се доближиме до неа почнува да ржи истовремено додека јаде. Ве молам дајте некој совет како да ја одвикнеме од ова додека е мала. Ми е страв дека може да не касне кога ке порасне
Ќе се породи скоро, а раната и ја третирате? Греота е вака отворена рана да и стои, мачкајте ја со нешто, сега со мачињата може и многу да се иритира.
A sto da mu davam da jade , menuva zabi i ne moze da griza .. Ja odbiva negovata hrana tvrda mu e , lebce ne saka , jogurt ne saka ... ne znam so da pravam veke ....
Ориз со зеленчук (тиквица, компир, батат, морков, грашок, брокула не смее кромид и лук). Можеш круша или јаболко да додадеш дава шмек без сол. Од зачини куркума и магдонос смееш. Можеш мелено месо телешко со шпагети болоњезе. Сите тестенини само со маслиново. Лазањи со јајца и павлака. Тиквици полнети со мелено и павлака. Можеш чорби ако ти јаде, пилешки срца добро сварени. Месото можеш секогаш со зеленчук, без коски, без свинско. Тестенини и ориз од рижото до обични потпечени. Палента, просо исто сварено на бебешки начин. Тие намирници ги мешаш цело време.
Имам мачиња, вчера ми се родија. Цицаат и добри се сите. На мајката треба ли да и се даде нешто посебно после пораѓај сега?
Ја мачкаме со маст од невен (ама па нонстоп се лиже). Не и' е отворена раната, напротив, закоравена е. Иначе, нема мачиња денес, но она е супер, повторно си јаде, весела е, шетка.
Здраво Имам мачка ја чуваме во стан 5 години скоро. Редовно вакцинирана освен последнава година. Е сега последнава недела почна да се чеша и примери до кај устата има како раничка и малку подуено и како црвенко и е .Ја намачкав со кантарион малку. Некој совет некој што знае да ми даде, што да правам Фала многу.
И мојот И еден од моите мачори се чеша и почна влакното да му паѓа, ај шо се митарат така и да има црвенила на устата. Лани така со мачката, ја боцнавме и се оправи, исто се чешаше. Ништо страшно викни ветеринар или однеси ја, ќе ја боцнат ќе се оправи. Мачорот мој ќе оди на боцкање...ништо страшно.
Ми се роди кученце без очиња, браќата и сестричките веке една недела ги имаат отворено, ова не. Не знае како да се снаоѓа, не можам сега да го носам на ветеринар поради ситуацијата со вирусот. Дали некој има искуство и дали некој знае да ми каже дали е осетливо на светлина дали распознава светло темно нешто. Стварно не знам како да му поможам...