Mozno li e od so menjava zabi kutreto nepcata da mu se po osetlivi i koga silno grize nekoja igracka da mu tece krv ?
Како велат „Домот не е дом без милениче“ па така и ние планираме да си вдомиме кученце, па имаме прашања за вас кои веќе имате милениче со цел подобро да бидеме спремни: - Колку често ги носите на ветеринар и колку сте задоволни од грижата што ја добивате? - Работат ли амбулатнтите после работно време или за викенд? - Која храна/бренд би ја препорачале? Додатоци, витамини итн. - Што најчесто купувате во пет шоп - играчки, награди итн.? - Со кои здравствени проблеми се соочува вашето милениче? - Има ли разлика во цените помеѓу различните ветеринари и во квалетот на услуга? - Кое време е најдобро за кастрација и колку чини орентационо? Ви благодарам и ви праќам слики штом го земеме нашиот нов член на семјството.
Сакам да си купам хрчак па ако може некој што чува да ми каже нешто повеќе околу грижата за него? Со што треба да се храни,колку често треба да се бања,дали многу мириса,дали е погодно да се чува во стан итн..И дали сака да се гали? Преслатки ми се
Здраво, сакам да прашам за мислење за вдомување на кученце од расата Хаваназер пудла? Дали некој што има такво кученце може да ми пише? Благодарам однапред.
Здраво Ве молам за совет и помош. На работа имаме кучка и две мали кучиња. Имаат премногу крлежи и им паѓаат кај што лежат пред вратата и можно е да закачиме некој е сега собравме некоја пара да купиме некое средство против крлежите да ги спасиме колку можеме. Површината ја испрскавме со еден отров ектанон од земјоделска аптека го зедовме, е сега што за нив. Кажете ми отприлика колку ќе не чинат ампули за две мали кутриња од по 3 месеци и по некој 4-5кг, и возрасна кучка од 2 годинки и 10кг, колку време имаат ефект ампулите и дали некој знае некој бренд конкретно да препорача. И друга опција колку би коштале ременчиња. Ќе одам на вет во понеделник но ако може некој да сподели инфо да знам што да очекувам, бидејќи немам многу искуство во овој дел. Фалааа
Кученцето ми има температура. Мало е, околу месец ипол, до пред 2 дена си беше супер, од вчера некако воопшто не е весело и игриво, само стои како натажено и ме гледа. Кога го фатив осетив дека има температура и тоа баш висока, гори целото. Што би можела да му дадам? Не знам дали работаат ветеринарните, ама ако случајно некоја има број од било која ветеринарна нека ми пише.
Здраво ве молам за помош итно . Кучето откако станавме се однесува чудно , јадеше сабајле варено пилешко но некако поспоро , цел ден ме гледа чудно и тажно . Ја изнесов до двор но не сакаше да трча да игра . Сабајле посекако ке ја однесам на ветеринар , но дали некој змае што би можело да и е ? Крвта и ја проверив пред два месеца и беше во ред . Не ја шетам овој период од карантинов ја пуштам во двор . Фала однапред
Здраво девојки, Имам златен ретривер па ме интересира ако може да ми препорачате добар салон во Скопје за целосен третман(потшишување, бањање, сечење нокти, чистење уши и сл.)
Како се викаа тие каивчињата за болви и крлежи? Скалибур или така нешто...? колку пари се? Колку време траат? Ефикасни ли се? Му стававме ампули на моето ама не сум ич задоволна...месец дена како не го шетаме кучево поради коронава а пак секој втор-трет ден е полно со крлежи...од каде му доаѓаат? Во дворот немаме трева а и комшииве околу нас искосена им е...
Не сум слушнала за тие каивчиња, меѓутоа прочитав доста позитивни критики за Форесто околувратници. Малку сум скептик за таков вид заштита, мислам дека Фронтлајн ампула би завршила работа. Инаку периодов врие од крлежи, не само кај милениците, туку и меѓу луѓе. Ќе се воздржиме од прошетки низ зелени површини.
Според мене Форесто се многу подобри од Скалибур. И кај мене беше истата ситуација, ампули секој месец и постојано имаше болви и крлежи. Со каивчето буквално се преродивме. Според мене многу се ефикасни, иако и јас на почеток бев скептична. Цената му е околу 1800-1900 денари за куче под 8кг, и нешто поскапо за куче над 8кг. Водоотпорни се и траат 7-8 месеци, што значи скоро цела година, со оглед на тоа дека на зима нема проблем со болви и крлежи.
Денес на моето куче му е дијагностицирана лајшманија,се надевам знаете за што се работи,некој да има искуство и знаење со ова и дали е опасно за нас луѓето,како што читав не е добро .
Секој ке ти каже различно , јас користам ампула .. каивче не сум користела , тетка ми купи Форесто за кучето и не беше задоволна ... затоа не сум купила
Дали има некој тука што чува Бишон кученце? Сакам да дознаам нешто во врска со тоа каков тип на храна јаде и како им се движат цените пошто слушнав дека им е потребен највисок квалитет а баш ги сакам како раса... дачи би бил добар избор за личност со буџет(и студент)?