Зависи од расата на кучето. Ако е голема раса и го чуваш надвор подобро е ремче, ако е мала раса ампула. многу ми е жал таа е тешка болест, ќе треба да го носиш на терапија секој ден знам и дека има некој лек ама е скап. Прашај ветеринар. И не е опсасно кучето заболено за луѓето.
Ако може совет што да направам до понеделник до посета на ветеринар. Се работи за малтежерче, 40 и нешто денови има. До вчера си беше супер, а вечерто поврати малце и од тогаш еве и сеа, малаксано е, претежно спие и одбива да јаде. Само малце вода проба, ептен малце.
Најдов у меѓувреме ветеринар и го однесов, го боцна антибиотик ама ништо конкретно не ми објасни. Температура немало. Ми рече млеко да му давам. Обично. А нели не смее млеко обично да им се дава или ? Денес немаше повраќано а вчера ппврати така густо како несварена храничка.
И јас знам дека млеко не треба. Моето исто така само што имаше и крвава столица му дијагностицираа парвовироза, го носев на инфузија секој ден и закрепна. Таа е опасна болест и ги зафаќа мали кутренца. Битно е да не дехидрира. Давај му вода со шприц, моето не јадеше на сила му дававме.
Раната веројатно од што и се ширело стомачето, но треба да се третира. Мислењево е старо,може се породила мачката до сега. Обожавам мачки и доста имам читано за чување и породување. Мачето може да е цел ден игриво и во текот на ноќта да се породи. Она може да испушта звуци а може и не, највеќе ќе познаеш кога ќе почне да ги витка задните ноџиња затоа што кога ќе се пораѓа она мора да седне односно со стомачето да гледа накај тебе. Ќе и годи ако ја галиш по мешето додека раѓа влевајќи и уште повеќе сигурност. Треба време и адаптација,а ти мора да внимаваш дали ќе ги прифати мачињата или ќе ги отфрли. Важно е мачката да се следи деновите околу пораѓајот.
Нема ова крвава столица, најмормална. Само да издржи до понеделник, ќе го носам кај друг ветеринар, пошто овој беше катастрофа од човек прво па после и од ветеринар. Фала ти мн.
Не би требало не знам, си пиеше најнормално. Еве сеа поврати малце како чиста водичка, може тоа од инфузијата што му даде овој преку уста. На тој кај шо го однесов треба лиценцата да му се земе.
Епа ризикувате да ве касне со тоа што ја удирате. Никако удирање, и сама ко што кажа, не сфаќа дека ја караш за ржењето. Не смее да ржи. Ама треба да знаеш дека ова е пречест проблем кај кучиња и не значи дека кучето е агресивно. Се решава лесно. Гледај го како природно однесување. Природно е кучето да има инстинкт да ја брани храната. Не е ништо патолошко. Прво, стави храна малку во чинијата. Останатиот дел ќе го фрлаш одозгора ама од далеку. Пример, 3 метри. Му фрлаш храна пред него. Од далечина каде нема да ржи. Секој ден ќе се приближуваш малку по малку до него, се додека не ржи. Ако ржи си преблиску, и повлечи се наназад. Не мора да ја фрлаш храната во чинивчето, и на земја фрли ја (поставете најлон или нешто ако сте дома, ако сте надвор ви двор). Идејата е да сфати дека нема да му ја земеш храната. Прави го ова се додека можеш да се доближиш до 1 метро без да ржи. Ова го правиш стоејќи без да мрдаш. Следно, му фрлаш храна и мрдаш околу него. Се движиш малку, правиш мали чекори, или мрдаш стапала. Ќе биде нервозно бидејќи нема да знае што да очекува, како ќе мрднеш следно. Ако стоиш на 2 метри и ржи, повлечи се на 3 метри. Пак приближувај се секој ден по малку се дури можеш да стоиш до него и да мрдаш без да ти обрнува внимание. Следно, го погалуваш на задниот дел од телото дури јаде. Внимателно многу. По мали допири секој ден. Да се навикне дека твојот допир не значи дека му ја земаш храната. Би требало после ова да не ржи. Немој да му ја редиш храната во чинивче и да ја чепкаш или да му се приближуваш бидејќи кога ќе заржи и ти се повлекуваш, му даваш знак дека кога ќе заржи може да те избрка и да си ја јаде храната. Можеш да пробаш да му даваш храна од рака, да не ги поврзува твоите раце со земање храна туку давање. Има многу совети по интернет. И аман не го тепајте. Ќотегот е полесниот пат секогаш, ама ако сакаш да му е и него убаво и вас ќе мора да се помачите. Кучињата релативно лесно се тренираат на се. 3 месеци кутре е бебе и нема нешто кое не можеш да го научиш. Само истрајност и правилно тренирање. Што помладо е кучето тоа е пократок периодот на тренинг. А вашето е премладо, за 2 недели можете да го одучите од ржење.
Тоа е болест што ја фаќаат од мушички . Има терапија но е поскапа околу 200 евра ако не се лажам . Опасно е реагирај побрзо . Какви симптоми има?
Ќе преживее само хидрирај го често и на ветеринар за терапија секој ден треба да се носи. Обрати му повеќе внимание.
Прима терапија? Тоа парвото гадно е маме му ебам, пред некоја година хаос направи низ Ск. Знам дека порачуваа антибиотици од Бугарија, тука немаше.
Оф срценце Мораш да го носиш на инфузија секој ден, и никако не го оставај без вода и храна давај му на сила со шприц, нека повраќа нека кака ама најбитно е тоа.
Утрово одма после тестот прими терапија, серум и инфузија, ако ептен е лошо на 12 часа ќе го носам, иначе секој ден. Дома на секој час во шприц чај од нане со мед и оризова вода. Се изнамачи кутрото, срцето ме боли, само да се спаси