Ќе се спаси и јас имам познати што имаа парво и им преживеаа кученцата, само упорност и пазење на тоа што кажува ветеринарот.
Не чувам Бишон, но добро сум запознаена со расата. Најбитно е да избереш одговорен одгледувач кој ги тестира своите кучиња за генетски болести и одгледува кучиња по стандардот на расата. Имам искуство со кутриња од штанцери и профитери кои имаат проблеми со ушни и очни инфекции, лош квалитет на влакно и воопшто не е хумано ни за сопственикот ни за кучето да минува низ тие проблеми. Доколку сакаш, во ЛП можам да ти препорачам одгледувачи или идни легла. Друга битна работа е да не го купиш импулсивно. Разгледувај опции и истражувај за расата, заштеди доволно пари за почеток. Освен храна која во просек ќе те чини 20 евра месечно, ти требаат и добри алати за влакното на кутрето. Влакното треба да се одржува и темелно да се четка 2 до 3 пати неделно за да не дојде до заплеткување, а кутрето треба да посетува професионален грумер месечно или минимум еднаш во два месеци (третманите може да бидат од 600 до 1200 денари, зависно каде го носиш и каква е состојбата на влакното кај кутрето пред третман). Месечна заштита од надворешни паразити би била барем 300 денари. Од прилика, месечно ќе ти требаат околу 50 евра за кутрето.
Истражував дури мислам и претерав, у слободно време некоаш отварам за различни раси и така си читам па дури и на редит колку да дознаам како им е нивното искуство и си берам информации. Бишонот сепак најмногу ми се допадна особено што не се митарат и немаат тенденција за лаење, па дури и редовното шишање на долгата коса би ми било како еден вид рекреација. На почеток ќе го однесам да го средат а после ја фаќам. Така да голем товар ми се симнува у таа смисла. Фалаа не се мачи јас си најдов веќе, утре би требало да го земеме, еве полнокј а јас уште разбудена и такаа сега неколку дена, се тренирам да бидам перфектна мајка ахахаха. Ама ако си од Скопје би можела да ми препорачаш пет шоп што не е многу скап и кај што има повеќе избор ептен би ми помогнало Слушнав за пет шоп фауна центар кај соборна и откако ќе почне факс баш блиску ќе ми дојде ќе жожам и редовно да го посетувам
Пет шоп не знам, но грумер дефинитивно Ашаја ексклузив (побарај ги на фб). Од пристап, од однос, од хигиена, од се им е на највисоко ниво. Топло ти ги препорачувам.
Јас имам бишон и сами го шишаме,лесно е бидејќи влакното е многу виткано и да утниш малку не е страшно ,телото го шишаме со машинка а главата со ножици посебни заоблени на крајот,од али експрес ги нарачавме. Прекрасна раса на кучиња,премили,игриви и препаметни. За храна не можам да те советувам бидејќи и ние уште не сме нашле добра,мака мачиме со обоените делови околу очите,супер бел беше,доби пролив еднаш и сменавме храна од тогаш почна да пигментира,го вративме на старата ама ништо пак,сеуште сме во потрага по решение.
Фауна центар се супер, навистина добро опремени. Таму наоѓам храна за, што би се рекло, набавна цена во другите пет шопови. И јас дома го средувам моето куче, така да ти препорачувам да вложиш во добри алатки и да побараш помош од твојот грумер за да го одржуваш влакното здраво и правилно. На почеток се прават многу грешки, но секогаш е полесно кога имаш искусен човек да ти помогне.
Те молам ако може во лична порака да ми препорачаш грижливи одгледувачи. Благодарам @Stressed Out, со каква машинка го шишате кученцето, сакам сама да почнам и дали прави проблем за сечење нокти?
Со старата машинка од маж ми хаха обична за коса,нокти исто сами сечиме,нашиов е премирен дури и седи како бубаче дури го сушиме со фен
Постојано си го носи. Ако памтам добро, ветеринарот ми кажа дека каивчето делува после ден до два од ставањето, што значи не е опција да се става и да се вади, туку постојано да го носи. Според мене каивче дефинитивно. Ампулите траат само еден месец, што значи треба да му ставаш нова секој месец. Настрана тоа, ми се случи по два дена од ставање на ампула, да му најдам крлеж. Каивчето го има веќе 8 месеци (треба да му го сменам), но не се случило да му најдам ни крлеж, ни болви.
Aман бе луѓе, со што се чистат т.н feline acne кај мачка? Некој евтин а ефикасен третман? Да не е ампула само. Ми треба нешто до 80-90 денари. Брз одговор ми треба, затоа пишувам овде наместо во темата. Мака измачивме година дена. Ќе му го променам танирчето, знам дека е до тоа, ама меѓувреме ми треба да му ги средам црните акнички под брадичето.
Ееее се извинувам заборавив да ви пишам. Вчера и ја прекинаа терапијата, оздравена е Велат имала среќа што мн брзо одреагиравме. Полесно се дише сеа Фала ви за советите и добрата мисла.
Мачорот ми е попоспан од обично. Од вчера вечерта некако. Дента беше весел и трчаше ама сабајлето не јаде колку шо обично јади храна. Вечерта јаде пилешко и одбиваше храна. Сега е многу поспан и само по малку јади. Јади награди ако му дам или нешто друго и не храна. Се думам да му пишам на ветеринарот или треба да почекам бар 24 сати да поминат вака пред да му пишам ( така читав на нет)? Ми е да не има некаква мака, обично е ептен раздвижен мачор и пак се движи ама значително помалку. Додуша вчера и денес е прееежешко. Али сепак ќе пишам на вет бар да знам утре дали работат, ако работат ќе му закажам утре за да го надгледвам до тогаш, а ако не работат ќе одам да го види денес. Мачката јади ама та има и поголема потреба оти дои па можи жешкото и толку да не ја тинтари за храна.
@theowndemon Жешко им е и не јадат. И мојот не јаде на жешко само лежи. Мислам дека ништо не му е почекај да видиш денес каков ќе е. Инаку дојдов и јас да прашам нешто за мојот мачор. Ептен ме загрижи денес. Инаку има 2 години, јаде многу често (не јаде мачешка храна пошо така го научиле) и ептен е весел. Шета по комшии и игра со други мачиња и се тепа. Денеска од сабајле од 6 часот почна да мјаука толку силно како да му се случува нешто. Беше качен на ѕидче во дворот и од таму набљудуваше што се случува во сокакот. Не прекина да мјаука оди и мјаука и тоа како да плаче. Се гали, јаде и нон стоп мјаука. И порано знаеше вака ама пример 10тина минути ќе мјаукаше и ќе престанеше. Мене ми е страв да не му е нешто, да не го боли нешто.. Или сепак уште им трае периодот бидејќи видов некна како се парат мачки?