Сем ако не му е од парење ваљда е од болка ... искуства со мачката моја кога вака гласно мјаукала било во пати кога нешто ја болело. Види дали има некакви пробмени во расположение поинакви и видни повреди и јави се на вет да видиш шо ќе кажи. Инаку знам дека на зима јадат поќе, на лето помалку и само оти не јадеше сува храна испаничив ваљда за џабе оти сепак вчера јаде пилешко. Преѓе кога пишав спиеше, сега замина и шетка. И утре ако е ваков ќе одам до вет температура да му мери за секој случај. Ама па сите ми се поспани и се ладат, па ваљда поручек ко ќе залади ќе се растрчаат. За него ми стана чудно оти ми е најактивен миленик, ама па и уште нема година па како стареј можи ќе станва мрза.
Можно е да е од наглите топлотни бранови. Млитавост, нерасположеност, поспаност и намален апетит може да е и знак дека има глисти и го мачи стомак. Па ако немаш одамна дадено таблета за прочистување од внатрешни паразити, можеш и тоа да дадеш за секој случај.
Ептен ми е страв... Инаку е весел еве сега си трчка низ сокакот, скока по врапчиња но и мјаука. Само кога ќе си легни не мјаука. Ќе видам како ќе е до вечер ако биде вака утре ќе се јавам на ветеринар. А инаку надворешни повреди има ранички од борби со мачки.. Ама се нема пожалено за тоа од поодамна му се.
Хм, за глисти треба за 5 дена да им дам на 20ти, апчињата за глисти буквално со аларми во календар ми се обележани за сите. На три месеци сите ги напивам. Можи и до то да е. Фала ти. Најдобро јави се на вет, викенд фаќа греота е.
Здраво девојки, дали вашите миленици не јадат? Знам дека е прежешко и од тоа е ама сепак да прашам. Нема ниту пролив нити повраќа.
Да, на толку жешко сакаат само да лежат и да спијат. Инаку @theowndemon испадна дека мојот мачор си бара женска.. Му се јавив на ветеринарот и ми кажа дека е надвор од градот и ми рече за отприлика 2-3 часа ќе можам да дојдам кај вас. И во наредниот пола час мојот мачор здогледа мачка и отиде по неа без да пушти глас. Се врати целиот расположен за галење и гладен и си легна да спие. Му се јавив на ветеринарот, се изнасмеавме Битно ништо не му е на мачолот мој
Zdravo , da ve prasam so shto im gi cistite usite na kutrinjata ? Posleden pat vo Januari veterinarot mu gi iscisti i sega veke gledam deka mnogu ima necisto i zamirisuva od usite ...
Носи го пак на вет. може да фати инфекција. Иначе има капки што се ставаат во ушите и ако има влакна во уши се отстрануваат или се шишаат.
Ние цела вечер се расправавме со проливи му дадов медицински јаглен и се смири. Затоа не јадел цел ден.
Феминки, си купив ултразвучен апарат за инсекти од Топ Шоп пошто стварно не се живее со бубачкиве. Арно ама, чувам мачор и сега ми е страв да го уклучам, пишува дека влијае негативно на нервниот систем па се плашам да не го мрднам сиротиот. Додуша таму читав дека не влијае негативно на мачки ама сепак реков да прашам тука да не има некој искуство со ова...
Не верувам дека ни на бубачките многу ќе влијае, барем кај нас во викендица не избрка ништо, а 4 ставивме, на секој ќош од терасата На мачорот нема да му смета, нема ни да го примети