Па прво ослепи,тоа е единствениот симптом,иначе слуша,онака има апетит весело е ,не изгледа како да е болно,зедовме ремче за на врат,99% било сигурно дека нема да го касни инсект .. сакаме да го лекуваме
Дома имам мешанче од териер и малтезер старо 3 години - машко. Како мало не покажуваше никакви знаци на агресија, но веќе кога наврши една година понатаму почна да ни зар'жува на сите дома за безвезни работи. Било тоа да е кога си лежи лабаво на кревет, кога се шета надвор се случува од никаде да се пушти на кучиња и сл. Најлошо е што почна да му станува навика да се пикне под прекривач или било што и да не можеш да го извадиш од таму од што е агресивен и напаѓа. Ескалираше ситуацијата кога од нигде никаде играјќи си со играчката ми се пушти мене и ме загриза за рака. Кога зборам загриза, не мислам на гребнатинка туку апла загриз уште да ја откине. Последна ситуација беше кога имавме гостинче дома, го фати за нога и р'жи не го пушта. Ние дома сме едно, ама веќе на гости и особено мали деца почнува страв да ме фаќа искрено. Не се осудуваме да го удриме од ризик пак да не укаса. Разговаравме за кастрација со ветеринар сметајќи дека тоа е главната причина за однесувањето. Тој кажува дека сигурно ќе се намали агресијата, но можно е навиката да му остане. Исто така со тоа искажувал доминација и дека за тренинг веќе доцна е. Навистина би сакала да прочитам повеќе мислења окулу ова доколку некој се разбира или имал вакво искуство бидејќи од една страна имам многу љубов за кучето, но со такво однесување не сум сигурна дали би можела да го задржам.
@Sanniii јас сметам дека не е касно за дресирање (основни работи) само треба коњски нерви и многу упорност. Пред се, мора вие односно еден член кој му е газда да покажува доминација. Вас буквално една педа куче ве шета како сака. Е треба вие да го шетате. Покажете му кој е газда и не попуштајте. Што е најбитно, никако не покажувајте дека му се плашите. Штом кучето осети страв може да стане поагресивно. Само строго и држете став. Гледај видеа на нет како да го одвикнеш од тоа. Јас имам малтезер кој е крајно разгален од татко ми, но кога ќе повишам тон седи мирен и ќути. А нему на глава му се качува. Пред некое време зедовме 2 годишно куче кое буквално ништо од команди не знаеше. За 2 недели интензивно работење научи освновни работи (седи, лежи, дојди и сл.) а понатака и повеќе напредна. Многу е важна вашата поставеност према него и колку му се посветувате.
Па да ти кажам, има еден кој му е газда (татко ми), ама пред него се прави бубалче. Се случува да му р'жи, он дури и до храна ќе му дојде, ама ниту еднаш не го каснал. Ако некој треба сила да му покаже, тоа е он, но истиот па нема душа за тоа да го направи и најинтересно само он е против кастрација. Планирам да го однесам прво да го ѕирне ветеринаров и да види со крвна слика како е што е, дали е здрав потполно. После тоа со тешко срце би да го однесам за тоа. Некако мислам се од таа нервоза му потекнува затоа што никогаш не е парен, а многу има нагони и се истура врз играчките.
Објави ја во групите на ФБ, "MILENICINJA" е од популарните, така поголема шанса имаш да ја вдомиш отколку овде. Само ТЕ МОЛАМ не ја фрлај на улица, белите мачки многу лошо проаѓаат на улица од сонцето, им се спржуваат ушите.
Може е тоа, не се противам, но и после кастрацијата мора вие/татко ти да му покажете заби. Не смее кучето да го владее газдата. Мора да бидете строги и упорни и ќе се среди.
Не сакам да ја фрлам, туку не знам како да и' помогнам. Веќе цела недела 3-4 мачори ја напаѓаат, нема мира. Повремено демек бега, повремено се ваља по трева како да ги повикува. Нонстоп има по некоја рана, моментално едното уво и' е партали, ја дават и гризат при парење. А многу е слаба, никогаш не знае да се брани, дури и храната и' ја крадат од уста, мора човек да стои над неа додека јаде. А и' даваме храна за мачки, башка виршли и разни мевца од ручек. Мачкине од контињер изгледаат поздраво и понормално, јас стварно веќе не знам што да и' правам. Се мислам да ја дадам на некој ако знае подобро да ја чува, иначе не сакам да ја дадеме, си ја сакаме.
1500 е стерилизација, одма стерилизирај ја! А зошто дозволуваш, носи ја на вет, грижи се за неа! Туку, каде ја чуваш дома или надвор?
Zdravo , sega mu staviv ampula na kutreto .. ovaa mu e vtora od koga go zemavme . Veterinarot vo januari mu stavi i mu ja stavase vo vratceto i na grbot , sega isto i jas napraviv ... i sega edna drugarka mi kaza deka se stavala samo na vratot .. Moze li da mu bide nesto poradi toa ? I kolku vreme ne smeam da go dopiram ?
Прво обавезно кастрација доколку се решите да не го парите, второ му треба дресура, во случајов мислам дека сте му допуштиле многу и он е сега газда. Тепање тоа никако не смеете зошто во спротивно ефектот ќе биде полош. Мора кучињата да научат дека ние сме газди и тоа треба да се почитува и се средува само со дресура и големо трпение и не се откажувајте само реагирајте побрзо. Поздрав
Мачево цело утро кашла, како да има нешто во грло и му смета. Не јаде, само вода пиеше и тоа малку. Што да му дадам, како да му помогнам
Што направивте со мачето? Ако јадело некои коски може да е од тоа ама сепак посета на вет најдобро решение.
Ако не сакаш да каса не смееш да го тепаш. Дресура не се прави со тепање туку со награди. Читај на нет има многу совети. Иако 3 години малце е касно да, ама не е невозможно.