Не не, воопшто не е тепан ни како мал, ни па сега. Не би се осудиле ни понатаму, ем затоа што е мало и жал ни е, ама и поради тоа што е опасно да не нападне пак како што кажав претходно. Дури и според некои сопственици на кучиња што нивните се бубалчиња, сметаат дека токму поради тоа што не е "казнуван" на некој начин кога ќе погреши, така се однесува сега. Се јавивме чисто информативно на едно место за дресура и искрено човекот ни кажа дека тешко може да се превоспита на оваа возраст. Има изградено веќе карактер и многу ќе пружа отпор на такво нешто. Не е дека е невозможно, но потребно е едно 4-5 месеци да остане со него и се тоа би чинело премногу за македонски стандарди. Сега за сега гледаме кога ќе трча по нозе и р'жи да му свикаме само посилно и да се водиме според тоа "да се знае кој е газда". Од понеделник натака ќе го однесеме и кај ветеринаров да го ѕирне, па ќе видиме што ќе каже и тој. Периодов сите сме повеќе дома и мислам дека ќе биде идеален за да го доведеме во ред.
Значи од такви сопственици...они и децата си ги воспитуват со ќотег. Еве јас имав куче еднаш не го имав удрено, па беше толку воспитано и никогаш не заржа. Кога ржи престанете со тоа што го правите. Не го туркајте до граница да касне, ама не се оддалечувај. Кога ќе се смири, оддалечи се и дај му простор. Да сфати дека ќе го оставиш на мира само ако не ржи. Мораш да анализираш зошто ржи, внимателно да пратиш што му е тригер. Ние мислиме дека ржат од што се разгалени, па покажи му кој е газда, ама ржат пошто не им е удобно нешто. Вет ќе ти каже дали ржењето му е од болест, некоја болка да не го мачи, ама чисто се сомневам. Гледај видеа на нет, читај статии сакам да ти кажам дека има многу многу начини кои можеш да ги примениш, да со куче од 3 месеци може за недела и пол ќе научи, куче од 3 години ќе му требаат два три месеци, ама што се два три месеци за кученце што сакаш да си го чуваш цел живот. И не слушај муабети од типот истепај го, не разгалувај го, дај го некаде, евтаназирај го. Тоа го прават луѓе што ги мрзи со прст да мрднат, па ќе си се утешат дека немало начин.
Можно и да се плаши од нешто, а карантинов и кај нив делува стресно им се сменија и на нив навиките. Дали си игра со други кучиња или и према нив е агресивен?
Му земав Форесто каивче на кучево, у вторникот, не му се закачуваат крлеживе повеќе ама уште си шетаат по него, и сега страв ми е да не ми ги истресе по дома, јас си мислев дека ќе му ги ништи и одбива
Со крлежи го чуваш дома? Добро луѓе ви фали нешто or what? Носи го на вет да му ги исчистат под итно. Каивчето е за да не фати, кога ќе фати е касно. Под итно на ветеринар. Кој се има право да чува миленик, страшно...
Ампули му ставаш? Scalibor ремче ако го чуваш надвор обавезно. Па јас на уличните им ставам ампули кога гледам дека имаат крлежи, не па на мое. Купи му ампула или на ветеринар носи го.
1. Полека малку со ова твое однесување...не истрчувај одма со коментари кога не ме познаваш...мене да ми беше све рамно, немаше да фрлам 2000 за каиш...јасно? И, со крлежи, досега прошливе 5 години немав никакви проблеми. Ампули, ако одвоеше време да ми го прочиташ претходниот пост, 3 различни од најефтината до најскапата му имам испробано, ветеринарот го гледав кога му ставаше на 2 места на грбот и на вратот ќе му ги раздвоеше влакната и на кожата му ставаше, и џабе. И за болви. Пробавме и со Неопитроид и со Ектанон за крлеживе затоа што само тоа му помогна лани кога имаше болви, и џабе. Месец и пол не е шетано поради ситуацијава, мислам у парк, и кога го шетам не го пуштам у висока трева и пак ете го нападнаа... Откако му го стаив каишот у вторникот му ги снема крлеживе наеднаш ама вчера приметив дека се шетаат по него и пред малку му најдов еден закачен измеѓу прстите. Знам како бтв, со пинцета му ги вадам. Не се фалам со кучето по социјалниве мрежи и секогаш на каиш си го шетам, и плус да знаеш колку пари имам потрошено досега..., така да попување на друго место. Не му делуваат ампули, пишав.
Фрлените пари не те прават добар газда. Ако ги жалиш парите, шо земаше куче да чуваш? Смени го ветеринарот, однеси го на преглед, не е се до вадењето со пинцета. Прочисти го од внатрешни паразити. Тоа е исто ко ти вошки да фатиш и да си ги чуваш во косата. Греота е кучето, а ти за фрлените пари кажуваш. Каишот од 2000 се става пред да фати, тој е превентива, не лек. Не го труј со ампули. Ампула се става еднаш месечно, не секој ден да испробуваме нова. Кучето си има мака, носи го на ветеринар.
@bile454 Прво избањај го па исчисти го убаво од крлежите. Ако не знаеш како однеси го на ветеринар, џабе ти е каивчето ако веќе има закачени. После секое шетање проверувај го, ова време врие крлежи.
Прочистено е од глисти, на секои 3 месеци, како што треба. Како што и 2те вакцини си ги прима секоја година на време. Како што е чипувано уште кога го земав на 2-3 месеци. Не се жалам на парите, ти укажувам дека не штедам на кучето кога треба...како што гледам други земаат куче па на прв проблем читај трошок фрли го на улица...па после улични имало многу, е па ќе има. И кај прочита дека ампули му мењам секој ден??? Ти кажувам до сега дека му имам пробано сите можни ампули, и џабе, и за болви не му делувале. Сум немала до сега проблеми, 6 години како ги направи кучево, прошливе години ова време секој ден после шетање го проверував обавезно и дали 1 само ќе му најдев повремено како му шета... Кога го земав каивчево, спомнав дека има закачени и ми рекоа во рок од 2 дена ќе му се откачат и после тоа дека нема повеќе да му се закачуваат...
На мало маче од 1.5 месец колку да му дадам од апчето за глисти? 1/4 за мали мачиња и' кажале на мајка ми во Пет-шоп, ама се двоумам да не му е многу пошо ситничко е ептен
Мила џабе ампули и каивчиња ако има крлежи, мора да се извадат крлежите па после ставај ампули и каивчиња. Крлежите сами може да паднат ако не се закачени во кожа.
Дали имате проблем со дишењето низ нос кај вашите миленици? Како што почна поленов моево испушта звуци низ нос како да се бори за воздух. Ќе го кренам во раце и ќе се смири.