Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Animal police. Па да ви стегнат едно солено казниче, и да ви ги одземат кучињата. И да те погледне тато „така“, нека проба прво тој да издржи со корка леб дневно.
     
  2. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Океј девојки имате право.Јас во мојот пост погоре веќе се изјаснив дека се каам и дека ќе се поправам и работам на тоа.Имате право што и да кажете..Сепак ми дојде памет без разлика на околината финансиите и туѓите погледи јас ќе правам онака како што сметам дека е правилно!Си ја сватив грешката ,ја признав и веќе ја поправам.Ве молам без навреди и немав намера да малтретрам никого едноставно тие не беа моја грижа ама сега сваќам дека сум можела да допринесам да не биде така.СВАТИВ!
     
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ако може прашање за некој кој се разбира од папагалчиња. Тигрица. За жал моето е под земја, РИП ;(
    Беше многу паметно и питомо, сите го сакавме.. Но ми остана како нерешена мистерија нешто, за жал имаше многу здравствени проблеми. Прво нешто што беше е дека имаше проблеми со какањето. Се повеќе му се правеше како балонче таму доле.. Често си посетувавме ветеринар каде го мачкаа со триста масти, ама тоа не престана да расте. Сирото тоа почна да цифка при какање. Ми рекоа да изберам, или да направат мала операција и да го отстранат тоа (се претпоставуваше дека е чир or something, ни они не беа сигурни) имајќи шанси да не ја преживее операцијата, или да го усмртат за да не го мачиме. Но неможев да го прифатам тоа да го усмртат без да пробаме да го спасиме.. Срцето ми се кинеше кога морав да го држам и во мои раце будно да го оперираат :( Ја преживеа операцијата и по некое време фала богу му пројде што му пројде ама нов проблем се јави. Под носето на клунот почна да му се јавува нешто црвено и краставо. И тоа се повеќе се зголемуваше и стана огромно што дури и носот му го зафати. Повторно го однесовме на ветеринар, но за ова веќе не знаеа што да прават и ни рекоа да го мачкаме со масти. По некое време умре ;( Сигурно беше од тоа на клунот, не дознавме што му е, а сакам да знам.. Многу беше сакано и негувано од наша страна. Постојано му беше чист кафезот, секогаш имаше храна и чиста вода. Не беше ни старо, кога го купивме беше мн малечко и младо, а го чувавме само година ипол/две. А знам дека тие долго живеат, дури и над 7 години.. Ако знае некој, нека пише. Ако не, ќе си остане мистерија.. Таков човек сум, се врзувам за животните многу, љубител сум. Дури и едно толку мало папагалче го сакав толку многу, беше посебно..
    П.С се вика Рики :l: :(
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Дали е точно дека во водата на кучињата треба да се ставаат неколку капки јаболкова киселина? гуглав ама не најдов ништо за тоа!! Нека одговори некој кој навистина се разбира во тоа!!
     
  5. La.n.a

    La.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Пред 4 месеци собрав џукелче од улица. Ја донесов дома, се изнабањавме, најадовме, напивме, ги прими потребните вакцини и средства за заштита против болви, но имам еден проблем.

    Кога ја однесов на ветеринар, ми рекоа дека е мешанче од загар и дека не е баш најдобро да ја чувам во стан, затоа што тоа куче си бара слобода (ловџиско куче е) и дека би било најдобро да ја дадам.
    Последниов месец веќе почнува доста многу да копа по саксиите во тераса, скоро сите цвеќиња ги уништи, лае некако чудно и само скока, трча како споулавена и сега прашање, дали ќе биде навистина подобро да ја дадеме или ќе можеме некако да успееме да ја смириме?

    Не знам што да мислам, лаик сум за работиве, а ептен се приврзав за неа и не ни сакам да помислам за да ја дадам, затоа ве молам дајте некој совет, гледам има доста искусни на темава..
     
  6. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Eпа шеткај ја почесто :) А можеби скока затоа што и е време за парење...Затоа пази кај одиш со неа :D Да не те нападнат кучиња случајно
     
  7. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Значи таа има енергија плус гледај во почетокот на денот однеси ја во парк или не знам каде,но не шетајте туку трчај со кучето. Она убаво трчање да се измори. Така неколку пати. И тоа сака да лови значи дај му нешто да помириса и скриј го и гледај да го најде. Не мора да го дадеш ако го сакаш,но гледј правилно да ја троши енергијата. :)
     
  8. La.n.a

    La.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Секој ден ја носам на кеј, блиску ни е и таму ни е секоја прошетка, значи трча мноооогу и од мала ја навикнав да шета без ланец, кога ќе се измори почнува да скока по мене за да ја кренам во раце па не ја земам пред да ми даде било каков знак, но кога се враќа дома исто побудалува. Шетана е многу, затоа нема збор..

    А почнува веќе и дупки да прави по саксиите, значи имаме една огромна саксија и она скока внатре и копа ли копа, јас моментално не сум во Скопје, но прееска по телефон мајка ми ми рече да и барам нов дом зошто ситуацијата била неподнослива.. не знам стварно како да ја смирам, а татко ми пак сака да ја продаде и со тие пари да купиме ново, расно куче кое што ќе биде далеку помирно, а цените на кучињава им се движат прилично солидно.. Не знам, мене не ме интересираат парите, нити па сакам друго куче, сакам да ја задржам неа, ама некако со однесувањево нејзино тешко, ептен е тешко расава да се чува во стан.

    И пампкин, не и време за парење сигурно, има само 4 месеци. :D
     
  9. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    L.a.n.a не мора да значи, еструсот кај кучињата може да започне и порано зависно од развиеноста на телото. Така да 4 месеци е најраниот период, што може и се случува и на твојата кучка. Иако тоа се приметува бидејќи ќе крвари слично како менструација, иако кај кучињата не се вика така. Е сега најпаметно ќе ви биде да ја однесете на стерилизација, додека уште не се спарила. Зафатот е мн едноставен но може да се искомплицира ако е оплодена, затоа убаво е уште пред да почне да се пари. И вообичаено после тоа животните се смируваат, но не мора да значи (мојата мачка се понаша како мало дете од кога ја стерилизирав :D ) Дали твоите ја шетаат додека те нема? Можеби не ја шетаат доволно па затоа збеснува. И кучето е убаво да се шета 2 до 3 пати во денот, а особено енергично куче како твоето. Твое е да одлучиш што ќе правиш, иако чим е мешанче не верувам дека ќе ја купи некој, или за доста пари, кога има и чистокрвни загари.
     
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    И? Што сакаш да кажеш/прашаш? Па подобро пуштете ги тие кучиња на улица ќе најдат повеќе храна него една корка леб дома. И има доста евтина храна за кучиња не мора да им купувате скапа. Се хранат еднаш на ден, а корка леб можеш навечер да им даваш за да си грицкаат и да им се задоволат потребите од скроб. Греота се кучињата, колку и да не сфаќаат луѓето и они имаат и чувства и вистински потреби. Не само кучињата туку сите животни. Едноставно ако не можеш да се грижиш за нив не се нафаќај и готово. Никој нема да ти честита ако имаш 10 животни дома, а умираат од глад.
     
  11. La.n.a

    La.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Сигурна сум дека не и време за парење, пред неа имав малтешка пудлица и беше лесно да го процениш нејзиниот период, нејзината „лудост“ не е предизвикана од тоа..
    Ја шетаат и моите, а ја шетаме повеќе и од 2-3 пати во денот, затоа што нон стоп сме некако во движење, па и кога одиме до продавница ја земаме со нас, колку да се промочка и прошета надвор. Истрчана е, уморена е, ама кога доаѓа дома пак збеснува. Не знам што и е проблемот, стварно.

    Инаку, мешанче е, ама далеку е од џукелче. Мешана е со загар и уште една добро позната раса, моментално не ми текнува како се викаше, ветеринарот кажа. Читав на интернет за расава и пишува дека е строго ловџиско куче, многу способно за работа под земја и на трага. Сега ми се јасни тие дупки на тераса по саксиите, на кучево само му се развива сенсот. Еден аплауз сега, дупла беља. :D

    Фала ви многу на сите за советите, кога ќе се вратам во Скопје уште еднаш ја носам на ветеринар и се консултирам со него, неговиот совет ќе го послушам дефинитивно. Крај краева, ова мачење е и за неа. :worried:
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Лана за кучето најголем проблем е што ја држиш во стан. Самото тоа што едниот родител и е загар покажува дека таа не е за внатре. Веројатно е и малку големка за да се чува во стан. Добро, тоа и не мора да биде проблем, но во случајов твој е, поради расата. Кога би живеела во куќа со двор сигурно би било подобро. Сепак, мој совет е да ја подариш или продадеш на некој кој има подобри услови за чување или е евентуално ловџија па му е потребна. Разбирам љубов кон кучето и знам како е тоа, ама не е фер така да се мачи затворена да живее.
    Ако после ти недостига, најди си друго куче(иако никогаш повеќе не е исто), помала раса, и пробај да го засакаш како неа... :)
     
  13. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Се грижам многу добро за моиве миленичиња (мачор и куче) и доколку имам шанса и можност се грижам и на бездомно животинче, цел живот чувам миленичиња. Не треба да се хранат со чоколадо, или било што друго благо, и со зачинета храна...Кучето може да се бања додека мачката не, пошо таа самата се чисти, едино само со прашок/течност/ампули да се испрскаат против паразити, крлежи и болви. Треба редовно да се вакцинираат против беснило и секакви болести, но мислам дека колку е добра вакцината толку е и штетна.. :worried: Стерилизацијата и кастрацијата се пожелни за животните (миленичињата) и колку и да звучи жално ова, сепак за нивно добро е да живеат подолго...пошо можат да фатат секаква болест...
     
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Домашни миленичиња

    Колку ме нервира кучево, ќе :@

    Ако го оставам надвор, цела населба знае дека не сум дома па лае ко лудо.

    Ако го оставам внатре, ја гризе влезната врата.

    совет?????
     
  15. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Домашни миленичиња

    Дали го шеташ редовно т.е. сабајле и навечер!? На кучето му е потребна дружба и прошетка најмногу :) Поздрав
     
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Домашни миленичиња

    Не го шетам..во двор си трчка и го дружиме...ама звер е.
    Сега не го галам, не го ни гледам , белким ќе му дојде памет.
    На игнор е 100 %.
     
  17. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Домашни миленичиња

    Сепак, потребна му е прошетка, сврти некој круг со него (не мора на кеј или на друго далечно место, доволно е низ маало), многу ќе му годи тоа, а и тебе исто така :) Не го ставај на игнор, му треба грижа, љубов и дружба најмногу :) Добро е што го дружите ама му треба и малку подолга прошетка од таа низ двор што му ја пружаш. Кучињата памтат што им правиш, како се грижиш за нив, боље на време постапувај правилно отколку покасно за да не му се случи нешто нему или пак на некој член од семејството, тебе или на некој друг...
     
  18. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Здраво девојки
    Би сакала да ве прашам за совет.
    Кученцето ми е ептен тврдоглаво и одкога го донесов се обидувам да го воспитам но неуспешно. Има година и 3 месеци а јас го чувам од кога беше бебуш (месец ипол имаше).Дома се ми е изгризано почнувајќи од креветите, вратите, килимите па се до ѕидовите. Значи и калциум му давам, и сите витамини ги има но тоа е упорно и се гризе. Многу е своеглаво и знае ако го налутиме на пр. ако спие и ние го галиме а тоа не сака да почне да не рже и нас дома, а недај боже да земе нешто од земја не можеме да му го извадиме од уста гризе. Не е кучето агресивно но од земја јаде се и сешто затоа мора маска да носи, и ако земе играчка или др нешто како што кажав нема шанси да му ја земеме ќе не изгриза.
    Исто така кога е само дома и навечер го врзуваме на долга врвка може да оди во сите соби но не да се качува по кревети и сл бидејќи ми е страв во сон да не ми направи нешто. Кога го земав првиот месец беше пуштено навечер и јас се разбудив осеќајќи дека нешто ми ја јаде раката хехехе.
    Би ви била прамногу благодарна доколку ми дадете некој совет како да го одвикнам кучево од гризење на се и сешто и како да биде попослушно.
    Позз
     
  19. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Cielo5 си требала уште од малечко кога било да го воспитуваш, значи да има кучето граници, што е најважно, да не му дозволуваш нешто да гризе и сл. и така со тек на време тоа ќе научи. Еве чим и до ден денес блесави, тогаш мора по муцката да се удри (така си требало од мало да му правиш) и да му викаш да го пушти тоа. Најважното е да му викаш на се и сешто што не сакаш тоа да направи. Чим дома го чуваш а не сакаш твоја играчка и сл да земе во уста тогаш треба играчка или коска за кучиња да купиш и така да се занимава, тек тогаш нема потреба да му зимаш од уста со сила. Доколку не ти е кастрирано кученцето тогаш треба тоа да го сториш, за негово добро е таа операција. Ти препорачувам кај др. Марин да го однесеш, се наоѓа позади социјално или пак за некој совет можеш него да го прашаш (еве број 3113-101)
    Дечко ми зема кученце ротвајлер пред некое време, сега тоа има 2 ипол месеца и го учиме на строгост, пошо мора бидејќи исто како твоето, се гризе што и да најде, го чешаат забите и затоа така прави. Е сега дека е ротвајлер треба уште од мало да се воспита многу добро, да има граница на се, и така оваа раса на куче е многу силно и мора да се научи на строгост порано.
    Се надевам ти помогнав и со среќа :)
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Имам две кучиња и си ги чувам во доворот мајка ми ги капи летно време почесто, јадат храна за кучиња и се разбира тоа што ќе зготват дома :D . Ако имаат болви или крлежи имам прашак специјален за болви и ги мачкам со таков :D