Здраво јас сум нов член тука ми треба помош на истово прашање (се работи за тигрица)ве молам за помош
Најубаво обрати се на ветринар јас имам куче и не поднесува да се вози во кола толку е возбуден и исплашен што мислам инфаркт ќе со фати, не ризикувај разговарај со вет.
Ве молам кажете ми нешто за пролив, греотка ми е кученцево, а веќе стварно незнам што да направам. Пролив има сигурно 3 пати во месецот што трае по 3-4 дена. Ветеринарот ни вика дека е од храната, наводно сме требале да најдеме храна што му одговара. Сите можни видови на храна ги пробавме но ситуацијата е иста. Најново, пред 2 недели почнавме со храната Brit - Super Premium Lamb&Rice, супер беше се и еве денес пак пролив течен како вода, оди и кака во исто време што да му дадам моментално бар да се смири малце? Прочитав некаде варен ориз, но, да не направам дупли проблем затоа што никогаш му немам дадено ништо друго освен кучешка храна? Иначе е хаски, старо 5 месеци. Плис хелп
Овде има црн јаглен апчиња во продавници за животни против дијареа. Ама и тие не помагаат секогаш. Кај моето ако избие дијареа во следни пет саати се влошува многу состојбата до дехидрација и паѓање во несвест така да јас веднаш го носам на ветеринар за инекција. Носам и дел од изметот за анализа добро е да однесеш да провериш. Пред една година имаше бактерија која предизвикуваше дијареа пет пати месечно по неколку дена. Се реши со антибиотик. Избива дијареа од храната ако е со пилешко/мисирка/ватевер летечи. Организмот му прифаќа само телешко мелено. Во превод ламб - јагнешко е многу тешко месо.
Obavezno zemi primerok od izmet i pod hitno vo avicena za da ti ispitaat giardia lamblia, cryptosporidium,paraziti i bakterii naglasi deka e za kuce istiot problem go imav i jas so moeto i uste imame! Dobi protozoa cryptosporidium nemora da znaci deka enod hrana.
Девојки вака. Згрижив едно маченце во двор (морам во двор зошто дома чувам персиски мачор 9 год) е сега сакам да прашам што би можела да направам за да го исчистам од болви, а да не е ампула бидејки со ампула не смее да се фаќа 24/48 саати, а тоа не е возможно бидејќи комшиски дечиња го фаќаат и галат цело време и да им кажам џабе, деца се не разбираат.. Дали помагаат оние ланчињата или нешто друго што би било безбедно и при фаќање?
Вчера вдомив мачка од расата турска ангора, старо е околу 2 месеци и воопшто несака да јаде, бега и се крие од нас, ако ја земам во раце се тегне да ја пуштам, ако ја пуштам се крие и мјаука како да плаче. Некој со сличен проблем? Незнам што да направам
Епа мала е, исплашена, нормално е. Следи период на адаптација сеа, треба време трпение, да стекне доверба во вас и сл.
Здраво, имаме куче кое завива секоја вечер без квичи цело време,исто така си го кубе крзното и многу лошо изгледа тоа. Би сакала да знам дали во ваква ситуација со вирусот дали има некој ветеринар што може да дојде дома да го прегледа. Совет ве молам.
Причини има многу зошто тоа е така, може да има надворешни паразити може да е од храна и најлошо од психолошки аспект. Повеќе ми личи психолошки зошто воедно завива и го кубе крзното дали некој си заминал од дома? Дали имате болна особа дома? Дали подолго време седи само? Дали му обрнувате внимание? На која возраст е кучето? Сепак за консултација да се јавите на било кој ветеринар може да ви излезе во пресрет. Повелете број од мој вет само незнам дали доаѓа дома 070/517-532 вет се вика Игор.
Zdravo ? Kutreto moe ima 8ipol meseci .. tatko mi po greska mu zemal hrana za vozrasni , moze da mu ja davam ili moze da mu se sluci nesto ?
Ампула му имаш ставено? Можи да му е од многу работи, иритација, алергија, паразити, психички... Во секој случај обавезно носи го на вет. Ветеринарите би требало сите да си работат нормално, за доаѓање до дома не знам, но да го однесиш во амбуланта не е проблем. Ветеринарот каде што ги носам моите си работи нормално. Во секој случај каде и да одиш јави се претходно.
Не можам да едитирам, сега ми излезе реклама, па реков да споделам. @Micika12 можи ќе ти биди од помош. Фонд за иновации и технолошки развој Платформата #ВетИнфо е дизајнирана за сите граѓани кои чуваат животни, без разлика дали се миленици или продуктивни животни (крави, овци, кози, свињи и други) и истите добиваат можност за бесплатна 24часовна онлајн ветеринарна поддршка. Оваа платформа е креирана од Ветеринарна комора на Република Македонија , а финансирана од #ФИТР со цел поддршка во вонредните услови на функционирање предизвикани од пандемијата на Коронавирус МК / Koronavirus MK . Базата на ветеринари е достапна на www.vetinfo.mk со дежурни доктори 24/7. Секој клиент има сопствен профил за комуникација. Во услови на нужна ограниченост на движењето преку оваа лесно достапна платформа се обезбедуваат информации кои се однесуваат на здравјето на животните и нивната благосостојба. Овој проект е еден од 16те избрани решенија во рамки на јавниот повик на ФИТР, #Креатон наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19. Овој јавен повик ФИТР го спроведува во соработка со партнерите –Embassy of Switzerland in North Macedonia, USAID North Macedonia , UNDP MK , UNICEF MK , MASIT ICT Chamber of Commerce . https://www.vetinfo.mk/
Сакам да прашам дали некој знае каде има вакви шишенца за вода? Барав по пет шоповите ама нема, а од али експрес не ми се чека многу време.
Може да ми кажете која течна храна за мачки стари две години според вас е најдобра? И дали има кај нас тубички како оние на видеана шо ги обожаваат мачињат?
Здраво ако може подоро да ми кажете што може да му е на кучето ми е еден месец старо но на окото му е целосоно затворено и потечено неможе да го отворе и постојано нешто му излева бешто како гној незнам како да објаснам му ставав прокулин капки и хлорафеникол исто е за очи да ми кажете што можр да му ставам вие што сте имале искуство да ми преодложите нешто бидејќи на ветернирар немомжам да го носам ајде малку помош ви благодарам