Луге итно е....Имам мачор во дворот прибран од улица уште како мало внука ми го бањала и од тогаш има последица постојано кива.Е сеа проблемот е шо во дворот си ги наога најубавите места за спиење и ми спие врз 2 те лулки сунгерот ми го напраи лом од шо кива и на секаде е со мрсоли...Незнам кој пат ги перам... Шо да ставам врз нив да не се качува таму.... ???? Од шо бегаат мачките?
Дали ампулата за буви може да се купи од вет.амбуланта па дома да се стави или мора во амбуланта да се однесе кучето??
Здраво, чувам Малтезер стар 2 месеци, го земав пред 10тина дена. Пред една недела ја примаше втората вакцина и кога го прашав ветеринарот кога можам да го изнесам надвор ми рече може веднаш по оваа вакцина. Јас сум скептик искрено и сѐ уште го немам изнесено. Знам дека треба подолг период да биде во карантин. Дали некој знае кога можам да го изнесам?
Имам маче старо 6 години, пред извесно време почна да повраќа му купив апиња за некоја си настинка од ветеринарна и ми дадоа апче за глисти (а на маче постаро не се давало такво) јас од двете апчиња му дадов по пола (не заедно). Во саботата пак почна да повраќа викнав ветеринар му кладе инексија за која ми кажа дека траела 4 дена наредна инексија му е за утре за давање. Од кога му ја даде инексијата мачето беше малку повесело и почна да јади по малце јогурт млеко дури на крајот од денот и паштета ми јадеше, тоа во неделата, во понеделникот го немаше цел ден се криеше во визбата не ни знаевме кај е при крајот од денот излезе цело зашематено не знаеше кај е пак се напи малку млеко и имаше некое пилешко месо јадеше. Денес сабајлево гледам повратило пак. Сега му давав млеко ни него нејќи да го пие. Шо да прам шо ме советувате?
Мачките се нетолерантни на лактоза. Значи немој да му даваш млеко ни под разно. Јогурт може. Исто така и пилешко знае да направи проблем. Купи специјална храна за возрасни мачки со вкус на телешко. Фати ја за стомак и види ако е тврд значи има глисти. Тоа е апче за прочистување од внатрешни паразити, се дава на неколку месеци, не знам кој ти рекол дека не се дава. Нуди вода. И носи пак на ветеринар.
Здраво на сите. Имам женско куче кое веќе е две години кај мене , вдомено. кога дојде беше околу една година. Имаше во градите млеко но немаше бебиња. Ја вдомив и по некој месец ја однесов на ветеринар да ја стерилизирам. Ја стерилизирав. Еднаш почна да има млеко од градите. Сега еве повторно и тоа подолг период. Ветеринаот што ја изврши стерилијацијата вика имало мало парче јајник и затоа. Друг ветеринар ми вика не е убаво стерилизирана и не смее да има млеко да работи млечна жлезда. Дали сте имале вакво или слично искуство? Ви благодарам.
Некој да ми каже ако знае кога може да де вакцинира мало куче сега уште неколку дена ќе прави два месеци кога можи да се вакцинира ако знаете да ми кажете? Фала
Се вакцинира на 40_тина дена како што знам, а се вакцинира на 2 месеци, отприлика 3 недели после вакцината.
Постои ли македонски дехидрат за миленици? Хранам премногу маалски кучиња и мачиња, па не би било лошо да купам нешто македонско. Фала однапред.
Исто сакам да прашам дали има опасност да смрзне доколку во летниот период го оставам ноќе да спие на тераса?
Во лето не би имало проблем, но бидејќи е куче од салонска раса, в зима ќе мора внатре. Само заштитете го од ветрот и ставете му нешто меко и топло (ќебенце пример), заради тоа што ноќите сепак се малку свежички.
И уште еден мал совет: доколку го бањате преку денот, не го оставајте таа ноќ надвор бидејќи може да настине, безразлика дали крзното му е исушено или не. Соседите кои не ми го послушаа советов и го оставија ноќта надвор со изговори дека е топло, тоа било куче и било исушено со фен, мораа дебело да платат за да си гон спасат пекинезерот.
Јас не би го оставила да спие на тераса. Многу е мало, ноќите се свежи, а и општо куче што се чува дома не се остава да спие на тераса затворено. А од која причина сакаш таму да спие?
Здраво, сакам да ве прашам има ли некој искуство со стерилизација на кучето и како го чувавте односно негувавте кучето првите 2 дена по операцијата?
Првите неколку часа по операцијата ќе биде сеуште поспано од анестезијата, нема да може да стане, а до вечерта полека ќе почне да се движи само. Можеш да му дадеш да пие вода иако нема да сака. Вечерта може да јаде доколку има апетит, нешто полесно. Првите 3-4 дена треба да внимаваш да не скока, да не се качува никаде, ни по скали, ни по кревети дома, бидејќи постои ризик од кинење на конците иако е доста ретко. Ќе сака да ја лижи раната, ќе мора да внимаваш и на тоа во случај да си направи некаков проблем. Исто така препорачливо е неколку дена да не го носиш надвор поради ризик од инфекција. После една недела раната ќе почне да зараснува, болки нема да има и може да си функционира најнормално.
Моето маче од тепање њ целото издуено на едната страна и има гној и крв му тече затоа што тој не знае и се раскрварува некогаш. Што би ми препорачале да му дадам? Второто маче кое ми дојде на врата е без пашка ама уште има рана. Со што да му зарасне побрзо?