На кучето му фалат витамини кои не ги добива со правилна исхрана во твојов случај само леб. Има многу евтини кучешки храни кои може да се купат. Не те осудувам, меѓутоа за доброто на кучето и за неговото здравје дај го на друг да го чува.
Зошто ако не сте способни се нафаќате да чувате кутре или било кој друг миленик? Ова само кај нас го има. Па и тебе само суво лепче да ти даваат еден ден ќе ти се смачи. Или почни да се грижиш за кутрето како што треба или подари го на некој што ќе го усреќи.
Epa jas mu davam da jade suv leb natopeno so voda no toj ne jadi. Da imav jas svoi pari sekoj den kje mu kupuvav kucheshka hrana da jadi. Moive ne mi davaat pari da kupuvam kucheshka hrana.
Дај го кучето на друг што ќе може да се грижи за него. Греота е и ве молам ме земајте кучиња ако неможете да ги чувате.
Ете ти кажав, има храна за кучиња што изнесува 185 за 1 кг. Можеш таква да му купиш посети некој од пет шоповите и купи му на кучето храна.
Барем паштета давај му ццц иако строго треба да се хранат со кучешка храна. Не мора да земам royal canin има и со ниски цени. Греота.
Има на пазар по 10 денари 1 кг виршли што се, купувај му такви и давај му а во Кам има и многуууу ефтина храна за кучуња можеш и таква храна да му даваш 36 денари е килограм, јас за уличните таква земам. Само леб и млеко не е добро да му даваш.
Од мака си го јаде изметот, ова искрено. Имав ваков случај во комшии, исто го ранеа кучето со кришки леб, понекогаш гратис со мармалад, му фрлаа и смокви. На крајот кучето од мака почна да јаде кора од лозје/или некое дрво беше. И нормално почина. Никој не вели да го луксузираш, ама може од тоа што вие го јадете чорбички со леб да му дадете. Може и паштети најобични по 10 д да му ги измешате со чорба и сл. Има и во кам / тинекс конзерви околу 50д дури и поефтино , исто можеш да му ги измешаш со обична храна. Има разни начини. Не е хумано тоа што го правите. Ова што го кажуваш е како и вие да немате што да јадете, што не верувам, само немате емпатија. И тоа е душа.
Поисплатливо е со кучешка храна (сува) . Посебно таа од кам. @Marija6165 Толку ли немаш да одвоиш 200-300 ебени денари месечно за храна? Па и јогуртот и лебот чинат пари. Му давала вода и леб...
Каква глупост прочитав.Значи ако не е расно не му се потребни протеини, витамини и минерали.Жално е за кучето, не те осудувам ако немаш средства но кога веќе немаш услови за чување подобро дај го на некој што има, наместо да го измачуваш кутрото прегладнето да биде. Има и поевтина храна за кучиња, која иако не е најквалитетна може да заврши многу поголема работа од леб и вода(само јх, во превод ништо).Има една по маркетите, зелена е и е 3 кг за 130 ден.Ако не ти даваат твоите пари посебно за кучето, собери од тие што ти ги даваат за тебе и купи му таква. *** Инаку јас имам прашање, на колку време ги бањате кучињата?Пред 2 месеци земав кученце и до сега слушнав многу различни одговори за тоа на колку време е најоптимално, па ме интересира и ваше искуство да споделите.
2 пати годишно е некоја оптимала. Но јас многу почесто го бањам дека во стан плус дете. Поради тоа зимам ултра нежен шампон на протеинска база баш заради почестото бањање.
Јас имам малтезер и кога е премногу прљав го бањав 2-3 пати месечно, има шампони во ашаја ексклузив за почесто миење.
ако коренот не му се прља толку често колку што делува дека е прљав пробај и со бришење со мокра крпа...
Јас ги носам на шишање секои 3 месеци таму ги средуваат цакум пакум. А дома летно време ги бањам на 3 недели.
Знам, ама лом се прави прво пробувам така и сепак морам да го бањам. Секако зимно време 1 на 2 месеци.
Еднаш месечно го бањам моето, многу сака да се валка затоа а и дека спие до мене сакам да е чисто а и кога го бањам ако има закачено некој паразит полесно се гледа а и убаво му е да го ладам вака летно време и затоа. Иначе зимно време кога е повеќе време дома ретко го бањам.
и зимно време сум имала ситуација каде морало да го бањам цел. раскашавен снег, дождови.. а тој бел е сиот... и да ти кажам право маршута му правам ако врне стриктно по асфалт шетање. приквечер може по калови јер и да го избањам на топло дома до сабајле ќе се исуши и те како патем и свое кебе си има