Ве читам имам мал бел мини малтезер. Какви се тие ремчиња кои подобро личат на бело кутре, цена? Друго кога го купив жената ми рече до 6 месеци да не го вадам надвор се дома да го држам, мислам како така? Кај неа беше во двор со другите кученца и мајката и таа ми вика не ги шетаме надвор во дворот само. Мене ми е жал и не ми е во ред куче да не го прошетам и да не ми се растрча надвор. Кога ми го даваше ме праша имате ли двор и велам во стан сум 100квадрати и таа ми вика супер ќе има кај да трчка. И кажете ми нешто повеќе за вакцините, како оди тоа, цена? Нешто ми спомнаа 10 евра била па имало и ревакцина.
на скалибур се поубави естетски. надвор не се пушта дур не прими терапија за внатрешни паразити и вакцини. има повеќе вакцини и одат од 600 па нагоре. а скалибур огрлица за мала раса не знам колку е точно ама под 1000 ден мислам е.
Има примено таблета за прочистување од паразити, ветеринарот кај што го однесов ми рече дека треба на одредено време да му давам да се напие дел од таблета, во зависност од килажата. Кога го мереше ми рече дека е кило и 700грама и четврт таблета да давам, а за вакцина ми рече по 60дена да дојдам. Ама женава кај што го земав ми рече сама да одлучам дали да вакцинирам или не, демек кучињата по вакцинирање станувале поагресивни и шубе ми е сега, во сто мисли сум. Многу е малечко и како раса и како кученце и навистина сакам да му одезбедам најдобра грижа и кога читам тука или по страните за кученца многу информации. Ете рекламираат некои капки да му ги накапуваш на пелена за да се научи да оди по голема нужда, ама друг продавач на кучиња ми рече не го навикнувај на пелена после не ќе сака надвор да оди, демек во двор него му вршеле нужда па миел со црево после, ама јас кај да најдам двор? После женава ми рече се капнувале на вратот некои капки против вошки и паразити, ама тука читам за огрлица.
Значи 90% ќе ти закачи нешто и ќе ти умре ако не вакцинираш. Посебно кај такви раси понежни. ... Батали што зборат луѓе, слушај ветеринар. Агресивни ќе станеле, божееее што нема да чујам веќе. За внатрешни паразити се дава еднаш на три месеци и секогаш се мери пред давање. Особено пред вакцина треба да прими. Ампули за болви и крлежи траат дваесетина дена и на крај математиката не испаѓа, поефтино е огрлица.
Фала за советиве и јас сум за вакцина, ама кога ќе ти каже некој, а очекуваш да има повеќе искуство до тебе и да знае без врска е малку, а ветеринаров ми кажа обавезно да го донесам, закажавме кој ден точно, па ќе биде и тоа.
Отвори си пасош, заведи си го, нека си прима вакцини, коа ќе дојде време ќе чипираш и секогаш датите нека ти ги заведуваат кога е наредна вакцина. Греота е во денешно вр да ни почине милениче ради ете... некоја таква. За мочкање и јас не сум за пелена мада дур да прими вакцина мора. Потоа на 2-3 чса надвор одење. Како ќе се учи така ќе зголемуваш интервал. Во принцип за недела дена ќе научи скроз.
За мокрење научен е, лесно оди со тоа, за голема е комплицирано, се пика или под кревет или каде што му е темно подалечен дел од станов. Се ми е ново со кученцево, а не ми е прв пат да чувам ама поминало време сум заборавила, фала заедно со @sweetR за препораките и советите. Ама кога ми рече женава така и јас се збунив, ветеринарот сосем друго кажува, го измери го провери рече добро напредува и така ќе си посетувам почесто ветеринар ама и вашите совети се добредојдени. @Marija6165 мора да поработиш на себе и примање совет и критика, жално е за кучето што ти се такви можностите и знаењата, ама види колку совети можеш да добиеш тука и најважно примени ги ако сакаш да чуваш милениче, ако не обрати се по групите за миленичиња ќе го згрижат кучето, ама сув леб или со јогурт дај ти се молам, па јас нема да издржам на таква храна а не куче во развој.
Предложете добри шампон и регенератор за малтезер. И кој пет шоп е најдобро опремен со производи за хигиена, кај и да прашам се нешто "во моментов" немаат. За каивче против паразити-веќе 3 месеци е со Килтикс, супер е, 870 денари.
Za sampon zemi na bephar gi ima vo Ramstor vo pet shopot ili vo Luna pet shop krznoto im go pravi meko i svilenkasto drugo ne zemaj.
Здраво барам совет: имам маченце има 5 месеци и веќе десетина дена како е болно од глисти ветринарот ми даде таблета Бихелдон не му помогна после 48 часа му зедов друга таблета Каниверм. Од Канивермот му стана подобро на маченцето почна да јаде, да пие водичка и да преде. 4 дена беше добро, но овие два дена пак му стана лошо одбива јадење и премногу е истоштено и нема сила. Прашањето ми е дали смеам да му дадам повторно од некое од апчињата Бихелдон му дадов пред 8 дена, а Каниверм пред 6 дена.
Таблетите за прочистување од глисти се даваат еднаш на три месеци. Мачето ти е болно од нешто друго и треба да се вратиш кај ветеринарот.
Mu kupiv n a moeto kuce hrana za kuchinja, no ne gji jadi. Mu gi natopiv i so voda, ne gi jadi. Mu gi natopiv so mleko ne gi jadi. Ima li potreba da go nosam na veterinar?
Марија девојче, дај пиши ми во лп, ќе ти објаснам се убаво. А за совет свари му мевце во краен случај, исецкај го на мали парченца да грицка подај му го со рака ќе јаде ќе лапа. И да, аман однеси го на ветеринар ќе ти објасни се без да ти наплати. Или во било кој пет шоп уште поубаво ќе ти објаснат.