Фала ти на советот многу Кученцето не е расно, џукелче е го земав од другарка кучката и роди 5 па едно земав. Машко е и не е кастрирано, а кај Др.Марин го носам од кога го земав за се и сешто. Не сакавме да го кастрираме бидејќи сакаме кученце, иако сум во стан, но изгледа ќе мора. Значи верувај сум пробала да го воспитувам и јас и сите дома уште од денот кога го земавме. Среќа дома еднаш само се измоча и го удрив со весник и од тогаш надвор мочка и кака. Но за др не успева строгост, буквало има милион играчки негови, коски, патичиња, се и сешто од Jumbo му изнакупив но и тие се лом направени и се дома е лом. Џабе сега знам и по муцка да го удрам и по газе да свати но тој е упорен и го држи тоа нешто што ќе го земе во уста тепај го колку сакаш он не пушта. Навистина не знам што да правам. Ептен е своеглаво и баш е алфа куче, не знам дали ќе успеам сега на година и нешто да го превоспитам.
Имам едно маче,и навистина не сум голем љубител на мачки но сепак се грижам за него,сега во летниот период секој ден го капиме задно со братми(и стои во вода што ми е лудно)се храни само со месо вакцинирано е сега брзо бидечи е мало И исто така имам и рипче,ни рекоја дека се храни 2 пати на ден го храниме нормално со храна за риби и сега бидечи е жешко водата му ја менувам секој ден,а во зимскиот период на 2 дена
Домашни миленичиња Кученцето мое ми е ептен тврдоглаво и одкога го донесов се обидувам да го воспитам но неуспешно. Има година и 3 месеци а јас го чувам од кога беше бебуш (месец ипол имаше).Дома се ми е изгризано почнувајќи од креветите, вратите, килимите па се до ѕидовите. Значи и калциум му давам, и сите витамини ги има но тоа е упорно и се гризе. Многу е своеглаво и знае ако го налутиме на пр. ако спие и ние го галиме а тоа не сака да почне да не рже и нас дома, а недај боже да земе нешто од земја не можеме да му го извадиме од уста гризе. Не е кучето агресивно но од земја јаде се и сешто затоа мора маска да носи, и ако земе играчка или др нешто како што кажав нема шанси да му ја земеме ќе не изгриза. Исто така кога е само дома и навечер го врзуваме на долга врвка може да оди во сите соби но не да се качува по кревети и сл бидејќи ми е страв во сон да не ми направи нешто. Кога го земав првиот месец беше пуштено навечер и јас се разбудив осеќајќи дека нешто ми ја јаде раката хехехе. Би ви била прамногу благодарна доколку ми дадете некој совет како да го одвикнам кучево од гризење на се и сешто и како да биде попослушно.
Епа добро чим го знаеш тој доктор, ок ако е женка па да сакаш да ја спариш па да си имаш кученце, но немој со било кое куче (мислам на некое што е без вакцина итн) пошо може да фати болест, нормално. Така да ако не прашај го докторот за совет + за како да го превоспиташ, искрено не ми текнува друг начин за да ти помогнам
Сјело кученцето не ништо виновно, виновни сте вие, вие сте го разгалиле и сте му дозволиле тоа да биде алфа-мажјак/женка во вашиот дом. Сега е веќе повозрасно, но може да се превоспита, ама за тоа ти треба личност со црвст карактер, кој нема да го мази и чешка по цел ден туку ќе му наметне авторитет. Нормално неможе веднаш да се измени кучето, треба време да ги прифати новите навики, неколку месеци сигурно. Според мене најдобро е со него да работи оној кој највеќе се грижи за него, дали ти или твоите родители. Што и како да работите? Значи доколку направи беља или земе играчка која не е негова, со повишен тон развикај му се да ја остави, доколку се инати обиди се да му ја земеш и доколку те напдне турни го од тебе, стави му ја раката на врат, и малце притисни, тогаш ќе остане долу да лежи. Држи го така неколку минути за да му покажеш дека ти си посилна од него, а не тоа од тебе... Секоднено вежбајте, ако можеш и 2-3пати дневно повторувај ја оваа постапка, и полека ќе научи дека несмее да те нападне зошто знае што следува. Како ќе поминуваат деновите се повеќе и повеќе ќе се дисциплинира, но мора секојдневно да работиш со него, после недела-две можеби и ќе почне да реагира и само кога ќе му повишиш тон, а претпоставувам тоа ти е целта. Ти пишав конкретно за со играчка, но и доколку во друга ситација тргна да те нападне, собори го веднаш и со мал пристисок на вратот, негде под ушите задржи го долу неколку минути. Тој притисок кучињаата го толкуваат како напад од друго куче, кое е посилно, вратот им е слаба точка и е онеспособено во тоа време. Ти кажаве вашето куче е такво зашто мисли дека тоа е газда дома, а вие сте му дозволиле така да се однесува, сега треба некој да му покаже дека некој друг е главен домаа не тоа и дека мора да слуша. Доколку е опасно и големо, стави му ја маската и така вежбајте, како и да е не да го тепаш туку да му покажеш дека си посилна од него и дека ти наредуваш дома а не тоа. Заборавив да напоменам кога ќе работиш со него немој одма да го мазиш или да го пуштиш ако зацвили, некаго нека се лути, ќе ги замолиш и твоите додека не покаже напредок да не го мазат толку, кога ќе те послуша тогаш помази го,дај му некој кекс, или можеби парче салама или нешто друго што сака да јаде, како награда а додека не покаже послушност нема награди, туку најнормално хранете го.
Black.Beauty секако дека нема да го парам со било која кучка, мн го сакам и мн ми значи за да направам да се разболи. Ти благодарам мн на советот *Најубава ти благодарам на советите. Кучето е машко и е прилично големо и не е лесно да се собори но ќе се обидам со маска. Иначе верувај ми дека сме се обиделе со сите сили да го воспитаме од малечко едноставно кучето е чудо. Како мало исто си земаше играчки и се и ќе му свикавме кога не сакаше да ја пушти и јас го фаќав за вратот и го затресувава после го заклучував во ходник 10тина мин за да знае дека е казна и не го галев воопшто. Моите исто така постапуваа. Среќа што се научи да мочка и кака веднаш иначе нз што ќе правевме. Ќе се обидам се да направам за да го воспитам и да стане куче како што треба. Знам дека мн е поврзано за нас и не сака бидејќи кога нема да не види саат време одма после доаѓа мавта со опашката скока по нас и се смее буквално. Но кога нешто сака мора да е по негово. Пред некој ден ми украде една маичка а таа нова и јас го бркам го врзав со ланчено и со нога го држам за да му ја земам маичката но тегнам влечам оно рже рака никако не смеам во уста да му ставам ќе ми ја изгриза цела. Ќе пробам за врат да го држам и ќе бидам поавторитетна се надевам ќе помогне. А би скала да те прашам што да праам со неговото гризење, се дома ми е изгризано и ѕидовите се изедени се е ужас. Има милион играчки и тие се со дупки, има коски од пресована телешка кожа (коски нормални не јаде никогаш не сме му дале) се се има задоволено но мене дома се ми е изгризано вратите изгребани од ноктите дома станот ми е ко штала хехеех. Затоа ве молам за помош.
Е за гребењето незнам што да ти кажам, еве и мојава кучка мирна е ко бубалче, ама кога ќе намисли да влезе гребе и бутка... Мебелот го грицкало од кога било уште бебе, кога му се менувале забчињата, а тогаш не оштетувал многу, и се го игорирале, а тоа за него значи дека грицкањето мебел е дозволено. Еве ќе ти кажам ситуација кај мене, на терасата надвор ни стојат 5 пара папучи, од сите 5 пара мојата стока и лани а и оваа година ги зема и ги уништува само моите нови апостолки. Ничии други не чепка, само моите, знаеш зошто? Зошто кога била мала добивала папучка по муцка кога ќе земела, а и другиве и не ја разгалуваат колку јас, и она си знае дека и да уништи нешто нема да добие казна. Знае дека не смее и пак го прави тоа. Знае дека Најубава ниту ја кара, ниту тепа и она си игра со нејзините апостолки, парче ги прави ја секое лето по два пара нови апостолки купувам, едни за Бела, едни за мене. Ти вежбај со твоето како што ти кажав со играчки, и првин со повишен тон, со тек на време ќе сфати зошто му се викаш, па штом почне да грицка покуќнина ќе му подвикнеш и ќе знае дека не смее. Истотака може да грицка мебел од досада за да привлече внимание, ако сте го карале, знае дека така привлекува внимание и намерно го прави тоа, а можеби и има вишок енергија... Е твоево куче навистина сака да доминира и прав алфа мужјак ви е дома многу сте му дозволиле
Е најубава ти благорадам уште еднаш за советите. Навистина е прав алфа мажјак но јас ќе се обидам се да сторам да го превоспитам. Од секогаш сме го карале кога гризел мебел и се. Значи тоа куче ми има изедено 3 пуњачи за телефони, кабелот од домашниот телефон, кабелот од телевизорот и што уште не. Ќе пробам малце построго се надевам дека ќе помогне. Позз
Мачките, особено уличните НЕ ТРЕБА да се бањаат! Може стои во вода од што е шокирано, ама дека му прија никако. Само се надевам дека не му ја миете и главата, особено ушите. Те молам прекини да ја бањаш мачката. И не треба да јаде толку месо, ај што го бањате, уште и месо за некој месец ќе остане без крзно. Те молам малку едуцирај се и тоа е живо суштество не заслужува таков третман.
Да. братучедата има пекинезер и јазичето постојано и е надвор и кога некој сака да ја погали, го лиже.
Моето куче има таква навика Понекогаш тоа ми изгледа слатко и крајно шармантно, но кога не сум во mood за галење и мазење од кожа ме вади
Имам пет малечки маченца, немаат ни еден месец.. Мајка им одеднаш се изгуби. нигде ја нема од вчера утрото.. :'( Малечкиве само мјаукаат.. Јас ги хранам со едно шишенце со малечко отворче, но не знам дали им е тоа доволно.. Hезнам што друго да правам.. Aко знаете нешто за мојов случај, или ако имала некоја феминка сличен случај ве молам пишете некаков совет. :/
Можеби ќе се врати, чудни потреби имаат мачките. Почекај недела-две, ако не се врати неможам ништо друго да претпоставам освен дека умрела. Мачињата среќа не се толку новороденчиња, ќе преживеат и без нејзе ама ќе имаш огромна обврска, а тоа е да ги храниш неколку пати во денот, значи на отприлика 3 саати Но веќе кога ќе наполнат месец дена полека можеш да ги навикнуваш на потврда храна (како паштета на пример), нормално и млеко но малку поретко. Што се однесува до греење, зависи во што лежат, но едно ќебенце под нив ќе им заврши работа плус они сами едни со други се греат а и плус е лето. Најверојатно мјаукаат многу затоа што се гладни...само на тоа обрни повеќе внимание. Ако им е добро шишенцето, продолжи со него, ако не најди замена. Јас чував мачка на времето која ја собрав од улица кога беше уште непрогледано, и буквално мајка ми го изгледа како мало бебе, го хранеше со пипета од капки за нос, на секои 2 саата со млако млеко, спремено баш како за човечко бебе
Tи благодарам киттен!! A да не знаеш случајно колку време треба да помине за да почнат сами да го пијат млекото, мислам како на пример да пијат од некое плитко садче, без некој да им дава млекце во шише? Tвоето маченце за колку време се свикна? Mене тоа не ми претставува проблем, но во блиска иднина морам да отпатувам за околу пет дена, и малечкиве ќе останат само со баба ми, која не е баш љубител на мачиња.. Tој факт уште повеќе ме загрижува.. Hе знам дали таа ќе се грижи за нив, како што се грижам јас.. A за тоа со шишенцето со пипета, баш ти благодарам за идејата. Се чудев од каде да најдам нешто такво како малечка цуцла за бебиња..
^^ Мелоди...откако ќе наполнат месец дена се доволно пораснати за да почнат да учат на нови навики, како промена на исхрана и одење по нужда (користење на песок, нели). Штом ги приметиш дека се разиграни и почнуваат интерактивно да се однесуваат, одма пикни им ја главата во млеко Буквално така изгледаше и кај мене навикнувањето на мачката да пие од тањирче. Значи во плитко тањирче сипи млеко (во подлабок сад може да се брцне или да го преврти и истури) и понуди му го. Обично во прв момент не капираат што треба да направат, освен ако не е тука мајката па да гледаат од нејзе, така да ќе мора главата со муцето да им ја пикнеш надолу во млекото за да сфати дека тоа е за него и дека треба да се снајде како да го изеде односни излиже И не се потресувај толку, ќе преживеат и без мајка и дури си се свестила тие ќе ги имаат стекнато сите навики како возрасна мачка. И не за џабе имаат 9 животи
Ах фала ти! Ситуацијата почна да се подобрува. Си се сложуваме сега некако. Најдов начин да ги смирам и полека си го пијат млекото, инаку само ме гребеа. Сега и забчиња им растат па само касаат Mногу ми значат овие малечки, бидејки со мајка им, мојата најмила Ронда бевме многу поврзани. Ја најдоа како многу малечко маченце и од тогаш се грижев за неа .. Но тоа е тоа. Сега ќе си се грижам за малечкиве.
имам кученце пинчер и си го чувам дома....ме интересира дали некој знае колку често треба да го бањам ?..
Веројатно имаш пинч. Тие немаат многу влакна, а имаат темни влакна, така што можеш да го бањаш и еднаш месечно. Имам читано дека колку поретко го бањаш толку подобро за него..