Митарењето е нормален процес, не може да се спречи. Ама поради лоша исхрана може да губи влакна повеќе од нормално. Јас имам мачор кој е рунтав, случајно на преглед еднашка ветеринарката примети дека многу губи влакна и го стави на специјална исхрана. Не бев баш убедена дека нешто ќе се смени, мислев само сака да ми шитне скапа храна, ама на мое изненадување паѓањето влакна се регулира малтене по само неколку денови. Кога се случи карантинот и се беше затворено, земавме храна од супермаркет каква ќе најдеме нели немаше избор, и одма ужасно многу влакна насекаде. Одржувањето на здраво влакно зависи многу од исхраната. Барем и моето искуство така се покажало.
zdravo ve molam za pomos macevo ne gleda mu se lepat ocite postojano gi brisam ama pak isto go nosev na veteinar ama mu stana poloso pocna da kiva i nos da mu tece ve molam ako ima nekoja mast neso
Еднаш кучето ми имаше некоја инфекција на очите и ветеринарот ми кажа да му ставам прокулин капки и реконазол маст (мислам) ама НИКАКО не му ставај ништо на своја рака, обавезно прво консултирај се со ветеринар.
Најдов повредено врапче, неможе да лита и едната нога му е малку повредена исто така има рана одзади кај грпчето и одоздоле под нозете мислам дека е од некоја мачка или куче, раната не крвари. Сакам да му помогнам, па ако може да ми предложете што да му ставам на раничките и за крилцата.
На кутрето мое му се појавило како првут на ушињата и се чеша постојано , почнало и влакната да му пагаат совет? Утре , задутре ќе го однесам на ветеринар , но некој со искуство слично . Се чеша и на предните нозе и кај газето гледам дека му паднало малку од влакната
Ајде мала помош кога ќе го допрам кучево на некое место као да се жали, после некое време му правам проверка го допирам по телото и нема ништо не се жали. Дали е разлигавен?
ќе си купиш реконазол шампон од аптека и ќе го бањаш со него секој ден. Сличен проблем имав (шуга во мојот случај)и за недела дена го решив на тој начин(ветеринарот ми кажа да го користам). А и не е страшно уопште, луѓе за првут и слични проблеми го користат шампонот така да можеш слободно да го бањаш.
Бевте ли на вет за примање на вакцини? Да не го изнесуваше надвор без да прими вакцина? Јас имав згрижено едно кутре за кое не знаев а имало шуга вет ми кажа дека се пренесува на луѓе. Преку галење мазење...додека не се излечите внимавај. Но секако правац на вет
Ми треба совет за кучето. Сега ќе полни 2 месеци, требаше да го вакццинираме на 45 дена, ама згрешивме во броењето и сега ни рекоа на 3 тиот месец. Кучево е само дома, не е надвор. Ама го гризе ѕидот. Еден ветеринар ми кажа дека има глисти, ама не биле опасни за нас. Кучето спие со детево, јас не приметувам ништо во изметот. Јаде нормално. Сте имале вакво искуство, гризеле ѕидови? Утре ќе земам да го прочистам ама шубе ми е поради детето.
Не се пренесуваат на вас глистите. Ако го чистиш утре, внимавај на изметот да го собереш одма и дезинфицирај кај што врши нужда. До вакцина и ревакцина не го вади надвор, нема имунитет може лесно да заболи. Не знам зошти не може да прими папи вакцина, таа е двовалентна и се прима по 45ти ден, а не точно на 45иот. Може и на 50-55ти да ја прими, за месец дена ревакцина, па на 3 месеци петтовалентна се дава пак, шо знам. Зависи од ветеринарот можда колку разбира.
Не го вадам, не знам од каде може и да фате глисти, а и не го виде туку јас прашав за ѕидот што го јаде. Јас го носам кај друг ветеринар, и он вака работи ко што кажуваш. После 45 ден ни кажа. Утре ќе му се јавам на нашиот ветринар и ќе ми каже што да правеме.
Глистите му се во стомакот, му се прават така да кажам сами од себе, од храна, најчесто од млеко. Се дава таблетка и ги прочистува. Прочитав за ѕидот но може да се многу фактори. Прво е мало. Допрва ќе гризе се живо и диво. Друго, може да е од глисти точно. Но, може и само да остри заби. Моево гризи цемент. Трето, спас тешко дури му се сменат забите. Карајте го, кога гризи кај што не треба дајте му да гризи играчка, но тешко дека овој период ќе престане. До година такви се кучињата.
Заради запчињата гризе, сега има млечни ќе ги менува и сака да гризе тврди работи за да ги масира непцата. Ние и даваме коски што се со телешка кожа од надвор, ги има во пет шопови и кај ветеринарот, тврди се и плус може да ги јаде со саати си се занимава. Морате замена да и најдете, нас ни го фати малце ѕидот од гипс картон што е еднаш двапати, беше скарана малку и одма и дадовме друго за гризење више не го чепка. Најдете и играчки, не мора дури баш посебни за кучиња. Битно е да има различни зашто им здосадуваат. Јас и дадов стари плишани играчки што ми беа за фрлање и нашава обожава пластични шишиња, ама обожава. И даваме празни од физиолошки раствор зашто користиме по дома, таа е помека пластика си ги носи на креветче и си ги малтретира. За вакцините и мене ме збуни да ти кажам зашто ти кажале вака, зашто како што вика Супердевојка повеќе се даваат, 4 или 5 валентни се. Консултирајте се убаво. А за глисти, и да нема, превентивно мене ми кажаа се даваат таблети за прочистување. Исто и нашата за сега е во главно дома ама знам претходниот пат со вакцината ми дадоа после неколку дена таблета да и да дадам и ми рече ветеринарот во принцип еднаш месечно/на два месеци се препорачува.
Еден куп играчки му дадовме, ко бебе го чуваме, ама не, се изгриза. Денес полудев, се измоча пак на кревет, па какал кај ќе стигне. Се нервирам, ни го дадоа многу мало, не ни кажаа што треба и како. Денес ќе се слушнам со ветеринарот, ќе земам и апче, ќе му давам, не е проблем. И да видам со вакцините да средеме одма. Јас чувам кучиња од мала, ама мајка ми ги носеше на ветеринар, имаме и поголемо ама тоа го зедовме поголемо и го среди ветеринар со една петовалентна вакцина и ампула за глисти и за надвор друга. Сега за беснило ќе му ставам и он е готов. Ама за ова малото, плус дома ни е, имам куп прашања.
Те сфаќам, и јас исто првите недела дена збудалев. Ние мачки секогаш сме чувале, ама они друго се бе, за 3 дена се учат и готово. Вие плус со дете ако сте, не е сеедно. Нашава за мочање/какање е на пелени оние за животни и откако имаше неколку лапсуси првите денови и теписите на перење си ги дадовме сега се научи више. Знаеш што да пробаш, јас и ставам кога треба сама дома да ја оставиме, максимум на некој саат, ама некогаш мораш, на обично шишенце пластично правам мали засеци и внатре и ставам од сувата храна, да си ги вади сама. Нас овие коските што ти ги спомнав за гризење стварно не спасија, ми ги препорачаа од еден пет шот и мислам со нив многу и се намали гризењето на други работи.
Нормално е да прави така зошто уште е малечко, ама ако го приметиш во моментот дека прави нешто што не треба искарај го. Ќе се научи имај трпенир само. Моето се научи надвор да извршува нужда дури на 4 месеци.