Машко е моето, поголемото на 2.5 год. го кастриравме, за малово ми кажаа 1 год да наполни прво. Прочистување, ампули, вакцини, чип сега средете, малово е 4 месеци, сега со вакцина прва да завршиме, па со втората (за беснило е таа) ќе му стават и чип.
@CameliaMiller има вакцина и ревакцина примено, ампула пред две недели, а апче секој месец и давам за глисти. И пасош извадивме. Значи за беснило ќе ставиме прво, па после стерилизација. Фала
@kristina.k благодарам на прашање, добар е, денес бевме на вет, докторот кажа супер е, го прими последниот серум денес. Трчка низ двор, јаде, игра со нас дома. Пие електролити се уште по еден шприц му давам. Докторот вели дека нашиот јунак го победи Парвото!
Од што можи да е црно јазичето на мачето? Се преплашив ко ја видов. Се јавив на ветеринар, ми рече повеќе причини се можни, да ја однесам утре. Сте имале вакво искуство?
Можеш да ја носиш веќе. Мојов има закажано, на помалку од 5 месеци ќе му дојде. Во принцип, идејата е ако не сакаш да ја париш да биде што порано, да не ги спукаат ептен хормоните и лом да ти направи низ дома. Како што ми кажаа мене, прво вакцините, две прими, со прочистување и три недели после втората ревакцина може. И јас прашував за чип ми рекоа може сега ама и не мора, некако смешно ми паѓа зашто имам чувство ветеринарот ми одлага ставање на чип зашто малтене знае дека нема поента, во стан е, имаме чувано претходно дооолги години мачки, нема да ги забаталиме. Стерилизација е покомплицирана од кастрирање ама не е ништо страшно, рутинска е. Со мојата прва мачка ми рекоа ќе биде зашеметена два три дена, полека ќе оди заради раните, таа после 4 саати на кревет скокаше. Ќе биде бричена каде што ќе ја сечат ама брзо заздравуваат тие рани. Ќе и обрнеш малку повеќе внимание и супер ќе биде.
@tigerlady фала за одговорот, ќе ја однесам утре и ќе договориме со ветеринарот термин. Само да не е ништо ова со јазичето. Прашав и друг ветеринар, рече пигментација е најчесто.
За црниот јазикот најчесто е пигментација, ништо страшно. Може да е габична инфекција и исто многу други посериозни работи, но нема зошто да мислиме на најлошото, би требало да е пигментација. Стерилизацијата на мачка е покомплицирана од кастрацијата но ништо страшно не е, напротив, животот ќе и го продолжиш и ќе и осигураш подобро здравје во иднина. Дали е тежок зафат - операција е, значи да, но верувај немаш место за паника, комлликациите се минимални и многу, многу ретки. За 3 до 4 дена ќе биде како порано пак мачката, не се секирај ич, ваше е да ја пазите само, да не си ја лиже многу раната, да не скока да нема нагли движења, и би ви препорачала да не и давате никакви апчиња против болка, бидејќи тогаш ќе добие на сила и ќе се движе повеќе отколку што ќе треба, а треба да мирува и да леже што повеќе првите два дена. Ветеринарот ќе ви закаже кога е најдобро, што порано подобро, но нека си ги приме вакцините прво. И после стерилизација ќе ви каже дали има потреба од антибиотици или не.
Здр пред неколку дена ден земав мало куче, има 3-4 месеци... И сега последните 2 дена, цело време спие, и не сака да се игра, малку ќе потрчи и пак си легнува, порано беше по активно, трчаше, сега ништо. Што би можело да биде, и како да му помогнам, се плашам да не умре... Фалаа однапред
Однеси го на ветеринар, кратко е кај тебе. треба да се прочисти од паразити и да се спреми за вакцина. Јаде ли, пие ли?
Однеси го на вет, може е нешто болно. Кога нњ се вакцинирани се многу нежни. Прочисти го од паразити и вакцинирај го. А може и само му недостига минатото живеалиште особено ако живеело со браќа и сестри.
@Nefertiti. Сега се вративме од ветеринар, пигмент е дефинитивно. Прими вакцина за беснило и закажавме за стерилизација нареден месец на 6 месеци точно. Супер си е се', ја прегледа убаво.
Здраво сакам да прашам дали некој има чувано маче во стан. Јас чував пред неколку години, но мачето ми збесна почна да е многу агресивно и да не јаде. Сакам да земам пак маче па ако може некој да ми сподели искуство што да правам за да не ми збесне и ова ко претходното.
Па треба да знаеш зошто збеснало претходното за да знаеш што да правиш со новото. Дали му даваше доволно простор, дали го гњавеше многу, дали го играше доволно време, дали го имаш удрено, дали имало некоја физичка болест, некаква болка. Со оглед на тоа што викаш дека не јадело ми звучи ко да било болно, значи редовни прегледи на ветеринар. Каде е сега мачето?
Баш ми е мило. @Flam за во стан најдобро е од малечко да го чувате мачето. Кастрација/стерилизација за да не беснее и да не сака надвор - иако не е тоа мерило секогаш, но во поголем број од случаите е. Вакцини редовни, играчки/гребло за ноктите, и би требало да е се во ред.
Ве молам во приватна порака да ми предложите добар и современ дресер за куче и чисто информативно како се движат цените, да имам некаква претстава. Фала