Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    19.747
    Пол:
    Женски
    Може да ми кажеш некои фб страни/групи, или инста профили каде што се продаваат миленичиња? Фала.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    1. Купи- продај Домашни миленичиња.
    2. Продажба на домашни миленици.
    3. Продажба на миленици.
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Пазар3 и реклама 5
     
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Ок, супер шо опиша и те сфатив.
    Но, исто така, тоа и не е толку добро за кучето. Иако е минијатурна раса сака движење. Со носење во торбичка не се движи. Има потреба да изврши физиолошки потреби, да оди, да трча, да истражува, да остри сетила за мирис итн.
    Најлесно е бапни го во торбичка на рамо и ајт. Но дали тоа е среќно таму? Дали е исполнето?
    А и тоа не е решение за некој со златен ретривер на пример. Или со германски овчар. Затоа искоментирав. Уличните кучиња се проблем на општините. И во мојот град е полно. Има една девојка ги зема, ги прибира, ги праќа странство (ги вдомува), но ми се чини колку таа зема толку други носат. Освен избегавање места полни со улични, а сите паркови се попни, и носење стап за плашење нема друго решение. Општините не се замараат. Барем не во малите градови. Ете во Скопје сеа ќе се отвори Лајка, па да видиме...
     
    На JuLleE, poppie и Idedemja им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама јас не го носам постојано во торбичка, туку ако видам чопор поголеми кучиња кои ми делуваат сомнително во рака па во торбичка. Нормално дека не е во ред постојано да е во торба, ај и мене да ме стави некој во куфер( ако се најде таков да ме собере:lol:) и цел ден да ме мкне во куферот како би се осеќала:@:@ Се разбираме се, потполно си во право за се. И јас се надевам ќе се реши барем малку од малку проблемов иако не сум оптимист со оглед колку купуваат или земаат кучиња( божем децата да ги порадуваат дома) и кога од х причини не можат да ги гледаат понатаму ги фрлаат на улица. Едноставно сум запрепастена. Само кај нас е ваква наезда на исфрлени кучиња на улица, во странство ретко дури и никаде да немам налетано на чопори во туристичките и централните реони на местата што сум ги посетила.
    Како и да е жално за кучињата, затоа секогаш на секој што побарал совет за чување домашно милениче сум рекла и велам убаво да си размисли дали е за или само е моментална некоја жалба која откако ќе ја оствари нема да ја одржи на долги стази. Милениче е голем обврска, не е само земи го и после не чини фрли го:toivo:
     
    На poppie и СуперДевојка им се допаѓа ова.
  6. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    19.747
    Пол:
    Женски
    Пазар3 видов, нема многу-многу. Јас сакам да купам Beagle, Pomerenian, Corgi, Chow Chow или German shepherd, но претпочитам да се од убаво/чистокрвно легло. Да не познаваш некој случајно да продава било која од овие раси? :angel:
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Ќе побарам за бигл зошто и јас барав пред да земам. Ако го најдам огласот обавезно ќе ти пратам :l:
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    19.747
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам! :hug:
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Пробај да најдеш фб групи во мк (или Србија, често од таму носат) за конкретните раси. Исто можеш да се распрашаш по ветеринарни ординации или поголемите петшопови, често и кај нив знаат да пуштат абер дека имаат легло. За pomerenian не сум сигурна дали има легла во македонија, сите јас што ги знам однадвор им се донесени. А за beagle ги гледам се повеќе и повеќе можеби и најлесно за нив ќе најдеш легло.
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    19.747
    Пол:
    Женски
    Не живеам во Мк, само сакам да си купам кученце и да си го земам некако овде. Не ми се плаќаат ≈ 2000$ за Beagle во ОАЕ...
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Види, колку поголема земјата, толку поголеми шанси да најдеш. Мислам има некои стандарди секаде, тоа што знам јас е Србија дека има голем избор и Италија и мислам цените се поприступачни да кажам. Северна Европа имаат голем избор исто ама цените се према стандардот. Види во каде ти најпристапно и најизводливо, посебно со целава ситација моментално.
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Мислам за да го однесеш во странство мора да ги има примено редовните 3 вакцини плус вакцина против беснило и да има чип, така да посоодветно е да бараш кученце над 3 месеци и дури и повеќе месеци за да има комплетна документација за патување. Во групите што ти ги посочив слободно објави си пост што бараш и ќе те контактираат па одлучи си што ти одговара. По огласи на пазар3 и други не знам колку ќе успееш да најдеш, нема голема понуда, а дел од огласувачите се истите и од фб групиве.
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    19.747
    Пол:
    Женски
    Знам како оди процедурата за патување. Ќе разгледам по групите. Ти благодарам!
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.766
    Допаѓања:
    173.052
    Пол:
    Женски
    Јас само да ти кажам дека уште полошо е да го носиш во торбичка..
    Најчесто големите кучиња нема ништо да му направат на мало кутре, ама ако го видат или намирисаат кај тебе во торба, можат на тебе да скокнат за да го "видат" кучето...
    И тука има чопори по 6-7 и повеќе, а јас шетам 2 месечно лабрадорче.. ќе дојдат ќе го погледнат, ќе го помирисаат и си продолжуваме по патот
    Ова онака чисто добронамерно..
     
    На boomsleng, Idedemja, СуперДевојка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    114
    Најчесто бараат и ТИТАР тест, за да го увезеш
     
  16. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    19.747
    Пол:
    Женски
    Прашав, цената на Beagle со целосна документација е 350€. Да се донесе тука - ≈ 1200€. :lol:
     
  17. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не ми текнало ова, главно торбичката ми беше да го изнесам надвор, а да нема контакт со нечистотии на земја и други животинчиња дека во тек му беше период на примање на сите вакцини. Сега е спремен за сам надвор и слободен за шетање. Иако торбичката се надевам пак би ми се нашла, ако се премори за транспорт до дома во неа. Досега не сум имала лошо искуство со било какво куче, ама дека напаѓаат во чопор тоа е факт и ти благодарам за советот, да знам како да изреагирам ако не дај Боже се деси нешто такво.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Што опфаќа во таа сума 1200 евра, тој ТИТАР тест и таранспорт, придружувано ќе биде од некој, со која авио команија ќе ти го достават? А имаш ли можност да дојдеш да си избереш, да се зближите со кученцето и сама да си го донесеш?
     
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    19.747
    Пол:
    Женски
    За цената само ми спомнаа сега-засега. Бидејќи дечкото сѐ уште не е сигурен за фиксната цена. Откако ќе ме извести, ќе споделам инфо. Иако најнакрај повеќе ми одговара да си купам овде, отколку да го малтретирам кутрето по карго или како и да го доставуваат. Истовремено можам и да си изберам, а и да се зближам со истото.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Затоа те прашав ќе има ли придружба нешто затоа што колку што знам во карго ги ставаат и прилично се потресени откако ќе излезат од авионот. Тој дел воопшто не ми се допаѓа како ги транспортираат авионскиве компании, мислам дека се неoпходни измени.
     
    Последна измена: 14 октомври 2020
    На piglet1 му/ѝ се допаѓа ова.