Веројатно има Пинчер добро си кажа девојчето дека има Пинчер, но бидејќи ние македонците сме експерти за „преименување“ на расите, многумина Пинчерот го викаат Пинч Исто така ние македонците си имаме многу раси преиминувано како на пример Германски овчар = Вучјак/Волчјак Шкотски овчар = Леси Малтезер = Малтешка пудлица Пекинезер = ПекинеЈзер Пудла = Пудлица Комедии сме Инаку candygirl, твојот Пинчер доволно е да го бањаш еднаш месечно
За сите знаев, ама за пинчЕР прв пат слушам. Добро е, фала ти што ме поправи. Ама барем погодив за капењето, не ми е цел пост утнат...
Моето маче некако ми фати болви, или што и да се. Ич не го сакам вакво. Го бањавме со некој шампон пак има, му ставивме каивче против болви и го извади и го изгуби. Некоја поискусна, досега ова со ниту една мачка ми се нема случено.
Не знам дали баш на оваа тема имам пишано, а и уште некои феминки, има ампули се купуваат во било кој пет шоп, околу 200-300 денари зависи каде ќе ги земеш. Кај мачките се ставаат позади на вратот за да не може да се лижне и доколку му ја ставате сами обавезно пазете го 15-20 мин дур да се исуши, ако лижне може дури и да се отруе, затоа имајте спремен шприц со млеко и ако почне да се лигави или да му искача пена од уста одма реагирајте. Или пак однесете го на ветеринар иако ќе ве фати малку поскапо.
Немораш со ампула, можеш да му купиш и од оние каивчињата што се за окулу врат, се продаваат по Пет-шопови, и ќе му го ставиш тоа и некое време остави го надвор, болвите сами ќе избегаат. Јас на мојата мачка и купував такви и редовно и ги менував, на месец-ипол, два и никогаш не ми фати болви. Ова со ампуливе малце несигурно ми е, зошто мачка ко мачка се лиже повеќе одколку кучињата.
Се јави мајка ми сега земала ампула, само дали знаете дали се пренесуват тие на луѓе. Може е смешно ама ме интересира.
Болвите? Па може да се појави алергиска реакција или да те каснат на неколку места како комарец, ама да преживеат на човечко тело нема шанси. Дури ни во коса, иако имам читано за некои случаи демек имале болви во косата не можеле да се исчистат никако, ама не ми е баш веројатно.
Слободно можеш да купиш ампула ( Frontline или Protektor) и стави и ја одозгора на вратот и на опашката. Ампулите не се воопшто штетни за мачките/кучињата, ампулите се специјални средства кои се наменети за отстранување на болвите и крлежите. Ампулите содржат хемикалии кои што се смртоносни само за крлежите и болвите, но нема никаква опасност од труење доколку се лижне мачката на местото каде што е нанесена ампулата. Нормално доколку ампулите би претставувале опасност по животот за мачките и кучињата, тогаш тие намало ни да се произведуваат, ампулите се 100% безбедни и ефикасни.
Doberman јас имав многу лошо искуство со едно маче. Значи ампулата е отров толку силен што преку кожа продира во крвоток за кога ќе ги касне болва/крлеж животинките веднаш да се отруе и да не снесе јајца. За куче не е проблем ама мачките се лижат. И јас сметав дека ништо нема да му се случи па го оставив за после 2-3 минути да го најдам како му се пени устата и повраќа, среќа одма му дадов млекце па преживеа некако јадното Значи супер се и делуваат, ама орално ако ги внесе животното може да го отрујат. Така да со мачките ептен внимателно и не препорачувам на опашката неа лесно може да ја лижнат, туку исклучиво позади на вратот. Конструкцијата на мачките е таква што фактички и нема место кое не можат да си го лизнат ама овде е посигурно малце од малце и обавезно надгледување со шприц полн со млеко во рака, мој совет. Јас чувам стално улични мачиња па се поживи, може расните не би направиле таков проблем ама подобро да се спречи него да се лечи!
Jojoba, постојат секакви видови на ампули Затоа незнам дали примети но јас потенцирав ако девојчето зима ампула за мачето да земе Frontline или Protektor. Ампулите од овие 2 врвни фирми се апсолутно безбедни по здравјето на милениците и затоа потенцирав нив да ги земе. Јас 100% гарантирам дека од Frontline или Protektor нема да има никакви последици мачката, па макар и да се исполиже по местото каде што е нанесена ампулата. Може да ми кажеш од која фирма била ампулата што предизвикала труење кај мечето ? Не, тоа се животински болви/буви кои што не се пренесуваат на луѓе. Немај гајле и не се секирај, само стави ја ампулата на мачето и за 24 часа сите болви ќе бидат мртви и мачето ќе ти биде чисто. Само ти кажа дека си го бањала мачето со шампон. Важно е ампулата да се нанесе на потполно сува кожа, односно минимум претходните 48 часа ( 2 дена) мачето несмее да биде мокрено, во спротивно амплата нема да биде ефикасна
Баш денес на нашиов убавец му ставивме ампула, на вратот и кај опашката. Морам да признаам едвај, ептен е немирен.
Оу воопшто не сум ни погледнала тоа, ја купи мајка ми во пет шопот кај Буњаковец, тогаш не ошурија 450 денари за ампулата, за толку на ветеринар ќе му ја ставеа. После тоа отиде пак и го истури цел гнев и бес и се правдале демек прв пат се дешавало, како да не, а после некое време ја затворија продавницата поради инспекција дали ради фискални или што и да беше не знам. Сега дали пак е отворена исто не знам, не сакам да ги ругам може стварно не беше нивна грешка, сеедно. Последен пат купи исто мајка ми ампули за овие мачки сега што ги чувам и беа по 200 денари, една, од друго некое место. Ги затворив во една соба им ставив и седев со нив 15-20 мин, едноставно имам траума од тогаш буквално сама ќе си го отруев мачето. Сепак уште еднаш кажувам со мачки и ампули треба да се биде претпазлив, ништо не може да се изгуби ако малце ги припазите.
^ Можеби мајкати зела некоја чкарт ампула со поминат рок и затоа се случило тоа што се случило. Но од Frontline и Protektor нема да има никакви последици. Јас имам 2 мачиња кај бабами и дедоми во двор си седат и на секои 2 месеци им ставам ампула Frontline на вратот одозгора и на врвот од опашката и досега немало никаков негативен ефект по нивното здравје, сум ги приметила како се лижат кај опашката на истото место каде што е ставена ампулата и немаат гајле. Или твоето маче било ептем осетливо на хемикалии (ампули) или пак ампулата била од некоја чкарт фирма со поминат рок...
јас имам проблем маченцето ми е старо 4-5 месеци и сакам да го научам да оди во вц во песокта му ставив песок ама тоа ми се помоча пак на зземјата каде шо ке му текне,а мајками бидејки не по животните ми вика ке го изфрлам мачето неможе секаде да се моча.Сега незнам како да го научам таму да се моча
јас имам проблем со најновите членови на семејството :/...Мачката која ја чувавме в село роди 3 малечки маченца. Сите три се премногу слатки и мили, но проблемот е што едното од нив е многу плашливо...Трчка по мене, ми се мази низ нозе...но штом пуштам раце да го гладам ми преибегува, а ако го фатам седи мирно, дури и ми заспива во скут. дали има решение за ова ? :/
Можеби многу нагло и брзо му ги пушташ рацете и тоа се плаши да не го удриш (животински инстинкт е тоа). Пробај да му даваш храна од раце и полека да ги пушташ рацете кон мачето, без да правиш нагли и брзи потези ... со тек на време мачето ќе види дека твоите раце не пратставуваат опасност за него и ќе се ослободи од стравот.
ФЕМИНКИ сакам да ве прашам нешо за мачките: Имам маче го чувам дома од маленко какви вакцини треба да прима или нетреба оти го чувам дома незнам кого да прашам па се обратив вас ве прашувам
Доколку мачето го чуваш нонстоп внатре и доколку мачето воопшто не излегува надвор, тогаш нема потреба да го вакцинираш бидејќи е нонстоп дома. Но доколку си шетка надвор , треба да му се стави вакцина за имунитет.