Храна нарачувај од Пет Ленд, со достава е, или Косми што ми ги пиша ако сакаш со Брит да го храниш. Мешај гранули со јогурт/кисело млеко, ќе ги јаде така, ама строго не давај од вашето, додека не се навикне. После кога ќе биде веќе на сува храна, откако ќе изеде оброкот, и да го почастиш виршла не е страшно. Ама строго на почеток
А каде да се нарача од таа Брит? Јас гледав на странава на Пет Ленд ја пишува Брит ама немаат артикли на понуда.
Ројалот е кај нас најскапа, мислам дека само Аcana е поскапа (6500-8500 на вреќа 17кг), тука негде е и Orijen (6500-7500 за 11кг и тоа на вреќа). Баш ѕирнав сега Ројал, испаѓа поефтина од овие, Starter Pro (најскапата нивна) е 7500 за 20кг., другите вреќи им се по 12-15кг ама се и поефтини, 4500-5500 се.
Го изеде само јогуртот, а гарнулите останаа. На почеток му донесоа Acana па и за таа се мрштеше. Не ми се ризикува толку скапа да купам и да си стои така. Ја има ли некаде рефус да ја пробам?
А да го оставиш еден ден гладен само со гранули во тањир? Не е будала од глад да умре. Ќе види, ќе невиди, ќе ги изеде. Аканата ти се ептен скапи и на вреќа, види во petland.mk има и по 1.5 кг кеси од др. марки, барем нема да дадеш мн. пари за џабе. Исто пиши и на Брит на месинџер, или на hranazamilenici.mk, а Acana и Orijen има во Луна Пет Шоп, и на кг продаваат рефус.
Каме, се убаво, ама јас во село мое имам еден пет шоп Остана уште една ветеринарна аптека, да видам што имаат па да пробам. Вчера цел ден гладен беше, на крај му дадов живо месо и компир.
@JuLleE од кој град си? Иначе можеш и да пишеш до некоја вет болница за да ти препорачаат храна. Јас моето ладе што го носам на вет имаат секакви храни по пола кило за проба.
Јас така знам, ама читав на кајгана, се давало сирово. А знам од дете, мајка ми секогаш одваруваше па даваше. Од зеленчук што друго може, а што не? Ако не ќе му готвам посебно. Сол не смее ли?
Сол не, морков, брокули, некој им дава и патлиџани, јас лично не, можеш грашок, грав, чисти варени без ништо. Ориз е добро, месо телешко, пилешко, риба без коски, тиква варена. Свинско не. А од храна пробај еукануба папи џуниор засега. Инсистирај на купечка храна. Готвеното е лошо за него.
Ќе додадам само и кромид, лук, зачини никако. @JuLleE имаш на pinterest супер идеи за готвено за кучиња.
И моето е задоволно до Еукануба и од прва ја зајаде N&D puppy mini. @JuLleE накани се некој ден до поснабден пет шоп, во неколку кај што сум била дваат рефус и од 100 грама, а некои даваат од пола кило само рефус. Јас од Еуканубата и Ројалот му купив по 200 г. пробно. После кога ќе видиш која ја јаде можеш и онлајн нарачки да правиш. Ќе ти стига до дома од одредени пет шопови кој ја имаат таа опција.
Еј супер идеа со путерот од кикирики, луда е по него, и правев некои награди едвај ги чека Ќе зборнам со ветеринарот за маска нареден пат, првиот пат кога прашав ми рече мала е уште, 5 месеци е, маската може да ја притиска на муцето. Или барем привремено нешто помеко... Ќе пробам и ова. Она не лута, и да и го опуштам малку повеќе каишот се враќа ама ако намириса нешто што кај неа на ум поминува за храна, се влечеме. Уште не можам да разберам со кој мозок луѓе отров фрлаат така. Да му текне на некој за некоја апликација за дојава ќе биде од корист на сите кучкари. Фала ви многу девојки
@tigerlady јас вакво купив текстилно xs, дека и мене ми рекоа малечок е за пластично, иако има пластични маски и помалечки како за помали кученца, ама планирав прво да се навикне на нешто вакво помеко, па за понатаму и пластична ќе набавам, таа е најсигурна.
За неколку дена земам кученце, кажете ми совети за почеток за дома. Утре го вакцинираат, кога што како е следно? И цени воедно? Ветеринар препорака (во ск) Храна? Секако ќе ги прашам и нив ама да се спремам
Купи му памперс за дома. Вакцини треба да прими 3 па после ќе можеш да го мешаш со други кутриња. Јас го носам моето во Хепи пет во Аеродром и ми дадоа некоја храна за мало кутре, за бела крзно. Прашај и за витамини дали треба да зема, конкретно Калциум. За пелени јас купував од пет шоп од Козле. Таму најевтини се.
По 500/600 е една. Ако сакаш можам да ти дадам контакт број, да ги прашаш се што треба. Заборавив да ти кажам дека ќе му дадат и апче за глисти да се прочисти, околу 50 ден се, една месечно ќе прима.