Биди трпелива, сигурно има храна што ќе ја јаде.Моето на почетокот јадеше Адванс храна ама прејака и беше, па сега јаде Фармина или Пурина ама со молење
Зошто најлошо? Јас знам кучиња чие здравјеи квалитет на живот се значително подобриле по почнување на сирова исхрана.
@JuLleE и моево куче така прави, се навикна откога ја земавме дека ќе ѝ дадеме по нешто од нашава храна и прекина да јаде редовно од гранулите, туку на пример ќе стои додека јадеме ние и ќе чека да ѝ дадеме. Сега само ја игнорирам и ништо не ѝ давам, така да кога ќе сфати дека нема друго да јаде, си оди кај нејзината и нема друг избор, ја јаде. Остави го кучето само со таа храна и кога тогаш ќе ја изеде во текот на денот. Исто минативе денови почнав да ѝ мешам со онаа од конзервине што е како потечна и така мислам дека ѝ е повкусно и побрзо јаде, иако знае некој пат да забушава и пак да не ги изеде гранулите а другото да го излиже.Мислам дека таа комбинација на вкус им е поубава. Ама како и да е во еден момент ќе огладне и ќе си се врати на чинијата, не може толку да води инат.
Сепак до храната била. Ја изеде Пурина. Претходно другава не сакаше и седеше гладен. Ова виде дека не му давам друго и ја изеде. Туку, јас имам мерка од Acana храната, ама од ова заборавив да прашам. Има 3 ипол месеци, по колку треба да јаде? Или да идам утре да прашам.
Абе онлајн можеш да нарачаш што ти е Јас па кога има акција некоја така нарачувам, порано една мачка се хранеше скапо, сега две Па пратам кај има попуст таму купувам
Сирово од твоја свиња, теле, кокошка што ќе си ја заколеш, знаеш како е ранета, не рандом живо месо За мачките е најдобро да јадат живо месо, ама пошто со мене спијат, на кревет ми лежат, мене ме лижат, прегадно ми е. Сите мора некоја жртва да направат, така и мачките не мора баш живо месо да јадат
Ветеринар - Ветеринарен Центар во Капиштец, според мене нема подобри Што куче кажи прво, и да не е расно, колкаво би пораснало според мајка/татко. За дома земи пелени за кучиња, на тоа да моча ќе го учите, пошто ќе биде во карантин до ревакцина и нема да смее да се шета/меша со други животни (освен ако ова утре не е ревакцина). Купете му негово креветче, има во Џамбо а и во сите пет шопови, очекувај да ви биде весело по дома, ќе мочка и кака секаде додека сфати кај треба, па ќе мења запчиња и се' ќе сака да џвака, и кога ќе те излуди запамти дека кај куче повеќе успева награда, него казна Помислата на грицка им е најголема мотивација Честитки на новиот член, ако треба нешто пиши
Фала фала Гледав вчера видеа на јутјуб и сфатив дека за се треба награда. Денес ќе идам во џамбо да земам. Колку се креветите? Бишон е, околу 45 дена, утре ќе знам точно.значи релативно мало ќе е. На колку време се вакцините? Имаш контакт од диме или фб нешто? Трето дете ќе ми е, а со живците сум и онака полу полудена
Фб имаат, Ветеринарен Центар побарај, така се потпишани. Вакцини, ако примило папи, следна е за 21 ден, па на месец дена. Обавезно апчиња за паразити на месец дена. Кревети можеш и на ZooMaxi да разгледаш, јас сум многу задоволна. Грицки ќе земеш од петшоп сподветни за бебиња, имаш на Еукануба бисквити од 3месеци до година. И ветеринатот ќе те наспчува, а и сама ќе учиш со тек на време.
Ако сака пелени да му ставеш Ако не спремај џогерот Сега сигурно е прва вакцина примил и прочистено е, следна на 3 месец, па после 4 за беснило. До третиот месец ќе седе дома, не смееш надвор до ревакцината. И чувај го од децата да не му даваат чипс и храна од нивната оти мака ќе имаш после. И да, спремај се за трето дете оти е баш дете, ама поубаво нема .
Моите никогаш не се научија на сува храна, повеќе им е ко занимација тоа, грицкање. Мислам и ние не ги научивме, 5 се па поквалитетна храна значи многу пари оти си јадат доста. Исхраната главно им се базира на месо, пилешко, џигер, срце, бубрези, бел дроб, ориз или просо, некои од нив сакаат и зеленчук некои не. Она кај мајка ми сака многу краставица, пиперка, брокула, морков, ама овошје нејќе освен лубеница, лабрадорот па зелечук никако не сака, освен јаболко од овошје. Лабрадорот е многу дебел, секој божји ден има кавги со свекорот дека и штети на здравје, дека не е убаво за неа, дека ќе има мака стара кога ќе е, ама џабе тоа поголем инат и самобендисано суштество од него нема па он е убеден дека е најпаметен и дека така треба и дека е супер. Ние не сме тука така да негово е да ја чува. Лани зимата кога роди и кога јас и бев задолжена за исхрана немате поим каква згодница беше. Сега не сака ни да игра толку. Се нервирам и кога пишувам за неа, се надевам дека ништо нема да и биде, ама мислам дека само тоа е решение за да сфати овој дека не е во ред. Плус покажува знаци на алергија на житарици, упорно кажувам да не и се дава житарици ама не немало врска тоа, не постоело такво нешто. Од сите нервози од него ова највеќе ми боди у џигер.
Мачето кашла некогаш како да се дави, како да сака да поврати. Претпоставувам од влакната е, долго влакно има, а нема исфрлено до сега. Можам некако да и помогнам, да не има некоја храна или со апчиња за исфрлање?
тел. 023178611 Почни со храната што му ја даваат веќе, но можеш да земеш неколку за проба, да видиш која-како ќе ја сака, а и вет. ќе ти даде препорака, има и цени од-до, еве некој предлог од мене, сите се овие добри, зависи од самото кутре што ќе бендиса и од буџет
И јас секогаш сум против дебели кучиња, и не ја сваќам потребата додека јадат луѓето да им фрлаат под маса. Пред некој ден се расправав со комшија, секое поминување им дава нешто. Прво ги размазува,и може некој да им даде нешто што не треба,а второ кучињата ми се одлично нахранети и фит и нема потреба од награди. Се знае награди кога се даваат, при дресура
Има храна за исфрлање hair ball, a во фауна видов баш прееска и некои како грицки-награди во мало пакување мислам околу 60 денари беа баш за таа намена. Инаку можеш за понатаму да му даваш треба за пасе, или трева за мачки има како семе или пченица, да изрти да пушти ливчиња и ќе си ги грицка. Моите сите секогаш сакале хлорофитум растението декоративно, меки се ливчињата. Листови и тревки ги тераат на повраќање и ги исфрлаат влакната.
Здраво дечки помагајте!!! Имам јорки машко едно годишно. Го шетаме по мин 3 -5 пати на ден се врака дома и се подмочува обавезно или на паркет или на тараса. Ок научен е на тараса за хитен случај за ноќе во 3 ако сака да оди ама проблемот е што многу мириса и не се одмирисува со ништо сум пробала со оцет бел.ајакс.смак .ама и самото куче мириса многу го бањаме на 15 дена Има ли некое ефикасно сретство што одмирисува .вратата од балкон ако се отвори и на чистено мириса не се трпи. Јаде ројал канин но сепак кожата и влакното му се суви
Можно е да не му одговара храната, а можда и има некоја инфекција. Најдобро советувај се со ветеринар.
Кога купуваш храна, гледај да пишува на паковката prevention of hair balls. Нашава има скоро 2 години, ниеднаш не повратила топче со влакна.