Јаки и дебели нерви кога ќе уринира негде, а не на пелена, земи и однесија до место и искарај ја. Ако ја приметиш зека и се оди, земи и однеси го на пелената. Имај трпение ке се научи. Моето за надвор се научи на 4 месеци.
Сега не ни покажува дека и се моча како претходно да душка па да ја ставам. Ја ставам често како и претходно и не моча шанса нема. Кога ќе ја искарам брга и легнува на тепих. Ама на тоа останува Леле ако е така спора ќе скренам
Се зависи до кутрето. Моето мочкаше каде ќе стигне, па ако беше расположено одеше на пелена. Јас нервите ги изгубив и кога се откажав се научи.
После сите вакцини често ја вадев во двор и чекав додека да заврши работа и и давав бисквити за награда и и викав браво. Следи ја кога ќе сака да уринира и одма извади ја надвор. Неколку пати и ќе се научи. Сега сама тропа кога и се оди надвор.
Малите кучиња се како мали деца. Треба многу трпение, нерви и посветено внимание. Не можете да очекувате од куче од 40 дена да ви дава знак дека му се моча. Прво, зашто не знае како. Второ, зашто не може да трпи. научете ги што значи зборот “браво”. Дека се употребува кога ќе ве послушаат. Научете ги дека награда се добива кога ќе ве послушаат. Носете ги често, на пола саат/саат на местото каде сакате да мочаат и седете до нив. Кога ќе измоча кажете му браво и погалете го. Со тек на време ќе научи. Долг процес е. Не може во 2 дена. Друго. Зборувајте со вашите кучиња. Исто како со децата. Така ќе учат зборови и ќе ве слушаат кога им давате команди. Едноставно ќе ве разбираат. И не ги разгалувајте. Тука е најголемата грешка. Не им попуштајте зашто се мали и слатки. Бидете истрајни, трпеливи и упорни. Секое куче може да научи основни работи ако сопственикот му посвети внимание.
Истово и јас го правам, плус ја пратам да има рутина. Сабајле после станување, папање и директива надвор. После секој оброк (за сега 3 пати на ден ја храниме) ја носиме надвор и ако дремне подолго после тоа директива надвор. Сега ја гледам почнува пред влезна врата да стои кога сака надвор. Се случува по некоја незгода ама тоа е, малечки се. Него да ве прашам, со што им ги чистите очињата? Изгледа има некоја мала инфекција и се собира на очињата од вчера вечерта го приметив ова. Ја чистам денес неколку пати со млак чај од камилица, се мислам дали да ја носам на ветеринар за ова (плус сеа со закажување е) или со ова да терам неколку дена? Не изгледа дека ја боли или и пречи, малку и е зацрвенето, баш како кај луѓе ситни инфекции кога се јавуваат. Бог знае што правеле со мачорот....
Требаше да ме тагнеш за да прочитам. Се тоа се прави, само што пишав дека инает тера, бега и не моча на пелената, а мочаше. И да, дава знак кога душка па така знаев кога и се моча. Околу тоа побарав помош, иначе знам дека прелу ноќ не се учи
@Angie1432 моето кученце има исто такво поголемо меурче на мешето и јас кога го видов отидов на ветеринар и ми рекоа мала хернија која можеле да ја средат кога би го стерилизирала .
Пишував во множина, за сите со исто прашање се однесуваше, затоа не те тагнав. Ама ете тебе те интересирале следните мислења, па си влегла во темата и си прочитала. Не тера инает, толку разбира. Толку знае на таа возраст. Еден ден ќе ти дава знак, еден не. Затоа потенцирав толку пати, секој ден треба да си упорна за да и создадеш навики. Не мисли дека научила зашто е прерано. Тек после 4-5 месеци можеш да се ослониш на тоа дека научила. И пак може да и се испушти. Најбитни моменти за мочање се после јадење, после спиење (наутро и преку ден ако дреме) и после играње. Дури и на сред играње може да и се испушти. Само трпение и упорност...
Куче 3 години, денес има као пролив. Вртеше кругчиња одсабајле на тенисон, го пуштив на тераса брзо, два пати покака. Попладне саат и пол сигурно бевме надвор, никаква столица, вечерва пак на тераса проливче. Малтезар мешано е, може да му е од ладно? И како да праиме ноќва? Попладнево ни јаде ни пие.
Штом не јаде, не пие, разболен е, не е само осетливост на ладно. Најдобро ништо да не му даваш да јаде вечерва, само вода да има, а утре на вет. Или ако му даваш, ориз бел свари му и давај му мали парчиња на повеќе пати, не наеднаш и пилешко ако имаш варено, не купечка храна. Сама од себе треба да се повлече за ден, два.
Баш денес бевме на вет, истото ми го кажа- ориз со пилешко. Е пилешко немам сега. Значи гранулите да ги сокријам?
Сокриј ги, потешки се за стомак дури и од пилешко да се, одколку свежо пилешко. Ако имаш ориз, само ориз, ако немаш, ништо вечерва само водичка да има за да не дехидрира од дијареата.
Сакаме да земеме кученце , ни се допаѓа јокширски териер . Дали знаете отприлика цени , би можеле да издвоиме до 200- 250 евра.Дали може да се најде до таа цена? Не ни треба педигре.
Здраво, земавме маче мало, 6 недели, освен јогурт нема јадено ништо од вчера, а има и сува храна потопена со вода, течна храна за мачиња ама не јаде, дали има отворен пет шоп во недела во Скопје, да земам и некоја друга храна и која би ми ја препорачале? Инаку е весело игриво, не застанува кога е будно. Фала ви.
Капитол мол Аеродром доле во подрум ројал канин .рамстор мол центар доле во подрум исто ројал канин,сити мол,во поголемите маркети исто има храна за миленичиња,кам,веро.тинех......кај ти е најзгодно Најбитно вода да има ,храна денес да се снајдеш да има
Фала многу, да не имате совет и за каков песок да земам, земав од Веро ама мачево штом го ставам внатре почнува да го јаде, што е проблемот со песокот? Извинете, прв пат чувам маче..