Miglior gatto користиш? Знам во Тинекс и Веро го има, ама не ми текнува дали и некој друг продаваат. Инаку овој го користев до пред некое време ама никогаш до сега не ми се случило да го јаде песокот дури и кога беше малечко. Е сега на опаковката има дека има мирис на бор, може му мириса на мачето па затоа го јаде... ама стварно не знам. Инаку јас се префрлив на Kitty friend 10l, го има по маалските петшопови. Овој ми е некако попрактичен бидејќи е клампи, т.е кога ќе изврши мала нужда се прави како топка и некако полесно ми е за чистење.
Да, тој е песокот, само него го имаше во Веро. Добро тогаш, ќе побарам од препорачаниот. Кога отприлика знаат веќе да го користат? Секој совет е добредојден
Некои го јадат песокот ако имаат дефицит на некои витамини. Храна земај му за мали мачиња, пишува на паковките Junior. Твоето маче би требало веќе да знае да го користи, доволно е старо
Таква е храната јуниор, сува, пауч и едни како паштети, со мали парчиња месо за мали мачиња. Го сменив и песокот ама не, сеуште ништо, неможам ни да најдам низ домот место да извршило нужда.. да носам на вет да видат дали е океј меше и сл? Инаку јаде, игра, ок ми изгледа.
Треба секој ден да кака и моча. Масирај му го нежно стомачето со влажно крпче, ако нема ништо пак носи го на вет.
Имам едно прашање за сите коишто имате искуства со чување на мачки. Дали вдомувањето на постара мачка е потешко отколку вдомување на мало маче? Дали би имала потешкотии во навикнување на живот во стан а претходно била чувана во куќа со двор и општо на живот со нов газда? Исто така досега не била вакцинирана, дали е проблем што покасно ќе ги прими вакцините?
Не е проблем за вакцините, ниту за тоа што ќе живее со нов сопственик затоа што животните брзо се прилагодуваат на нов човек, особено мачките. Веројатно би имала проблем ако претходно била во двор, па да сака надвор, ама ако и направиш се' како што треба веројатно можеш да ја одвикнеш.
Ти благодарам за одговорот. Долго време размислувам да вдомам маче ама најмногу ми е страв за хигиената во домот. Јасно ми е дека има трчање и чистење по мачката како и по секое домашно милениче. Ама не би сакала да излегува и потоа да спие со мене во истиот кревет. Се надевам дека нема да имам такви проблеми.
Ќе имаш ако земеш возрасна. Со мало маче ќе ти е полесно зашто ти ќе му создадеш навики. А оваа од слобода ја пикаш во затвор за неа.
Има, има откако ќе измочамсе дома Моево е 3 ипол месеци и уште знае да направи беља кога е налутен. Моча на пелена. Го шетам надвор и се стиска, само што ќе влеземе дома, он ќе моча и кака . Така да, со лесно, има време ќе се научи. Туку, ова моето кога го шетам само лае, значи не престанува, срам ме фаќа дури, градот во вис го дига. До расата ли, до што е, ама на нерва ме мава.
Мој ото така праеше. ќе шетаме ко луди и доаѓа дома трк у соба да се посере. Но три недели траеше сето тоа. Сеа ќе стиска ако треба ќе пукне, нема шанси дома нешо да направи.
Мачките имаат вродени хигиенски навики, му ставаш песок му покажуваш кај стои, значи само го носиш мачето до песокот и си знае. Ние баш поради тоа чуваме мачка, а не куче, затоа што маж ми нема баш трпение за каки и мочки низ дома дури го научиш, а со мачката немаш таков проблем, знае од прв ден. Без разлика дали е мало или возрасна, таа и како возрасна кака и мочка надвор па го закопува, а дома ќе бара нешто слично затоа што тоа им е во инстинкт, па кога ќе и наместиш песок ќе го користи од прв ден, 3 мачки сум чувала, сите 3 знаеле од прв ден, а сите беа различна возраст кога ги земав. За хигиена во домот нема зошто да ти биде страв со маче особено ако го чуваш само дома. И нашата мачка е само домашна, не излегува од дома, ни еднаш ја немам искапено. Ни еднаш. А блеска. Крзното и е преубаво, меко, и мириса ептен убаво, неутрално. Секој што ќе ја види мисли којзнае какви шампони користам ама ни еднаш не е капена, и не препорачувам мачка што исклучиво седи дома да се капи бидејќи им е преголем стрес, а ќе видиш дека по цел ден ќе се лижи, едноставно мачките се такви, многу педантни. Трикот е во квалитетна храна да и даваш бидејќи храните се направени специјално покрај другото и за крзното. За влакна, ќе прави, нашата не прави премногу, ама ако мачето е чисто и влакната кои паѓаат се чисти и не треба да се секираш. Не знам дали ти е страв од голтање влакна, ама милион имам голтнато сигурно и ништо не ми било, тоа е малку нереален страв меѓу луѓето, мачката ако е чиста и здрава, на влакното ништо не му е. Трчање по мачка нема, бидејќи има песок што е специјално наменет кога ќе се измочка да ја неутрализира миризбата и да ја упие течноста, ќе бараш силиконска песок во гранули, едно пакетче ние користиме околу 2-3 недели, значи ставаш песок во кутијата и си мочка мачката во песокта 2-3 недели не се замараш со мочки. Кака еднаш во денот, навечер само го фаќаш гомцето од песокот и толку. Воопшто не ја доживувам мојава маца како да трчам многу околу нејзе. Баш ќе ми беше мило ако не спиеше по цел ден и ми посветеше малку внимание Многу нереално очекување е дека ќе чуваш мачка и нема да се качи на кревет одкако ќе се измоча или искака. Едноставно е премногу нереално и невозможно очекување и можеби треба да размислиш дали можеш да чуваш доколку ова ти е нешто од кое не можеш да се откажеш. Нема смисла да ја чуваш во стан и да не се качува на кревет, мачките се такви животни, се качуваат, слегуваат, тешко скоро невозможно се тренираат на некои работи, а всушност ова што го викаш ти, не е проблем никаков. Можеби дека немаш чувано никогаш и замислуваш дека е валкана, ама не е воопшто валкана ниту секундата кога ќе излезе од кутијата. Си мочка во песок, мочката останува во кутија, кога ќе искака, гомцето останува во кутија и ако се плашиш дека нешто останува на крзното на мачката, ти кажувам дека ништо не останува ако мачката е хранета со квалитетна храна, без домашни работи, млека и слично, треба да се знае што смее, а што не смее да јаде и верувај ми кај ќе ни е крајот ако тоа беше проблем, цел свет чува мачки. Мислам дека погрешна замисла имаш како изгледа мачката одкако ќе излезе од кутијата за тоалет, значи да ја учиш да не се качува на кревет, само ќе се нервираш, таа ќе се нервира, нема да те сфаќа, а сето тоа за непостоечки проблем. Која е поентата да чуваш животинче ако не смее на кревет да се качува, мачка спие во најјаките пози кога се осеќа најудобно на кревет Сега одкако ти напишав реферат ти го препрочитувам коментарот и не знам дали мислеше да не излегува мачката надвор од домот, па да спие в кревет, ако мислеше на тоа, да проблем е, затоа што мачка секаде ќе се пикне, а да ја капиш на секое излегување нема смисла, мачките нејќат да се капат, а треба да размислиш убаво дали треба да ја земеш таа конкретна мачка бидејќи веќе е научена на живот во двор па да не бара надвор или подобро е да земеш маче кое или е мало или големо ама живеено в стан. Исто треба да знаеш дека гребат и касаат и биди спремна на неколку гребанки на секоја рака Прашај што сакаш
Ова со јадењето на песокот не го знаев. Не ми се случило до сега, но дефинитивно е good to know информација за во иднина! Фала.
Лаењето најчесто има врска со тоа колку е социјализирано @JuLleE . Со околината,луѓе,кучиња. Нема врска големината. Кога ке се научи со луѓе,кучиња,мачки врапчиња нема да лае. Има еден добар блог со совети ,баш го имаше објаснето лаењево кога се бебиња. Сега почна да излегува кучето,ќе прекине. Имам бигл во комшии,цел ден е во двор ,го немам слушнато да лае.