Meне на ветеринар ми рекоа обавезно чистење на уши еднаш неделно, нашава е ретриверка и склони биле они кон ушни инфекции. Ги чистиме со бетадине на памукче, само да се помине ушето одвнатре, без навлегување во ушната шуплина. И кога ја бањаме пазиме да не и влезе вода во ушите, тоа исто може проблем да им направи.
Е уште тоа го нема во листата болести А се ме води кон тоа. Ако не се смири наскоро ќе го испитувам и за алергии.
Мојата многу често фаќаше инфекции на уши, ја чистевме на ветеринар и и' даваше антибиотик. Летоска го нарачав ова, почнавме редовно сами да и' ставаме (само се капнува, малку масираш и оставаш да се истресе), оттогаш сме немале проблем.
Мене во пет шопот ми рекоа да избегнувам храна со зеленчук пример сакав да купам Friskes junior паучи а тоа содржи моркови и ми рекоа има шанса крзното да му се обои. Исто ти одговорила и @СуперДевојка и исто како неа и моево обожаваше Pedigree ама избегнувам да му ја давам, ја сака Еукануба папи и најновo ми ја јаде Dog&Co Wellness Puppy Mini. Исто за бањање користам шампон за бело крзно, а добри се и додатоците за здраво влакно што ти се напишани, јас во иднина тоа планирам да му давам, сега за сега витамини и калциум прима и едни награди/грицки за подобрување на кожа и крзно му давам и ги сака, еве овие:
Прво не го чепкав во ушињата ама по некое време почнаа да му замирисуваат го однесов на ветеринар и ми го понудија ова aurum 0, има капалка и ставам од капалката во увцето, блага масажа на ушната школка одоздола и подобро е со ушињата се. Мислам со стапчиња внатре во увце не, еве и добар совет е прочистување од околу не навнатре со физиолошки растовор што го пиша некој, ете и јас ќе почнам така.
Вет Свет, околу 400 денари, ама многу е ефикасно, одма го среди кога имав проблем на почетокот, сега еднаш неделно онака превентивно му ставам, промасирувам и после сам си се протресува. И овде за онлајн нарачка гледам имаат нешто: http://www.hranazamilenici.mk/kozmetika/higiena-na-ushi
Нашиот лабрадор е исто стално со ушни инфекции, постојано, не дава да ги чистиме само што се фаќаме за хидроген одма криење одма бегање, па на неколку месеци ја успиваме малце и ветеринар и ги чисти, дава антибиотик и рааат сме некое време. Исто многу се чеша и се лижи ама не можам да го убедам свекорот како и за се друго што е најпаметен, дека можеби има алергија на некоја храна. Жална е за гледање кога и се воспалени ушите.
Леле ептен ми е жал кога ќе слушам нешто вакво, сигурно не ти е сеедно за гледање Далеку од тоа дека чистење уши и е омилена работа на мојава, она и за чешлање е проблематична ама со награди, со учење седи мирна колку толку. Кога ќе ги видам на видеа како седат мирни за чешлање па уште насмеани и ја и она со очи превртуваме Ама сепак на крај тоа што е најдобро за неа. Да ја оставам со инфекции или тутки и да и загрозам здравје не можам.
Ти благодарам Ќе и купам и вакви грицки и витамини. И купив храна на еукануба, гледам убаво ја јаде. Фала на препораки. @СуперДевојка
Здраво ако можете да ми предложете пет шоп-салон за миленици, за стрижење на куче во Скопје во било која населба, предност Ѓорче, Влае, Хром. Благодарам однапред.
Му ставив фронтлине ампула на кученцето ме интересира дали смеам да го бањам или ке се намали дејството на ампулата, му ја ставив пред три дена
Мојов мачор е зависен од јадење. Цело време џвака со устата (така прави кога му се јаде), и воопшто не седнува мирен да се гали како порано, само џвака па џвака. Ама не му даваме цело време, само насабајле и навечер и вака правиме веќе сигурно година дена ама џабе е. Има ли некој начин да се одвикне од желбава за јадење?