Сакам куче извинете ако прасањето е сместено во погрешна категорија.Сакам да прашам дали знаете дали смеам да чувам маче, а планираме бебенце.Дали мачињата се опасни за бебиња, дали некој од вас има такво искуство?
Сакам куче никогаш не сум чувала ниту куче ниту маче дома, во дворот да ама дома никако. искрено јас лично не би ти препорачала. се возев во автобус накај училиште и слушнав постара жена како разговара со друга дека снаата чува мачка дома а имаат бебе, и како што сватив детето некако успеало да проголта влакно од мачката и се искомплицирало детето стигнало до хируршка интервенција, сепак се животни и колку и да се трудиш да бидат сосема чисти невозможно е а освен тоа влакната им паѓаат на сите страни, не е здраво за бебето. мое мислење
Домашни миленичиња Тешки ли се за чување зајачињава? и дали може дома да се чуваат пошто ми кажаа дека многу мирисале.. се мислам да земам ама никогаш не сум чувала така да не знам
Хеј девојки, јас стварно имам проблем со мојата Луна. Кучево пред некое време додека делуваше нормално, се галеше, доаѓаше да ја чешкам и мазам, си игравме со гумени играчки, јас и фрлав она ми ја носеше...се до пред некој ден, кога почна со нејзиното чудно однесување...да бидам попрецизна, сега е некако поплашлива, гумената играчка која свиреше кога ке ја стиснам не ја вади од уста, ако земам пак да и ја фрлам за да ми ја донесе почнува да цифка и трча по неа со цифкање, бега да не и ја земам, спие со неа цело време... се тресе кога ја зимам во раци да ја галам и само гледа да не и ја земам играчката...чудно ми делува. Има неполни 2 години и не е вакцинирана воопшто. Не знам што се случува со неа, баба ми на шала вика дека сакала да има кученца ама поима немам, не е парена до сега, и немаме намера тоа да го правиме. Ај нешто околу ова што мислите?
Јас мислам дека треба да ја вакцинираш т.е. си требала од почетокот нејзин, за нејзино добро зборам. Дали некој лошо се однесува кон неа за да реагира така или...!? А тоа што се плаши тогаш не и ја зимај играчката и види некое време како ќе се однесува па пиши...
Не не, премногу ја сакаме сите, постојано ја галиме, чешкаме, значи буквално по га.от и одиме сите, највеќе јас, затоа најмногу ме сака мене ама навистина ми е чудна многу деновиве.... се надевам ке и помине, а кои вакцини треба да ги прима, затоа што оние првите нели ги испуштивме, и ај ако сака некој нека ми објасни.
Чим си ги испуштила првите тогаш може сега еднаш годишно и се става вакцина против беснило, како и против надворешни и внатрешни паразити. Др.Марин (спроти социјално) е многу добар ветеринар, можеш и од него да добиеш инфо, еве број 070-340-846 и 02-3113101, се надевам ти помогнав колку толку
И мојот мачор не го бањав.Не влагаше ,и не во вода.Првите два-три пати,ај оти беше малечко ќе го поминевме низ вода Али после немаше шанса.Еднаш ми скокна и од памет ме извади па си реков веќе во вода не го ставам.Башка,колку сам си се чистеше,абе да го погалиш еднаш-одма се чисти.Еден роднина на зафрканција рече-Леле мачоров ви е почист и од мене Инаку вакцини,прашоци против болви,ова она се му дававме и на ветеринар го носевме. Дома го чувавме, и во двор кога беше топло,ама еднаш кога бевме искочени некој ни го зеде,а ни кажаа дека демек го утепал некој и го фрлиле Се утепав од плачење и ден денес ми е тешко,оти како член на фамилија си го сакав.Многу ни беше чудно .зошто оно не шеташе многу далеку, само во двор,немаше шанса некој да му направи нешто,освен- некој од кој не сме очекувале-и тоа од љубомора,оти беше прекрасно ангорче.2 години поминаа ни траг ни глас.Сум чувала многу мачки али како тоа што ми влезе во срцето ниедно
Јас сум од Велес, проблем е тоа што во ветеринарната станица тука кај нас, не ми се оди веќе, едно ништо немаат од опрема, друго-докторот ми делува како да мајка му зорле го однела и го запишала да учи ветерина, послдниот пат кога однесов едно малечко улично кутре, удрено од кола, тој ми рече (цитирам): Најбезболно за вас ке биде да го фрлите во контејнер. А кутрето беше живо и умираше во болки, да потенцирам дка сеуште е живо, го гледаат во една фирма вработените, но куца.
Домашни миленичиња Јас исто имам чувано зајаче,не мирисаат ама треба редовно да му чистиш и се многу мили во запчињата...инаку мене зајачето кога порасна ми избега..и сега незнам како успеало да излезе од кафез
Домашни миленичиња питање до доберман Aлармна ситуација! што да се прави против крлежите? ние и купивме од таа ампулата, ама ништо, само почна крзното да и паѓа од тоа, некои бубулички и излегоа, ја мачкавме со маст и помина! секој пат кога ќе ја носам по тревишта, ја враќам дома и ја требам, 4-5 крлежа кај мешето ќе и се залепат! ама сега мене ми се закачи еден и Спојлер тоа на градата, сигурно млеко му се пиело , и коса ми се крена! што друго би можело да се користи против тие грди и досадни инсекти?
Од која фирма беше ампулата и од каде ја купи ??? Најквалитетни и најефикасни ампули се Фронтлајн (Frontline) и Протектор (Protektor) , пробај стај му на кучето Фронтлајн или Протектор и нема да ти закачи крлеж. Или во случај да закачи веднаш ќе умре и ќе се исуши и сам ќе си падне од кожата. И ампулите секогаш гледај да ги купуваш од ветеринарни станици, бидејќи во петшоповите понекогаш се случува да продадат ампула со поминат рок и ампулите со поминат рок не се ефикасни.
И моето кутре има некои гнојничиња по телото, жолти па се сушат па се лупат, и нови излегуваат постојано, не знам што да и правиме, и ставав јас пудро во прав она белото знаете за да ги суши, но едни поминуваат а други и излегуваат. Ај хелп
Ако имаш потреба од ветеринар во Велес, јас би ти го препорачала еден релативно млад дечко, ординацијата му беше во близина на Уред, отприлика некаде кај поранешна Деспина. Мислам дека докторот се вика Роберт. Не се сеќавам добро, зашто подолго време не живеам во Велес, а знам дека кога го носев едно маче што го најдов пред зграда, само чмаеше, нејќеше да јаде, да пие вода, имав некаде околу 14 год, што значи...било је то некад давно. Муабетов ми е дека дечкото е многу љубезен, фин, се труди да ти објасни во најјасни црти како да ја продолжиш грижата за животинчето...едноставно имаш чувство дека освен тебе и на тој што му плаќаш сепак му е грижа, не се понаша за само да ти ги лапне парите.
Дечки, сега си дојдов од град а кутрето беше само дома и кога влегов кутрото си гриза ЦД и веќе беше до пола изедено. Дали може да му се случи нешто на желудникот, бидејќи ЦД-то е пластика и е остро?
го изело?? уф леле.... дај боже да поврати, и мојава свашта јаде, па повраќа! провери под кревет да не има повратено уф леле, се надевам дека нема нешто лошо да се случи