Мојот постојано си грицка од сувата храна, тоа гледам да има цело време. А од другата давам по 1 на ден.
Само навечер и сабајле не е премалце? Јас му давам 3 пати, на секоја купечка храна пишува колку грама од таа храна треба да му даваш во однос на килажата и му ја делиш на 3.
Предебел стана, одеднаш. Порано му дававме насабајле, на ручек и навечер. Ама пред година ваљда, не сум сигурна точно, почнавме по два пати на ден да даваме. И секогаш бара уште и уште, само што ќе изеде пак мјаука за да јаде.
Прочистен е. Му имаме давано друга храна, ама не ја јаде толку и му останува во тањирчето. Не јаде никаква храна освен Whiskas Junior, и уште една Junior од жолта кутија што е, а стар е.
Епа не го заситува веројатно. Пробајте со адулт тип на храна, иако отпрво нема да ја јаде претпоставувам, оставајте му ја само неа. Кога ќе огладне ќе ја изеде.
Да не си има некоја друга мака? Изметот му го следите? И некои други промени во однесување? Ме чуди ова со џвакањево. Од мое искуство и колку што знам мачките не се ненаситни. Ние секогаш сме им оставале да имаат грицки и плус во текот на денот од тие ќесичките нивни. Дека се стрчува на секое отварање на фиоката каде што стојат да, ама никогаш не било да бара без престан.
Се е океј со него, почна да џвака како помал уште кога беше, така врти со устата за да му се даде храна. И со изметот нема проблем воопшто.. Ќесички ако мислиш на течна храна, не му даваме бидејќи тогаш има проблем со стомакот му кркорат цревата и има течна столица.
Aaa така. Не знам, искрено јас би се исконсултирала со ветеринар за секој случај. Зашто секогаш за мачките ни кажувале, пазете на промени во однесување и пребирливост со храна. Со оглед на тоа дека ретко или воопшто не покажуваат болка ова може да се главните знаци дека има некој проблем. Може и фаза да му е само, се пекмези за храна ама никогаш не се знае.
@Hellobeautiful мене не ми изгледа по ова што опишуваш дека е зависен од храна, нешто друго е во прашање, ама можеби грешам
И мојот е ненаситен, исто му даваме навечер и насабајле. Најголема разлика направи што му сменивме исхрана, исклучиво мокра. Има период на транзиција, тоа што му е на почетокот потечна столицата се регулира, во принцип мократа храна е многу поздрава за нив. Прво почнете наутро сува, навечер мокра. Мојот имаше многу проблеми со алергија и затоа примарно го префрливме исклучиво на мокра храна од само месо, без жита ама дефинитивно има промена и во салцето и во мноогу интензивното мјаукање за храна. Ко друг мачор да имам, многу е мирен. А тоа што нагло се здебелил без да менувате исхрана е чудно. Најубаво ако можеш да се консултираш со ветеринар, за да си помирна.
Здраво, имам бишон стар 2 месеци. Пред 7-8 дена почна да си ги чеша ушите. Ја однесовме на ветеринар за вакцина и спомнавме за ушите ни кажа дека и е од влакната, ја подшишаа но кучето продолжи да се чеша и тоа во последните 2-3 дена се почесто. Пробав со чепкалка за уши да и ги исчистам неколку пати и секогаш излегува нечисто со јак мирис. Знам дека најверојатно станува збор за инфекција. Сакам да ве прашам дали некој има слично искуство кај неговото куче и што му помогнало?
Пред две недели бевме закажани за стерилизација на мачето, одложив поради изолацијата. Дали има некаква штета ако почекам да помине зимата? 6 месеци има сега.
Така не закажа ветеринарот, за да не влезе во циклус, ама не би ја носела сега поради ситуацијата. Треба да чекам таму дури е операцијата.
За мало не е мало. Однеси го отпосле. Женско е? Зошто да чекаш таму? Најдобро е да го задржат некое време и да ти го освежат со инфузија.
Носи ја на друг ветеринар кој ќе ги исчисти ушите од внатре и ќе ви препорача соодветни капки за уши. Ушните инфекции можат да бидат генетска предиспозиција, а кај твоето кутре многу веројатно да е генетски, зашто е премало за да се развие ушна инфекција од недоволно вентилација на ушниот канал (од нередовно одржување и кубење на влакната во увото).
Најдобро е да се стерилизира додека е мало пред циклус. А обично ветеринарот ти закажува операција, го оставаш сабајле и попладне го земаш. Нема да чекаш на вет.
Јас би ја однела сега. Да помине зимата, ќе те фати февруари, ќе ја фати неа период за парење. Обично за мачки ако веќе сте одлучиле за стерилизација препорачуваат пред да ги дрмнат хормоните. И мене ме збуни со ова дека треба да чекаш таму, секогаш се остава и после си ја земаш. Плус за женка е подолга процедура, пред тоа има период додека да фати анестезијата, нема зашто да чекаш таму.
Фала ви, се јавив закажав за понеделник. Во право сте, ќе си ја земам попладне, не треба таму чекање. Не знам зошто така разбрав тогаш.