Најубаво е сега зимото, раната многу брзо ќе заздрави, не одлагајте, таман е и со месеци. Треба да му се смени храната прво, штом е возрасен не е за џуниор уште тој, ама не мислам дека е до храната, мачорот како да има некој проблем. Мој совет е да го однесиш на ветеринар, да го проверат, и секако храна за возрасен мачор, ќе експериментирате додека не бендиса некоја и секако ќе се буни на почеток, ама друго не му давајте, ќе огладне и ќе ја прејаде. Ушите не се чистат со чепкалки, туку со мокро памукче. Капки треба сигурно има некоја инфекција а можно е и антибиотик да треба да се дава.
@Nefertiti. Закажав за понеделник, среќа имаше слободен термин за попладне кај ветеринарот. Се надевам добро ќе испадне се.
Инсистирај да биде скрос разбудена кога ќе ја земаш. Скрос, да се движи. Може да е опасно ако ја земеш дома недоразбудена, а така ја даваат, не се замараат многу.
Смени си ветеринар очигледно не знае да си ја работи работата како што треба. Кучето има инфекција исто така на кучето треба да му се вадат внатре влакната само нежно да не му оштетиш нешто.
Фала на сите за одговорот. Ја однесовме повторно на ветиринар и установија дека се работи за инфекција. И дадоа капки кои треба да се користат 7 дена па ќе видаме како ќе реагира. Поздрав
Презакажав за стерилизација за утре попладне, заборави да ми кажи ветеринарот да не е јадена ништо од претходниот ден. Операција имаше ко се јавив да закажам, среќа што читам од сабајле за нега и за можни ризици, од што ми е страв, па прочитав и за храната. Не знам како ќе издржи само без храна од вечер до утре во 5 попладне. Да не имате некој совет плус за после операцијата, многу сум испаничена да не се случи нешто. Како да ја ранам после, да не е подобро со влажна храна првите дена?
Јас го стерилизирав кучето во Петокот. Требало да те извести ветеринарот за целосна процедура. Иначе и моето не беше јадено од предходен ден, ми кажаа дека најдобро би било до 5-6 да и е последен оброк претходен ден пред операција. По самата операција и давав вода, а наредните два дена само потечна храна, т.е јогурт и супа. Прашај што е најдобро да и дадеш после операција. Мене ми кажаа кога ќе се подобри состојбата за неколку дена ке може да јаде папи храна. Каде ќе го стерилизираш мачето?
@poppie од Битола сум, кај Д-р Чупона ја носам. Задоволна сум инаку, ама на мобилен го барав тогаш и на сред операција беше, па само термин закажавме. Ќе прашам се утре, да сме спремни за наредните дена се што треба.
Ти ја даваат разбудена, гледај првите денови да биде на пониско и на мирно место, да не скока многу со раната. После операцијата јогурт се препорачува или од паучите, потечна храна. Многу зависи и од мачката. Мојата женска на времето кога ја стерилизиравме ми рекоа ќе биде омалаксана неколку дена таа штом дојдовме дома испрошета се, на секој шкаф се качи. Ама таква беше, активна и живахна. Ќе ја пазиш првите денови, веројатно и ќе ти речат да ја носиш на контрола, мене првите неколку дена ми рекоа секој ден да ја носам, они и ја чистеа раната и гледаа како заздравува. Тоа е тоа. А, само загледувај ја да не се лиже каде што и е раната, за побрзо да и заздрави. Не се секирај, рутинска операција е ова, си ја знаат сигурно работата, супер ќе биде маца
Последниот оброк можиш да и го дадиш вечерта до 21 па и 22 часот, ќе издржи ништо не е тоа не се секирај ич ти, полесно да фани анестезијата и за да и биде отпосле неа. Првиот па и 2риот ден не се чуди ако ништо не јади, ќе гледаш само вода да има постојано и да пие, побрзо ќе ја изфрли анестезијата така и ќе се освежува. Можиш во мал сад течна храна да ставиш, а во друг па сува храна, и тоа да си стои до неа, кога таа ќе се осети поосвежена и подобро сама ќе јаде, битно е вода да пие. Мој совет е само ќе ја пазиш за раната, да не ја лиже, ако треба она за околу врат позајми го или купи го што е за после операција, пошто мачките се пак поинаетливи, со кучиња полесно бар јас сум се справувала за да не се лижат. И друг мој совет е да не и даваш никакво апче против болки, бидејќи така ќе се залажи дека не ја боли раната и може да се движе повеќд па и да скокне и не дај боже да ја повреди или подотвори раната. Ќе си леже само и ќе мирува првите два дена, нема што да се секираш, после некој ден иста ќе си е.
@poppie @tigerlady @Nefertiti. Фала ви многу, ми значат советите и поддршката. Ќе пишам утре како поминавме.
Здраво, сакам да прашам дали некој кој чува маче му се случило да почне да кашла? Мојата кашла вејќе 2 месеци, не често но еднаш во 2-3 дена кашла, а никогаш нема вака кашлано како пред да повраќа.. ама не повраќа туку само ќе се искашла и толку. Има 13 години и вака си е весела, си игра, јаде, пие но ова ме загрижува бидејќи на нет што читам велат дека може да е астма или инфекција на дишни патишта. Кашла слично како мачето на видеово
Ова е мачешки бронхит, голем број на кучиња и мачиња моментално го имаат ова, многу е заразно помеѓу нив и мора да прима антибиотик за да се опорави посебно со оглед дека е 13 години. Однеси а на ветеринар да а буцнат и ќе ти кажат што да продолжиш да и даваш од дома, провери што антибиотици имаш дома да не купуваш, како макропен.
Се вративме пред еден саат од ветеринар, добро помина операцијата. Разбудена беше и имаше примено инфузија, ама уште се тетерави дома и зашеметена е. Ја ставив на ниско во куќарката и одма почна да излегува и проба да оди, ама паѓа на меше и ја зедов на мене па си лежи мирно. За храна дури сабајле ми рече, вечерва само вода.
Мачорот малце ми е настинат, му течи носето, му солзат очињата и гласот некако ко зарипнат, па ме интересира што да му дадам, некој антибиотик? Ветеринарот не ми крева на телефон а не сум во можност да го однесам овие дена. Фала ви.
Mislam vo luna pet shop deka imaat imaat i dostava. Mozes i sama da si napravis ne e tolku komplicirano