Дечки препорачајте ми пет шоп каде има поголем избор на креветчиња за домашни миленици? (Освен луна пет шоп, таму веќе разгледав).
На ФБ Фемили пет шоп. Мислам дека тие ги изработуваат креветчињата и праќаат по карго. На друго место не сум видела толку голем избор. И многу гардероба имаат
Не смее црн дроб? Моево само изнутрици јаде, дроб, срце итн. И само тоа му давам со ориз. Друга храна не сака ни да виде. Штетно ли е?
Нашиве јадат пилешки црн дроб, мислам дека не е штетно ако е пример еднаш неделно, ама ако се јаде често може предозирање со витамин А и К и да направи проблем, барем така имам читано. Искрено и јас сум надве, не знам може најдобро вет да прашаш.
Да прашам нешто.. моето куче е сега 6 месеци и до сега јаде кучешка храна ама џуниор, па сакав да прашам од која возраст ќе може да јаде кучешка храна за возрасни кучиња?
Здраво, сакав да прашам дали некој знае со што да му ја исчистам раната на мачето(си ја повредило ногата и има крв) и што би можела да му дадам за да ја ублажи болката?
Како да спречам кучето да се валка у гомца? Не ги јаде... но ако виде малетко дури и колку зрно грав, веднаш си легнува на земја и се валка у него.. Голема е веќе 2ипол години.
Понекогаш се случува моето куче да има крв во изметот. Но, тоа се случува во 4-5 дена ЕДНАШ, други никакви симптоми нема. Дали е загрижувачка ситуацијата или не?
да не знае некој во скопје негде да прават персонализирани ремчиња за кучиња? со име и податоци изрезбани/испечатени на ремчето... на нет сум гледала такви ама не знам дали прават тука негде
Овие се од Куманово, иначе истите на Алиекспрес ги има за 2-3 долари и се преубаво изработени. Јас нарачав и кожен околувратник со име и исто сум многу задоволна, беше околу 5 долари.
Не знам дали е до мене и сум лош сопственик или кучево ми е со вишок енергија. Значи ја шетам нели, и кога кога е празно во школски двор или пред зграда во двор ја пуштам да се истрча.И океј се тоа, ќе поигра ама не можам да ја соберам.Јас ја викам, таа ме гледа и мафта со опашката и седи во место, а кога ќе тргнам накај нејзе зема залет и трча и ми бега.Треба да земам некое дрвце да ја излажам да дојде.Не се случува баш секогаш, ама не е ни ретко и понекогаш ми е страв да не истрча по улици. Од почеток кога ја земав(пред неколку месеци) ќе ја пуштев и си идеше со мене, сега нема шанси да седи, ептен ужива да трча ама ете проблемот е што не ме слуша секогаш а јас не сум нешто умешна како да ја "истренирам" и ми треба совет околу тоа.А за друго кога ја викам низ дома одма иде...