Мораш да ја научиш да доаѓа. На пример, кога ќе те послуша дај и грицки. Исто така, кога ќе ја врзеш прошетај ја уште некој круг, за да не мисли дека врзувањето е крајот. И обавезно троши и ја енергијата. Кога ќе е изморена ќе доаѓа без проблем.
За се' останато, нема никаков проблем мачката, изненадувачки брзо ќе се навикне. Околу транзиција надвор - внатре ќе има проблем. Јас поголемиот мачор го чував внатре, но можеше да излезе надвор кога сака. 4 години така. 1 цела година се навикнувавме да е само дома, и уште да има прилика би излегол. Не се труди да избега веќе, ок си е, ама за разлика од помалото маче што не било никогаш надвор, он знае дека надвор е забавно место. Битно - се учи, да знаеш. Само трпение и мрежи на сите прозорци
За женки стварно не знам, ама за мачориве мои, за двајцата добив изричен совет кастрација после прв роденден. Ист совет и за кучето добив. Причини - целосно развивање во кое имаат улога хормоните, како физичко така и ментално, а и било битно за да немале подоцна проблеми со бубрези и простата. Кучето и постариот мачор на 2г се кастрирани, малово мачорче планирам после прв роденден некаде летоска. А зошто за женски би било поинаку, не знам...
Ова 100% Кучето ми го кастрираа во Автокоманда, ми го дадоа како заклано јагне. Траума и за него, ама за мене повеќе. Седевме и чекавме додека го кастрираа. За мачорот кај Диме во 7:30 си го примија, му направиле кс, околу 14:00 беше интервенцијата, ми јавија дека поминало добро и се разбудил, ми рекоа после 18:00 да го земам. Кога дојдов весел, игрив, среќен, се галеше со вет само канила му извадија и пресреќен дека сме дошле, како ништо да не се ни случило.
Е тек сега сум збунета. За куче да, и мене исто ми рекоа после 1 година за женки после прв или втор циклус. Ама за мачки обратно. Мачорот што го имаме сега а и за претходниот ни рекоа после втора ревакцина, овој беше кастриран на неполни 5 месеци. И тоа пази, баш ми рекоа дека порано кастрирање е превенција за проблеми со бубрези и простата. Не знам дали кај претходниот мачор имаше ова некаква улога ама он си поживеа 16+ години и немаше никакви проблеми со уринарен тракт, дури се чудеа сите кога ќе кажевме дека е толку стар. А мачката моја прва, беше стерилизирана после 2 омацувања и баш заради тоа моравме да ја успиеме на 13тина години, заради проблеми со бубрезите. Више не знаеш на што си. Ајде, со мачки имаме искуство, дома се, сите долго ни живееле. Ама за кучето мене ова ми е страна територија. Сите ги прашувам и на крај само некои контрадикторности. За исхраната, за парење, за учење....
И треба да се истрча. Мојава најмногу се уморува ако има некое друго куче за игра. Јас ја научив со награди само. И тоа почнав уште дома кога беше. Она на еден крај од соба да седи, јас одам на друг и ја викав, секое доаѓање награда. Надвор прво почнав на ланец (имаме од тие флекси, 5 метра што се) па после во затворен простор пуштена од ланец, исто во школски двор ја пуштам. Сега доаѓа секогаш, некогаш треба повеќе пати да ја викнам само ако се заиграла со некое дрво. Носи си награди со тебе, викај ја со одредена команда (јас и викам Дојди и ако не ме ферма почнувам да и плескам со раце и одма доаѓа), и кога ќе дојде награда одма. Е сега за по улици не знам, мене ми е страв и не ми е во план воопшто да биде по улици пуштена од ланец. Ем да не изеде нешто што не треба, ем ретриверка е, голем е, може се плаши некој. Сега не и давам секогаш награда, од време на време само, да и биде неочекувано и секогаш да доаѓа.
Да, да, по улици не ја пуштам ни јас, единствено во школски двор и пред зграда зашто се скоро затворени места Плус трча по мачки и птици, и на тоа треба да мислам да нема во близина . Фала ви на сите за советите, ќе пробам така со награди.Уствари имам пробано со храна да ја повикувам(ја кријам храната па после и давам) од подалеку дома и знае да дојде...ама ќе треба поупорно и убаво да ја научам.
Мојава на пример колку и се поубави наградите толку е попослушна хахахах Пробав и со сувата храна нејзина, онака и беше. Ама со наградички и те како слуша. Дури и на јаболко рипа ко луда
Zdravo devojki Jas prv pat cuvam kuce, go zemavme ushte koga imas pomalku od eden mesec bidejki Majkata pocina. Sega vekje ima 6 meseci, bidejki nadvor e vekje minus go cuvame navecer doma i spie do nasiot krevet. Nekolku prijateli me predupredija deka ne trebalo vo ista prostorija da spielo kuceto. Dali moze vase mislenje? Bidejki jas ne gledam nikakov problem vo toa.
Нема поубаво од тоа да заспиеш со кучето до тебе. Нема никаков проблем. Е сега прашање е колку водиш хигиена на кучето. Моето после шетање обавезно му ги перам шепите, не ни влага внатре додека не го земам за миење. Цело време е чисто, затоа и дозволувам да доаѓа во кревет.
Vo krevet ne doagja ne se kacuva si spie do krevetot, higiena da shepite obavezno bidejki preku den e vo dvor pa koga se vrakjame od rabota go vnesuvame vnatre redovno na veterinar i slichno
Кај женски ако се стерилизираат пред првиот циклус на парење, се намалувал многу процентот за рак на градите. Околу 1% е само можност рано стерилизирани мачки да заболат. А и ако го чекавме периодот на парење треба да го помине, и дури после една година ќе фатеше. Така ми објасни ветеринарот. Среќа супер поминавме, еве повеќе од недела денес, немаше никакви компликации.
Неколку капки крв видов додека мочаше кучево, значи живот ми крати вака. Убаво се измоча еднаш,па во текот на шетањето како цистит кога имаме,не домоча убаво. Дали нешто раничка има или од мокрачата ќе видам пак до после. Знаете ли што испитувања се прават за ова. И кај кој ветеринар да го однесам,агресивен е,азијат е голем уф многу се потресувам
Сте имале искуство со лупење на носето? На пипкање некогаш и е суво некогаш мокро ама од скоро странично и се подзалупува 3м е, надвор не оди
Не знам, најдобро однеси го на ветеринар. Тоа на мојата слика е напредна фаза на демодикоза, вид на кожно заболување кое најчесто се јавува во првите 6 месеци. Не е страшно, но треба третман. Ќе повторам, не знам дали е тоа, веројатно скоро почнало лупењето и затоа е толку малку. Нека го ѕирне некој стручен.