Ок е, тамам ќе следиш дали ќе се проширува. Ќе и даде и таблетка за прочистување и ќе се среди. Но, ако се дијагностицира демодикоза ќе треба нонстоп да консумира храна со лосос, лососово масло, маслиново масло, можеби биотин... И процесот на опоравување ќе е бавен. Најважно е дека не се пренесува на луѓе, не е страшно за вас.
Моето куче спие со мене во кревет и не слушај што се ќе ти кажат луѓето 2 години спие со мене па фала богу жива здрава сум. После шетање му мијам шепи и кај муцката зошто душка сегде го прочистувам од глисти на секои 2 месеци сите вакцини примени има каивче против надворешни паразити и топ ни е мир и спокој во нашиот дом. Применете се ова и уживајте заедно
Можеш да спиеш со него нема никаков проблем и размисли дали треба да продолжиш да се дружиш со такви луѓе
Добро како е можно кучево да фати болви од дома седење? Ваљда е болва, ја извадив и ми скокна и сега и мене одма глава ме чеша Ќе праќам маж во Фауна, какво каивче да купи?
Едвај едно и стои на шанк Може ние да сме ја домкнале? Пред една недела се разбудив со ногата искасана цела, тоа да не било..?
Поверојатно е од друго да си искасана. Растителните не касаат луѓе ко што знам... Сепак стај си каивче иако дома го чуваш, раат ќе си од било каков надворешен паразит.
не дозволуваат да се закачи ништо, а ако случајно се закачи ќе умре. нема потреба ампули. каивче многу повеќе ти се исплати. само земи од овие две кое сакаш, мислам скалибур имаа за мали раси. безбедни се за деца и естетски се убави (тенки бели).
Здраво , веќе два дена кучето повраќа ама само наутро , само киселина повраќа не храна. Во текот на денот си е весел , си јаде , си пие водичка. Дали можам да му дадам пробиотик што го пиеме ние или јаглен ? Што мислите од што би можело да му е вака?
Можеш да пробаш и со оризова вода, стави му ја во тањирчето наместо обичната вода, само да си ја пие.
Скалибур нуди заштита до 6 месеци и е околу 1200 и нешто, само е бело и убаво стои на кученца со посветло крзненце. Форестото нуди заштита 8 месеци и е 1650- 1990 зависи каде колку ќе го начекаш. Килтикс е околу 900 денари ама во пет шопот ми рекоа мирисало многу силно. Јас сум во план Скалибур да купам како за почеток, исто ме посоветува и челнката што ја прашуваш, инаку сега за сега ампула користам, поскапо иде, ама задоволна сум засега.
Дали имате искуство кај кучиња со лажен пораѓај или не знам како да го кажам оти не е лажна бременост. Една од кучките која е млада и која уште не можеме да ја стерилизираме, веќе втор пат после циклус, после 2м поточно од циклусот она доживеува лажен проаѓај, почнува да се тресе, квички, испаничена е, собира играчки, ги бања, ги гушка, ако и земеме некоја игрчка испничено ја бара, не јаде, им ржи на другите кучки ако и се доближат до леглото, буквално како мајка со кученца се однесува. Не е парена до сега не ни планираме, да порасне доволно ќе ја стерилизираме ама не знам како да и помогнеме со ова оти стварно е жална, исплашена е и многу се тресе. И поминува за 4-5 дена обично ама процесот мислам дека и за неа е исцрапувачки посебно оти не јаде. Некое искуство, совет?
Kutreto si gi gricka noktite i shepite ... duri kako crveni mu se . Kako da go odviknam ? Od sto moze taka?
Некои кучиња ја голтаат храната не ја џвакаат доволно и се прејадува пробај со помали порции неколку пати во денот и купи си посебен тањир мислам се вика слоуфидер.
Здраво, мачето од вчера се нема вратено дома, го барав но никаде не можам да го најдам старо е 6 месеци. Што мислите дали ќе се врати дома?
Веројатно да. Ако го нема некој фатено и земено. Порано кога чував женка, бегаше за парење и се враќаше, потоа, мажјакот бегаше по женки и се враќаше по недела-две. На крај го најдовме отруен во напуштен плац во близина.