Infekcija, alergija moze pravi taka od inaet itn ima mnogu pricina megutoa moras da go odneses na Vet.
Женски, дали ги чипирате вашите домашни мачина, домашна е и стерилизирана. Пред 2 год. прими вакцина против беснило, сега треба пак и мора да се чипира. Не знам како оди тоа, мојата е многу дива, одвај вакцината и ја ставаат
Кога почна чипирање за стариот мачор ни рекоа па и не мора, стар е доста и не знаат на ветеринар, знаат дека од дома не излегува. За младиов јас прашував, сакав додека го кастираат две во едно зашто нели законски е едно друго, ама некако добив впечаток дека ветеринарот не сака да го чипира, валјда пак зашто со години не знааат. Чипирање кај нас не е со локатор, само е за да го врзе миленикот со податоците на сопственикот за ако му текне на некого да го пушти или ако е украден/изгубен па однесен на ветеринар, го скенираат и ве контактираат преку дата базата. Можеш да си прашаш кај ветеринарот, ама ако не ти излегува од дома, не знам која е поентата искрено. Него да прашам нешто. Мачоров ми се раскивал последните неколку дена. Никогаш ми се нема случено ова, посебно после спиење кива. Фаза му е само или...? Некако не сакам да го малтерирам затоа само да го мкнам на ветеринар зашто се потресува ама чудно ми паѓа. Помислив да не е од парното зашто има сигурно промена во влажноста на воздухот ама што знам. Не е персиски или ангорец обичен господин од улица е
800 ден ама тебе ти е рано, пошо заедно со чипот треба да прими и вакцина за беснило, а твоето е мало сеуште. Подобро за некој месец и да е времево поладно.
Му рекле на мм на 4м, а тоа е следниот месец. Освен ако не сум сфатила шогрешно.Мислев е нешто доста поскапо. А он па не ни прашал цена
Јас моето кутре го чипирав на 5от месец, кога прими вакцина за беснило. Мислам дека платив околу 1400 (вакцина 600 и чип 800).
Па ок, така е препорачливо, ама шо знам. Вакцината за беснило има бајаги side effects и јас би ја дала подоцна. Сепак, секој сам си одлучува за своето куче Иначе, чипот е 800, вакцината 500-600 зависи од вет, но таа е цената.
Не, не, на 6ти месец е. Ние октомври ја вакциниравме за беснило и ја чипиравме, како што вика Супердевојка. Исто, ветеринарот рече заедно двете, прво сите вакцини поминуваат и на крај дуово. Ако не се лажам 1200 плативме. Она супер помина, немаше ништо side effects иако исто ни рекоа да ја припазуваме.
Мене ми рече ветеринарот нема потреба. Ко ја прими за беснило требаше, ама бидејќи е само дома во стан, не гледал поента во чипирањето. Мојата е многу мирна па, глас не пушта на вакцини. Ако решиш да ја чипираат ќе се снајдат тие, не се грижи.
Нас 700 ни е вакцина. А што се side effects од таа за беснило? Убаво што ми кажа да ја одложам да не брзам
Исто како кај децата температура, болки во стомак, омалаксаност, губење апетит, апатичност. Но тоа е едно на 10.000 случај. Најчесто не им е ништо. Досега ти е вакцинирано од вирози нели? Од 8ма до 15та недела се примаат тие. Од 12та недела живот може да се вакцинира фактички после три месеци со беснило може. Најчесто паралелно ги прават. Ама јас би вакцинирала прво вирози. Па потоа беснило да не има реакции кучето да се види.
Можеби е настинат, и мојава овај период на неколку пати ја начекувам да кива, а пред еден месец беше со антибиотици. Па и јас викам дека нема потреба да се малтретира, ама упорни се, за да ја вакцинирам морам и да ја чипирам валда не ме убедуваат само за парите
Абе види, законски треба да се чипираат. Јас затоа пет пати ги прашував не сакам и нив инспекција да им дојде и проблем да им направат, мислам стварно нема тие 700-800 денари животот да ми го сменат. И според мене е во ред, мора да се направи некакви обиди барем за регулација на животните, хаос е со уличните, и мачки и кучиња. Луѓе земаат да ги гледаат и после а па не сум ја за животно, влакна пуштала мачката, и ајт надвор. Не е во ред. А вакцинирањето е и за доброто на животното и за тебе, превентивно. За што беше со антибиотици, за настинка? Ќе им ѕвонам изгледа да прашам на ветеринар, ептен е раскиван некако. Никогаш не ми настинала мачка ко збунета млада мајка сум