На промена на време моите знат да киват. Ако не трај долго и не се летаргични до сега се докажало дека не е страшно оти јас сум паничар и за се ги носам на вет. Али ако губи енергија, одбива да јади веќе е загрижувачки. Ако ти е многу шубе - однеси на вет оти знам како ти е зошто јас за ситници им пишам. Летово му јавив на вет дека мачорот цел ден спие, па сега види ти.
Хахахаха, неее мојата беше далеку од само кивање, кашлаше, не јадеше и заради тоа примаше антибиотици. Инаку мојата е многу дива и истрауматизирана од нашиве '' ветеринари'', а навреме ги прима вакцините, само сега ми бараат да ја чипирам,а јас сакам со лесно да си помини е чипирањто не знам како оди, дали се става лесно или ќе треба да се бориме
Ко инекција е, моето куче беше за 5 минути готова и со беснило и во чипирање. Не се секирај, ветеринари знаат како да ја фатат мачката, ќе ја средат брзо.
Јас имам инфо од доктор дека вакцините за беснило кај нас не се добри, многу случаеви завршиле фатално посче вакцина за беснило и ако не е морално(пример првата ради пасош, патување или чување во планина) нема потреба да се ревакцинира секоја година. Нашите ги имаат примано еднаш кога ги чипиравме и кога добиј пасоши и толку, најстсрото е 10 год и досега не е ревакцинирано, јас не би да ризикувам оту му верувам на тој ветеринар. Дома ги чуваме и не се на ризик од беснило, а и во МК нема беснило многу, многу одамна така да размислете за ова годишна ревакцинација.
Јас работам во оваа бранша и исто и јас не го вакцинирам моето куче и кучето на мајка ми и татко ми веќе еве 4/5 години. Само за со чип кога требаше за пасош да се пополне ги вакциниравме и првата година од кога ги земавме. Вакцина како вакцина, не се чисти 100%, исто како вакцините кај децата, многу ретко но да може да има последици поблаги и полоши. Јас лично моите не ги вакцинирам заради тоа што во Македонија со години немало случај со беснило ни па моментално има. Според мене баш таа вакцина не им е морална, бидејќи не излегуваме надвор од државата со нив сега за сега, и нема опасност за нив и за околината околу нив и околу нас луѓето.
Мојот бишон на почеток на јануари ќе има речиси 4 месеци, и на ветеринар ми рекоа тогаш да го однесам за да прими вакцина за беснило (еден месец после 3тата вакцина) и да му стават чип. За чипот ме прашаа дали сакам да му го стават и со 3тата вакцина, но јас одлучив да почекаме уште еден месец да потпорасне.
За беснило вакцината ја прими месец дена по третата вакцина и истовремено му ставија чип, вакцината 700, чип 800 мислам беше. Сега ми треба совети и искуство кога е најдобро, на која возраст да се кастрира? Ми кажуваа околу 6 месец е идеално онака уз муабет, @Nefertiti. прочитав погоре си во оваа бранша, совет во врска со ова ако може?
Според мене најдобро е околу 7/8 месец да се кастрира. Пред 6 месеци никако, сеуште се доразвива, затоа уште месец и пол два фазла да се остави и слободно веќе може при крај на 7ми. Брзо ќе си закрепне фраерот, кастрацијата не е толку сложена процедура како стерилизацијата и таман нема да збеснува по моми на шетање или да ви бега од дома, и нема да се маче што е најбитно со нагоните.
Истото ми се случуваше со моето куче. Не беше стерилизирана тогаш и не беше парена. Прво почна како да си бара место, нели како за да роди, ама не обрнав внимание не знаев што е, ама после ми стана јасно. Си земаше некое играче, некогаш едно, некогаш по две и буквално мајка му беше. Ги ставаше кај неа на мешето, ги местеше за да "цицаат". Прежална ми беше да ја гледам, душичка, ама никако не можев да ѝ помогнам. Дома ја чувам, од соба в соба в уста го носеше и цивкаше. Спие со мене и на вечер ми го ставаше играчето до мене, веројатно така се чувстуваше посигурна. Не смеев да ѝ го земам, да го скријам, одма паника креваше. Колку и да ми беше жал, морав да и го оставам и да чекам да помини. Неколку дена така, и после полека полека забораваше на "бебето" и сѐ се враќаше во нормала. Така 2 или 3 пати се случи, после тоа ја стерилизирав и помина сѐ. Твоето како помина?
На неа ова и е веќе трети пат како и се случува и сега беше најизразено, дури и мастит доби од што имаше млеко. Ја боцкаа антибиотик и нешто за смирување и сега веќе е добра. Да наполни 2 год и ќе оди по нож, не планираме парење. Ногу се жални стварно, викам може еднаш треба да и ја исполнам желбата да роди, ама она не е расна и ќе нема со кој да ја спарам, плус греотичка е да речам ама ептен има изглед на мешанче( нејкам да го користам изразов ама ептен џукелски изглед има ) ние си ја сакаме ама луѓето нема да сакаат такви кученца па подобро и да не ја париме.
Не знам искрено, една ипол е препорачливо за женки мислам, ама кучето го чува свекор ми и он така решил, немам право да се мешам, а и он е тип на човек што нема докоажување со него, иако ние ја донесовме дома, отогаш сме во странство и они се грижат за кучињата.
Најдобро е женките да се стерилизираат пред прв циклус. Бар мене вака ми имаат кажано повеќе ветеринари. Јас моето на 9 месеци го стерилизирав.
@Nefertiti. А за мачиња на колку време е ревакцинирање за беснило? Знам дека за другата вакцина ме закажаа на иста дата наредна година од ко ја прими.
Фала ви на инфово девојки Далеку е нашава од ревакцина ама ете не знаев за ова. Добро има ли побогу нешто што функционира кај нас? Се повеќе се запрепастувам како дознавам за што се недостасува за миленици тука, од здравствен аспект.....
Ајде помош околу учење куче да оди до нога (на поводник). Не ми е прво, ама така се осеќам. Има 6 месеци и таман ќе помислам добро е, ми оди учењево, утредента налет шетање. Се изнагледав видеа, ама сакам вака практичен совет, на повеќето видеа има веќе истренирани кучиња.
Дали сте им ги чистеле ушите на вашите мачки? Мачоров често си ги чеша ушите во последно време, пробува ноџето внатре да си го стави. Го пратам цело време и нема видливи промени, па за тоа не сакам да го носам на ветеринар да се вознемирува доколку не е сериозно. До скоро го носев,бидејќи го удри кола и доволноме истрауматизиран Ве молам да споделите искуство да пробам прво во домашни услови? Ако не е ок, мора да го однесам
Со предходното куче немав никаков проблем околку вршење на нужда. Ова веќе неможам да му фатам ред. Има 5 месеци, француски булдог. За голема нужда е ок, ама мала нужда врши 7-8 пати на ден како од инает - каде стигне Совет?