Земи давилица (синџир за околу врат) и кога ќе те повлече сецкај го, повлекувај го накај тебе и застани. Да се смири па пак. И нонстоп викај му нога нога нога... Ама треба трпение и упорност, за ден два ништо нема. Плус зависи колку го шеташ.
И јас со претходното немав со ова до 9 месеци имав мака за мочањето па после сам се научи се правев и џабе кренав раце ставав пелени на под и се оддучи нека не те приметува дека се нервираш зошто за инает така прави. Пробај да го игнорираш кога ќе се помоча и со смеење само кажи му не
од тоа што имам читано, кучиња никогаш од инает не мочаат си има причина зашто. Сеа ќе ти раскажам ние што се правиме зашто мене искуство на други луѓе најмногу ми помогна: - прво, вода нема цело време. Т.е. сабајле одма после станување накај 7 и давам вода и плус храната и ја топам во вода малку. Вечер, накај 8 и пол (во 10 и е последното шетање) и ја тргам водата. Ова ми го кажаа на ветеринар, зашто некои кучиња немаат контрола колку пијат посебно кога се мали, плус нашата е стрвен ретривер, и знаат да се препијат. Вака е можеби два месеци и галје нема, претходно и се случуваше навечер додека спиеме да се измоча дома. - мора да има ритам кучето, секое има, работата е да му се фати. Нашава е 7 месеци и иде надвор пет пати на ден (во зграда сме, значи мора некој да ја симне. Секогаш е истата рутина, моча и кака еднаш после станување и после доручек (одма јаде после станување), еднаш околу 13 часот, еднаш околу 17 после ручек, околу 19.30 кога и е подолгото шетање и вечер околу 22. Два месеци сме со овој ритам и речиси и да не и се случил лапсус дома. И тоа секогаш кога не била изнесена од Х причина а и е време. Дома кога ти врши нужда секогаш е на исто место или насекаде? На почетокот кога имаше пелени дома си ги подмочуваше редовно дури и вратена од шетање. И ги тргнавме пелените и почнавме со рутинава и мислам тоа многу помогна. Се додека знае дека има опција дома да се измоча/искака нема надвор да и биде приоритет да излезе. Додека не научи убаво пратете го цело време барем тоа да му ја разберете рутината, секое куче е различно. И убаво чистење на местото каде што се измочал, оние спрејевите кај нас ништо не помогнаа ама затоа мешавина од оцет и вода најмногу ја одвраќа. Реферат ти пишав ама тоа ми е занимацијата задњи 6 месеци што би рекла мајка ми, за вас ко деца не водев волку сметка кога и колку мочате/какате
Не е баш во Дебар маало, кај кафичот Галери има на самите семафори пет шоп. Има и едно кај Силбо - Вет кол ама вет ординација е.
Има една акита зад зграда ми е врзана и нон стоп на ланецот се заплеткува и се носи до степен да не може да мрдне. Говнарите со прст не мрдаат. Дали ако и го заменам железниот ланец со јаже за водење ќе се заплеткува исто? Има некој искуство со врзани кучиња што е полесно да се направи?
Ќе се замотува и со јаже за жал ама полесно е со јаже пак. Најдобро е кратко јаже врзано на сајла, да за има простор да се движе грејната, не оти и ја шетаат... Гомнарите да ги заврзе некој нив така.
Може малку е доцна ама да си ја пробам среќата. Имам возрасен златен ретривер кој премногу се плаши од огномети и петарди. Секоја нова година сме дома со него, значи колку може да се слуша дома и пак е испаничен. Пробував со гушкање смирување после прочитав дека не е ок, облека не поднесува за да пробам со тоа, пробав со правење катче од перници во ќоше, пак се тресе. Сега знам што ќе се случува пак и не знам како да му помогнам. CBD масло е касно да барам и не знам никој со искуство, мислам дека е повеќе за анксиозност може грешам. Има ли некој со сличен проблем и што би подејствувало за смирување на куче од 25кг?
Те разбирам мојата мачка исто така се плаши што викаш пробав со гушкање со се ама не бива па си викам некако од мала додека да ја чувам немој нешто да ја е уплашило па сега за цел живот е... Не знам најверојатно нема некој начин едино да пуштиш посилна музика па да не ги слушне толку...
Земи награда и дај му да намириса. Како одиш држи ја надолу раката со награда да ја мириса и да трчка по неа. Па дај му ја и замени за нова. После некогаш изостави награда види како ќе биди. После пробај пак со награда. Процес е. Имаш едни влажни марамици за чистење на очиња и ушиња на мачиња. Пробај со такви. Моите обично меѓусебе се чистат, кога имаш поќе мачки го е честа практика ама сепак повремено им ги чистам јас. Само не седат добро и малку ќе се намачиш.
Zdravo, imam jack russell 4 meseci a jas sum bremena, primeni vakcini i redovno go procistuvam, e sega me interesira kolku pati mozi da ja '' kapam'' so suv shampon bidejki taa sekoj den igra so pogolemoto kuce vo dvorot.. Vi blagodaram
Најубаво на вет да го однесеш. Мачка неретко знае да фати инфекција на уши и очи. Една моја мачка имаше проблем со ушите, многу често ги чешаше и почнаа да и паѓаат како црни парченца. Јас се исплашив мислев е ушна шуга, ама не беше, не памтам што беше точно дијагнозата, оти беше доста одамна, ветеринарот и ги исчисти и потоа стававме 2 пати на ден различни капки за уши недела дена и и помина. Ако се чеша значи има мака, најдобро би било вет да ја погледне, ако веќе не сте средиле.
Си зедовме малечко пред некој ден , кажано ни е дека е златен ретривер, но нема педигре. Може да ми пише некој кој би се разбирал околу препознавање на расата и неколку прашања? ( П.С воопшто не ни е битно дали е чистокрвно, но, чиста љубопитност дали има шанси за привремено педигре и процедура) Благодарам
Ако нема педигре, нема. Не постои привремено и не знам какво. Инаку прати слика по лп ако сакаш, да го ѕирнам, ќе ти кажам мислење.
Да и со игра за одвлекување внимание ама се е со краток ефект. Еве веќе почнаа со петардиве и ако е буден е хорор, се тресе бара засолниште по ќошиња. Веќе барам суплементи за смирување се друго ми е пробано.
Dajte mu dijazepam nema da mu nasteti samo ke go smiri. Za dozata prasajte vet iako mislam na 25kg mozes 2 mg.