Проблем ли е ако не ја исушам? Не и е прв пат сушење со фен ама пвој пат не дозволи никако, премногу квичеше и ја остаив. Само малце ја подзасушив
Сакам да ве прашам во врска со малтезерите. На колку време е најдобро да се бањаат? И зошто некогаш тешко му е да појди во wc по големо?Како запек да има.
За бањање од една недела па натака. Ако го храниш квалитетно нема да мириса воопшто, можеш и на две недели да го капиш, а нозе да му миеш после шетање. А ако му е тешко одењето во вц веројатно од храната му е. Пробај дај му јогурт со брикетите, да видиш дали ќе има разлика. Ако пак е исто, прашај ветеринар.
Јас со пурината немам лично искуство, кога читав се изначитав и добри и лоши препораки. Во црна дупка мислам се пропаѓа со исхрана за кучиња. Нејсе, пробавме прво со една италијанска ок беше, после најдов една германска Josera, имаат на фб профил. Увозниците се од Штип, праќаат по карго, во Скопје знам на неколку места имале на кило да земеш. Нарачавме вреќа јуниор и сме презадоволни. Од тоа што споредував составот на храната е добар, цената е исто добра и мојава е презадоволна. Од 4 месеци мислам беше на оваа значи 3 месеци више сеа баш треба пак да нарачувам ама крзното и сјае. Не преувеличувам буквално има рефлексија на сонце и светлина. Сите што ја галат ни кажуваат колку е мека и јас лично приметувам разлика со други ретривери што сум ги галела. Нема никаков проблем со какање, дури мислам дека и ја стабилизираше доста столицата. И плус зрната се поголеми, како коцки се и побавно ги јаде, претходната беа мали топчиња и многу брзо ги голташе.
Земав мало кутре од неполн месец и во пет шоп ми препорачаа Jossera Family храна. Кучето супер напредува, нема никакви проблеми со столицата. Инаку, инфо за храната, ја купив од пет шоп Тропски Свет, веднаш позади Капитол. Е сеа, зборев со луѓе кои имаат искуство со кучиња и ми рекоа во првите месеци да не штедам на храна, а како најдобра ми ја препорачаа Eukanuba.
И на окото има? Сега видов дека ја гризел комодата во вецето, а и ги дофатил гумените бонбони, можно е да е алергија?
Дали мислите дека младо кутре е нормално да влече на поводник и дека кога ќе порасне нема да го прави тоа? Имам слушнато од еден човек дека неговото само се научило кога пораснало ама не знам...инаку моето е 7 месеци ретриверче, сакав да ја учам ама времево не дозволува..
Мора да се научи од мала инаку кога ќе порасне ќе имаш голема мака, посебно со ретривер. Нашата нема проблем и без поводник да ја шетаме некаде во природа нема да мрдне подалеку од нас, ама маж ми ја учеше како мала. Моето куче иако мало ме тегле, не го учев признавам, кога го зедовме и јас и брат ми бевме настрана од дома па мајка ми го разгали, он ме шета, не јас него. Стар е веќе и нема енос сега да го учам сигурно, ама ти можеш, сега е време да ја истренираш. Кога ќе се шетате држи ја на краток синџир одма до тебе, ако проба да влече сецни ја само, ако подолго време не влече награди ја, ако почне многу да влече застани не реагирај, чекај да се смири да застане до тебе и не ја наградувај додека не осетиш дека сфатила што е работа. Не е тешко, брзо ќе се научи, само без кавги и недај боже удирање, само отсечни наредби и наградување кога е послушна.