уф навистина не знам да се надеваме дека ептен ги иситнило со запчињата пред да ги голтне Aма сигурна сум дека ќе поврати, нема шанса да не поврати! него следен пат, кревај си ги работите, куче ко куче, ги знаеме какви се се ги интересира, после некоја беља ќе се случи
прашање до доберман бидејќи мајка ми не ми дозволува да чувам мачиња и кучиња одам кај баба ми 2 куќи не делат баба ми и дедо ми чуваат кутре пекинезерче и маче и јас многу си ги сакам и чувам и пазам ... и да не почнувам сега моето прашање е овоа мачево зошто во игра гребе?? ко демек ќе го тепам а јас го галам го тинтрам... иначе многу сака да ми се гали од моите нозе пример јас и помагам на баба ми а оно ми се мота околу нозе и ке се изгали ке и помине мерак потоа ќе легне на грб јас ќе се потргнам 2-3 чекора таа пак по мене повторува приказна ќе ми се гали од нозете и ќе легне на грб а иначе вакво ми е мачето и женско е (пс. сликата е од гугул)
Знам дека прашањево е за Доберман (ете е и она сигурно ќе ти одговори ) ама јас се пронајдов во оваа ситуација што ја имаш и ти. И мојот мачор гребе во игра, дури и гризе, така да мислам дека е од игра сето тоа, или пак сака да се пари. А додека не сакаш да го париш со било какво маче (а не треба со секакво) тогаш треба да се кастрира и мислам така понатаму нема да гребе, ќе се смири. Не се секирај што гризе, тоа е и до љубов кон тебе. Мачките чим ќе завршат со галење мазење ќе се тргнат на страна и ќе почнат себеси да се лижат, тоа е знак дека те сака....Ако треба нешто друго, само кажи... P.S. Мачето ти е преубавко
сликава е од гугул ама усто е како ова а сеа знам зашто рипка и се мота околу мене кога ќе ме види МЕ САКАЛА цуца моја убава блек бјути фала ти многу
Мачето гребе во игра, не е дека сака нерочно да те изгребе, туку во играта се занесуваат мачињата и едноставно немаат осет дали гребат или не, ехее и моето којзнае колку пати ме има подфатено со ноктите
Некој што чувал џуџесто зајче Прво, освен моркови, јаболка, краставици, марула, жито, пченка, што друго јаде Koлку пати на ден треба да го хранам? И пилевина треба да купувам на секои 2-3 дена? Нели дека старата се менува, т.е цела се вади од кафезот и се става нова... ? Може да се бајнаат? Oд што може да се разболи? Колкаво отприлика расте?
Болно домашно милениче луѓеее несакајќи ги нагазив маченцето околку 2 месеци е се посра и мислам дека неможеше да дише на почетокот. сега е касно нема ветеринар отворено незнам што му ее..дали некоја од вас знае одприлика нешто ве молааам
Болно домашно милениче точно ептем е ова моето куче едвај го спасив имаше јадено пилешки коски и највероватно расипани незнам ни сама како стигнале до него тие ама многу ми се разболе и едвај се спаси ...
Сакам да ги прашам сите оние кои чувале женско кутре дома... Како се справувате до крварењето? Пред некој ден на моево му „дојде“ и креветот ми беше целиот крв. Што да правам за да не ми прави дома лом? Пробав со гаќички, но ги вади Друго чаре?
^Ма4о4фимејл мислам дека постојат некои специјални пелени за циклусот побарај во Пет шоповите. Другарка ми мислам и имаше купено такво.
Е вака некако треба да изгледаат, а за цена ќе си прашаш таму нели секако ти треба едно вакво за твојата принцеза.
Незнам колкаво ти е кучето, но јас на мојава и облекувам мои постари гаќички и и ставам влошка исто како за мене . Е сега и мојава ги соблекуваше но јас со ластиче и ги врзував над опашот, да не може да ги измкне. Спојлер Кога ќе и ги облечеш, значи ноџињата во ногавиците, оние двата тенки делови, што ни доаѓаат над колковите затегни и ги над опашот и можеш со ластик или некое друго врвче врзи и ги. И нема да ги соблекува. Или можеш со стари машки боксерки и горе направи и дупка за опашот и протни и го. Иако боксерициве пак ќе ги соблекува а женски гаќички потешко.
има специјални гаќички со влошкички 700 и нешто денари се така нешто побарај во пет шоп, инаку мав ти е работа, цел кревет не знаеш што ќе ти биде на мојава сега и заврши мајка ми на вриење ги стави сите јоргани, чаршафи, лом лом се утре ќе купам утре, и никако да се наканам да тркнам до пет шоп
Аман бе луѓе што направивте вие, ко божем во литри им тече кога имаат добиено Не е ништо страшно по неколку капки оставаат и со крпче со сјајче се се чисти, а и плус самите си се лижат и не дозволуваат да им тече. Епа при шетање нормално ќе и ги вадиш гаќичките и ќе си го прошеташ кученцето и после дома кога ќе дојдеш пак ќе и ги ставиш гаќичките, незнам што е проблемот ?
Проблемот е што моево кака и мочка во ВЦ, не го изнесувам надвор, а за крварење, преку ден не е проблем но навечер чаршавите ми се лом од неа. Не сака да спие на земјата и ноќта се качува на креветот и прави проблем. Кај мене не е многу едноставно, оти ја чувам во стан.
Епа научи го да не врши нужда во вц и шетај го надвор. И јас моето куче го чувам во стан, ама финтата кај мене е што јас се имам поставено како Алфа и мене кучето ме слуша, и кога е во циклус не и дозволувам да се качува по кревети и она мене ме слуша и не се кучува и затоа си немам никакви проблеми со кучето И нормално, го имам научено кучето да не врши дома нужда и го шетам по 2 пати на ден и дома не ми прави никакви бељи. Незнам зошто не го шеташ надвор ?
Чекај зошто не го шеташ кучето? Тоа знаеш како е, како ти никогаш да не излегуваш од дома. Ќе се осеќаш пријатно и убаво? Нема. Почни да го шеташ кучето и да ти изгледа среќно верувај не е. И најмала раса да е му треба шетање, извини вака ама не ми се верува дека не го шеташ. Една добра причина дај ми ТЕ МОЛАМ. Не се навредувај, твој миленик, твој избор ама стварно ми треба причина зошто???
Лошо сме се разбрале... Не ја изнесувам надвор да врши нужда!!! Секако дека ја шетам, ама кога ја шетам некогаш ни моча ни кака и ќе дојде дома и дома ќе оди во ВЦ. А, за спиењето така се навикнала од мала и вчера секогаш кога ќе се качеше ја симнував, но чекала да заспиеме и пак се качи. Затоа барав некое чаре, за да не ми прави лом по дома. Пробав со детски гаќи и влошка ( барем на спиење), но ги вади. А, и да прашам колку време трае „циклусот“???