Па го цицаат. Мора да ја храниш повеќе од вообичаено, да и даваш витамини, дохрана за малите ако треба. Ќе се поправи пак.
За запек може тиква да и може една до две џмирки(чварки) парче сланина, маслиново масло едно лажиче до две зависи од големината во храната. Исто крвта може да е од запек, штом е светла значи е од надворешниот дел ( не е од црева, органи и сл) може од запек му напукнува кожата околу анусот @tigerlady мислам праша. Ориз за запек никако, тоа за пролив и повраќање.
Здраво, околу мојата куќа има една напуштена мачка има околу 1-2 години сакам да ја вдомам но таа се плаши и не се доближува до луѓето дојде пред некој ден порано ја немам видено и кога и да дојде и давам храна но неможам да ја земам и сакав да прашам дали некој знае како можам да ја припитомам и да ја земам дома?
Оставај и храна ама веројатно нема да се припитоми, можеш само да и оставаш храна да не е гладна и да и направиш некаква куќарка. Ако сакаш питомо маче има други за вдомување низ групите побарај, а веќе улична мачка да се припитоми не знам колку е можно.
Zdravo..sakam da prasam dali im davate nekoi tableti/suplementi/vitamini na vasite kucinja i koi? I od kade gi nabavuvate? Fala
Зависи за што куче и кои му се потребите. Јас давам кафортан, биотин, калциум и ГАГ, ги има во секој поснабден пет шоп, конкретно јас ги купувам од Sorex.
Кучево ноќеска се покакало ама се му останало на газе. Сабајле мм едвај ја измил со плачки. Газето крваво и нанадвор излезено. Сега дури се развесели малце. Пробавме на ветеринар ама беше затворено па покасно. Опасно е? Можам јас нешто од дома да и направам?
Да пробам. Прееска сакав да ја премијам ама плаче и од водата и раката коа ке ја допрам. А канестен или кортико?
Ми требаат чизми за куче, има некој видено во Скопјево? Јас земав едни од Али, ама паѓаат цело време. Сакам да стојат цврсто на нога.
Имаш на MyPetShop, пријатели, фауна центар. Но, многу лоша работа се. Наместо поубаво им прават полошо на кучињата. Тие со шепите си имаат свои “чизми” кои не им даваат да се лизгаат, а со купениве чизми тоа им се ускратува. Ќе оди лошо и може, не дај боже, да се повреди.
Снегот поголеми проблеми прави. Има долго влакно и како гази се закачува и се смрзнува за нозете. Цели топки се прават, после се тресе од студ. Ми требаат стриктно за на снег. Осетливо куче е, еден пролетен дожд ме кошта 50 еу на ветеринар, за снег да не правиме муабет.
Некој со слично искуство кај кученце ? Додека спиеше приметив дека очниот капак му натекол и зацрвенил, претходно беше ок.
Првата вакцина за мачиња дали може да се прими на неполни 2 месеци? 750 грама тежи мачето. Вакцина за мачешки болести-така ја именува ветеринарот и истата се прима во 3 дози.