Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Може да се излекува ама многу, многу, многу сериозно сфатете го лекувањето, да нема никаква одстапка.
     
  2. PositiveVibes

    PositiveVibes Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    132
    Како го фати вирусот? ;(
     
  3. IvanaMinaj

    IvanaMinaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Искрено не знам. Кога го земавме прашавме за вакцини дали има и да ни дадат пасош. Девојката рече има има вакцина, пасошот е кај мајка ми утре ќе ви го пратам по карго. Следниот ден не го прати, дури после два дена. На пасошот ги има лепенките од вакцината, но во ова време не можеш да бидеш сигурен во ништо , затоа што има секакви луѓе што за пари би направиле се’. Го имавме кај нас 10тина дена. Немаше никаков контакт со други кучиња, беше само дома. Го избањавме и си легна да спие. Кога стана ја отвори устата и без никаков напор поврати, си мислевме е од храната дека многу му имаме дадено, но не, после два саати пак поврати и тоа со напор, тогаш знаевме дека нешто не е во ред. Прва работа следниот ден го однесивме на ветеринар. Крвната слика супер ништо не беше сомнително за парво, мислеа дека е надразнет желудник затоа што храната која ја даваме е богата со протеини, а тоа е мало и му ставија само инјекции. Кога си дојдивме дома, не беше многу весело ама пак се движеше. И кај 8 почна да повраќа ии следниот ден го однесовме пак. Крвната слика исто добра и ставија само инфузија, но состојбата се влоши, следниот ден кога направиме крвна слика, веќе се покажаа изместени параметри. Веќе три дена е на целодневна терапија. Вчера беше подобро почнала и да лае да се буни, не повратила ниту имала столица со крв. Денес крвна слика уште полоша. Сметаат дека вирусот го фанал уште во леглото. Навистина не знам што да правам. Ја добива целосната грижа, само сакам да оздрави.
     
    На PositiveVibes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Ако си од Скопје однеси го во Ветеринарна Станица Скопје, во Капиштец.
     
    На IvanaMinaj му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IvanaMinaj

    IvanaMinaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Таму е оставено. Даваат се’ од себе. Сега од него зависи. :(
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Душиче. Посакувам побрзо да оздрави и да ни пишеш добри вести :*::hug::hug:
     
  7. IvanaMinaj

    IvanaMinaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Ти благодарам. :l: Се надевам дека ќе оздрави.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Само упорно и без отстапки. Ако е јако кучето ќе се излечи.
     
    На IvanaMinaj и poppie им се допаѓа ова.
  9. PositiveVibes

    PositiveVibes Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    132
    Му посакувам што побрзо да се врати дома здраво и разиграно :inlove::l:

    Инаку на фб се дигна побуна за бишоните од Штип што ги продава некој човек кои уште во самото легло го фаќаат вирусот затоа што домот им е контаминиран со вирусот.
    Овој вид на вирус многу тешко се искоренувал од површини :worried:
     
    На IvanaMinaj му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IvanaMinaj

    IvanaMinaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Нашето е земено од Куманово и најверојатно е заразено уште од таму, заради тоа што процесот на инкубација е 10 до 14 дена, а ние дома го имавме 10 дена кога ги појави првите симптоми. Не беше изнесено надвор ниту па имаше контакт со мачиња или кучиња, го гледаме како бебе. :(
     
    На PositiveVibes му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    3.169
    Дали има некој што чува куче lagotto romagnolo? Ве молам пишете ми.
     
  12. Portokalce_1998

    Portokalce_1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Пред 3 дена зедов мини малтезерче старо 37 дена, денес не сакаше да јаде ништо, поврати неколку пати течност како вода и имаше дијареа, инаку кученцето беше палавко и активно но денес омалаксано. Сабајле веднаш ќе го однесам на ветеринар но ме интересира дали имате вакво искуство до сега што да направам?
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Ништо не можеш да направиш освен да го однесеш на ветеринар.
    Друг пат не ги земајте толку премали уште од мајката.
    Има причина зошто треба да се со мајката барем до два и пол месеци, а идеално и повеќе.
    Го тргаш од мајчино млеко и не е заштитено од никакви болести, многу очекувано е дека ќе се разболи.
    Да не зборам што и трауматично е за кученцето толку брзо да биде одделено од мајката. Требало да почекате малку.
     
    На Elenpelen, Vanilla15 и Portokalce_1998 им се допаѓа ова.
  14. Portokalce_1998

    Portokalce_1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски


    Го земав од одгледувачница каде што веќе беше одделено од мајката и навикнато да јаде храна и ми гарантираа дека се е во ред. Родителите му се од Србија. Се надевам дека не е нешто опасно :( :(
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Немој да ме сфаќаш погрешно, јас само ти кажувам од страна на кучето како е најдобро.
    Одгледувачница што дава кучиња толку мали, не треба да поддржуваш, пошто ако се грижи за доброто на кучињата, а не само за профит, нема да ги двои толку мали од мајката.
    Однеси го на ветеринар обавезно сабајле, ќе ти каже што му е, дали е сериозно вака не би знаела да ти кажам, малите кучиња се особено подложни на парво вироза која се манифестира со омалаксаност, дијареа и која може да биде опасна, ама може и да е нешто лесно во прашање.
    За друг пат да знаеш ако земаш некогаш пак куче, толку рано никако одделување, ако некој ти нуди толку мало куче, да знаеш дека единствена цел му е профит и да не земаш, бидејќи кучето може да има и физички проблеми како слаб имунитет, а и греота е толку рано да се дели кога има уште емоционална потреба од мајката.
     
    На Elenpelen, Vanilla15, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
  17. IvanaMinaj

    IvanaMinaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Живо е, тоа е најбитно. Состојбата му варира. Бидејќи викендот работат до 2, терапијата ја прима тогаш. Кога си идиме дома е добра, сака да јаде и пие по малку вода, но накај 10-11 навечер почнува да повраќа и тоа трае цела вечер на секој саат. Два - три пати во текот на денот има измет проследен со крв. Веќе 7 дена е на терапија, се надеваме на подобро.
     
    На jarec6 и kristina.k им се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Можда и ова со парво и го имаат тапосано.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IvanaMinaj

    IvanaMinaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Можно е. Не знам дали е земено од исто место. Ама ќе кажам НИКОГАШ не купувајте куче од одгледувачница!!!!!!!
     
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да не купуваме куче од одгледувачница. Има сериозни одгледувачи кои кучињата не ги даваат испод два и пол три месеци, редовно ги чистат од глисти и ги вакцинираат и кога го купуваш ти го даваат со уредна документација. Редовно го дезинфицираат леглото, ја држат мајката здрава, ја вакцинираат пред парење и сл.
    Никој со сила не тера никого да земе куче уште непрогледано, сами треба да размислите малку што е куче од еден месец? Ниту оди ниту стои на нозе како што треба, а вие го купувате и го делите од мајката? Дотолку не сте стрпливи, а тие, одгледувачите, знаат дека се терет мали кучиња и обврска и штом најдат некој таков одма го шибаат кучето. Нив им е битен профитот, а тоа ако ти умре мање битно. Од друга страна, штом одгледувачот инсистира да го земеш тплку мало, нешто не е во ред со кучињата. Знаат дека искусен кучкар не би го зел толку мало, а поголемко би ми ги препознал аномалиите или евентуално не би преживеало и затоа ги шиткаат толку мали. За да не им пропадне бизнисот.
    Јас би рекла, не земајте кучиња од 30-40 дена.
     
    На kikkki, Elenpelen, x.Daisy.x и 3 други им се допаѓа ова.