Потполно се согласувам со мислењето, кутре на минимум направени 3 месеци е идеално, со примени вакцини кај одгледувач, одбиено од мајка е не истргнато од нејзе како многу што прават за жал. Во периодот на првите вакцини и ревакцини се најранливи малите. Но да се биде упорен сега, редовна терапија, многу се излечиле.
Епа затоа постаро се зема, вака им го тупнуваат неколку дена пред да развие симптоми и чуди се што да му правиш, парите ги собрале.
Mnogu se lutam koga citam vakvi raboti kako od mars da se padnati lugevo. Abe kaj se zima kuce na 1 mesec doma boze boze sudbinata na kuceto ja resavas abe za zivot se raboti uffff niti e vakcinirano nisto.
Грешка си. Јас би рекла никогаш не земајте од лажни/преварантски/такозвани одгледувачници чија главна цел се пари и само пари! Второво кученце си го купив од сериозен одгледувач, кој не сакаше да слушне да ми го предаде пред навршени 3 месеци. Да не кажам и од друг аспект колку сѐ полесно течеше отколку со постарово куче што го земав кога имаше 40 дена. Далеку полошо е да купиш куче од некој што така на оглас се обидува да профитира, ќе наседнев на еден таков од Штип пред неколку години, се испостави дека лаже за педигре, дека кучињата му се со парво итн.
Само од проверена одгледувачница, јас првото куче го земав за да не го фрлат буквално, мешано кутре не е расно некое, на 27 дена старост, исто се намачивме многу ама не губи надеж, ќе се излечи, се намачи и моево ама еве ја бабичка ќе прави 8г, уште игрива ко кутрак мал. Се ќе биде во ред, само не се откажувајте и пратете ред на терапија. Не си знаела а некому е само профит не жива душа. Не се обвинувај.
Јас сум премногу револтирана од фактот што девојката тврдеше дека кучето е здраво и дека има примено вакцина, но тоа не беше точно!! И искрено верувам дека има одледувачници кои стварно се грижат за кучињата ама поголемиот дел гледаат само да ги земат парите и којзнае како ги чуваат таму, ете мене ми се случи втората опција. И сметам дека кучето купено од некои кои чуваат лично дома е подобро. И сакам јавно да кажам дека кучето е земено од Стефани Тасевска од Куманово која тврди дека има легла, а која нејверојатно ги шверцува од Србија (тоа го дознав денес) и сакам да дадам еден апел за претпазливост за секој оној што ќе сака да купи миленик. Стресот, неспаните ноќи, траумите, исчекувањето секое утро да видиш дали ќе се разбуди и мачењето на кученцето во последните 7 дена не му ги посакувам на никој.
Ама ако сте вие претпазливи никој не може да ве излаже. Ти си се согласила да го земеш кучето без потврда за вакцини. Не се верува на збор, ако не дава потврда, не го земаш. Вакцината заштитува од парво, ако го земеш на 3 месеци здраво значи е вакцинирано, ревакцинирано и нема шанси да заболи. А твоето само една вакцина примило или и ревакцина? И плус, нема што да им се прави на кучиња толку малечки, не е можно да се замени мајката никако, поврзаноста што му е потребна на кучето од мајката, никако не може да се надохнади, само за наш кеиф не е во ред да го двоиме кученцето.
Кучето најверојатно било оддвоено од мајката, затоа што како што кажав и погоре тврдеше дека се нејзини, но одбиваше да ги видиме родителите затоа што според лагата што ја кажа таа дека некој и ги украдил претходно кучињата и сега не ги покажувала на никој . И да, изгледа sketchy, но желбата за имање куче во време на корона без никакво дружење речиси цела година беше поголема од тоа таа веднаш да ни го дадеше пасошот, и да ни го дадела веднаш, а не после 2 дена секако нема да бидеш(барем во мојот случај) 100% сигурна дека е вакцинирано, се додека ти лично не си го однесила . Јас направив грешка признавам, но кученцето кое го добив нема да го сменам со ниедно друго. Кучето го земавме на 2 месеци и тогаш кога требаше да ја прими втората вакцина се разболи.
Те разбирам, ама ако ти е за дружење за време на корона, по здруженија има милион бесплатни кученца кои ти ги даваат гарантирано вакцинирани и прочистени. Вака превземаш ризик да изгубиш пари и недај боже кученцето. Ќе знаеш за друг пат, кучето да е вакцинирано и ревакцинирано. И дури да не те лаже, ако е вакцинирано еднаш, а не е ревакцинирано, истото е. Пак има ризик да заболи, затоа постои ревакцина. Знам дека веќе знаеш, ама ете нека стои ова овде пошто 2 слични случаи во неколку дена видовме во темава, да знае да не се излаже и некој друг.
Ако можеш да заприметиш она не е одгледувач, само зема од Србија и препродава. во групите за миленици ја има многу често со нонстоп нови кутриња, а одгледувач вистински ја пари кучката еднаш на година и пол, и нејзини да се ко што тврди не се здрави и мајката и е преморена. Таквите луѓе се штанцери, во Србија секој втор а и кај нас ги има, кучињата живеат во мизерни услови и се само за расплод. Затоа внимателно бирање кутре, кога веќе плаќате, да биде здраво, со примени вакцини и со одгледувач кој што ќе бара слики како е чувано кутрето а и ќе ви рече дека ќе ви го земе назад ако не го чувате соодветно. Како е малото? Како реагираше Стефани кога и кажавте што ви се случува?
Луѓе можно ли е од терапија за грло кучето да има зголемена жед и уринирање? Три дена го боцкаат не знам само што, за воспаление на крајници, кашлаше неколку дена, сега не кашла како предходно цела ноќ, туку само ако ептен се разлае, ама приметив дека пие многу вода, повеќе од предходно и одма оди да моча, ме загрижува тоа.
Најверојатно стероидни лекови прима. Ептен чест сајд ефект е зголемена жед и мокрење. Би се јавила јас на вет само да ти потврди дека може да продолжи со иста терапија и да ти каже дали треба да правиш нешто, ама најчесто само треба да пазиш вода да има достапна колку што сака и тоа е тоа.
Пробав да ѕвонам ама касно е, не се јавува, утре ќе го прашам, не прима веќе терапија само 3 дена беа, вајда ќе му сњ среди деновиве, сепак ќе прашам. Фала ти, малку се исплашив да не има проблем со бубрезите дека стар е 10 год, ама па онака нормално се понаша.
Само тоа ако е симптом мислам не е проблем со бубрези. Со бубрези ќе биде летаргично, нема да јаде и всушност помалку да мокри. Повеќе мократ при уринарни инфекции ама ако е инфекција ќе се лиже многу, ќе моча низ дома нема да може да додржи, може да покажува дека го боли дури моча. Мислам дека може да е од терапијата ако примал стероид, а ги даваат стероидите за воспаленија, ако е тоа ќе му помине, без гајле.
Па не ништо друго немс, всушност и јаде повеќе од обично, не моча дома, мирен си е, си спие ми се радуваше кога дојдов, малце повеќе спие ама па и тоа не е баш чудно кај него. И пред 4 год истото се случуваше кога беше на некоја терапија за воспаление на ушите и анусот, тогаш мислев од инфузијата и гликозата пие вода, ама може било и од терапијата. Ќе видам утре.
Моето маче ми го нема 2 недели, највеќе го немаше 6 дена(лани), а сега 2 недели почнав да се загрижувам мислам дека месец за парење им е ама не знам некако 2 недели е многу да го нема(многу мјаукаше беше неподнослив и мораше надвор од време на време да го пуштам)... Вие што чувате мачор дали така го снемува овој период?
Го прашав ветеринарот ми рече дека не пие вода од лековите, се сомнева да не има дијабетис поради зголемениот апетит, кај нас нема лабораторија за испитување на тие работи, кажете ми во СК каде можам да му направам проверка, преку крв ли се утврдува, за крв има тука лабораторија, ама нема за мокрача.