Го носев сега кај нас правеле крвна слика и биохемиска анализа, ама ми рекоа сабајле оти јаден беше, крвната слика му е одлична, рече дури крводарител може да биде, на ехо му се одлични сите органи, е сега има уште температура па може и затоа да пие вода за да не дехидрира, даде терапија и за тоа и ако нема шеќер, а не престане да пие вода ќе прави дополнителни анализи, инаку рече како за 10 год е супер, дека ептен добро се држи и со заби, очи, коски, нема паразити па да видиме само шеќерот. Сепак фала ако треба пак ќе го носиме кај Диме, сум чула за него.
Јас кога имав мачор еднаш еден месец се немаше вратено дома потоа дојде. Сега имам мачка и неа понекогаш ја снемува, но најчесто се враќа за 1-2 дена.
Зошто не го кастрираш? Нема да бега од дома кај што може да го истепаат за мачка други мачори, да го згази недај боже кола и плус ќе му го продолжиш животот. Немој да ми кажеш дека е греота, бидејќи се погреота милион мачиња што умираат секојдневно надвор од толку парења и некастрирани мачори и нестерилизирани мачки.
Не е греота, мајка му ја чувам уште и ја кастрирав таа многу е мирна само дома си седи викам ајде и него ќе го кастрирам бидејќи гледам не може да се смири овој период ама еве уште го нема...
Кај Диме никако. Некад бил добар, сега неговите вработени само умираат миленици со погрешни дијагнози и закаснети проверки. А и од лично искуство, кај Диме никако, не му го простувам кучето што ми го умре
Не можеш сега дури е во период на парење да го кастрираш, нешто со крвните садови е поврзано, проширени се во тој период. Ќе почекаш да помине. Се надевам ќе е се во ред и ќе се врати за брзо.
Ni jas ne nosam kuce kaj Dime mi go iznakljukaa so antibiotici imase mnogu proliv i kao go lecea od giardia lamblia, a se vospostavi od drug vet deka kucevo mi e intolerantno na hranata sto sum mu ja davala.
Луѓе, мачката моја 5 години е, бремена е и сабајле ја најдов у двор пукана со воздушна пушка, дијаболата ја погодила од вратот и од погоре излегла, има крв и на носот, сега е дома и се леже и се затресува наеднаш.. Кажете ми чаре...
Ветеринар,какво чаре бараш од дома седење, сигурно нешто има оштетено. Мојата улична што ја храниме од мала беше пукна на три места, ја снимаа видоа дека нема ништо оштетено и дадоа антибиотик за инфекција, ги санираа раните и сега е добро веќе и зараснуваат. Одма ја носи.
Дојде ветеринар, и даде антибиотик и витамини, кортико не смее бидејќи е бремена, мислев да не има некок искуство со вакво нешто..
Секако дека не седам така туку дојде ветеринар и стави антибиотик и витамини, и дека е бремена не смее кортикостероиди.. Мислев да не има некој искуство вакво..
Абе луѓе зимаш мачка, ја носиш одма на ветеринар. Како така седите дома и барате алтернатива додека она се мачи стварно не ве разбирам
@Flooora96 Добро си направила штом си повикала ветеринар, но добро би било и да го пријавиш случајот во полиција, затоа што тој што пукал во мачката кога ќе ја види жива најверојатно пак ќе пука.
Има на повеќе места моментално вакви грозни случаи, баш гледав вчера. Многу мртви мачки има. Не знам што се дешава ама пишуваше дека е пријавено. Guess what, no one gives a fuck.
И нашата е бремена, добра е и заразнуваат раните, ако ветеринарот мисли дека ќе биде добро, тогаш ќе биде, веројатно е преплашена сега. Ние ја миевме раната со бетадине и ја прскавме со тој плавиот спреј и џа 4-5 дена почна да и зараснуваат и веќе не ја прскаме. Инаку нашата во стомакот беше пукна, а бремена. Мислам не е наша баш, 4 се улични, мајка со 2 сина, ама сите ги израсна мајка ми и сега во влез седат, сепак ги имаат сите привилегии како домашни, освен што немаме толку средства за да ги стерилизираме сите, само младата ќерка е стерилизирана, а треба и мајката ама она пак бремена остана.